Општи прашања Сакам да си купам рузмариново масло за коса, ме мрзеше да листам по темиве, каде најчесто можам да го најдам и колку чини?
каде има рицинусово масло? барав во многу маркети кај што стојат маслата за коса и нема.Или на друго место им стојат? И во аптека барав ми рекоа дека имаат само апчиња
Ги користам скоро сите: ореово , бадемово, чичкoво, кокосово, маслиново, рицинусово (многу ретко бидејки тешко се одмива)... Сега ке почнам и рузмариново... Секое си има свој начин на кој и помага на косата. Психопат сум за мека, сјајна, долга и здрава коса. Благодарение на овие масла ја постигнав мојата цел, само ми фали да е подолга од тоа што ми е сега (до гради), но како почнав со правење на секакви домачни маски за раст на косата, за кратко време ке ја постигнаам и таа цел.
Najdobro maslo e maslinovo maslo , jas go koristam zaedno so edna zolcka i nekolku kapki limon...dobro e za rast na kosata ...
Јас имам купено од Зегин. Провери си и во нивна аптека. Има различни начини. Еден од нив е да се стави одредено време пред миење на косата. Друг е да се направи маска со мешавина од други работи. Твој избор
Сакам да го нарачам третманот од Авон со арганово масло, па некој да сподели искуство и да ми кажете точно како се нанесува? Колку што прочитав јас на сува коса се става и не се плакне, па да не ја мрси косата?
Oреовото масло се користи за отстранување на првут и рани, против чешање на главата. Бадемово и Чичково масло се за сјај и омекнување на косата. Рицинусово масло е за раст (многу тешко се одмива) Косово масло против расцветување на врвовите и омекнување на косата. Маслиново за сјај и омекнување на косата. Рузмариново за смирување на скалпот и раст. Ги користам сите (најретко маслиново), најмногу го сакам ореово масло. Најчесто 2 пати неделно.
Прекрасно е маслово,нема да зажалиш ако го купиш.Јас го користам извесно време и сум презадоволна. Со оглед на тоа дека имам коса до половина па и подолга морам да ја негувам,посебно врвовите. Се става од маслово на сува коса, значи две-три капки ќе си капнеш на рака, ќе размачкаш и ќе нанесеш на косата ( јас прво ставам на врвовите а после ја поминувам некаде од пола коса надоле). На коренот неставам. Не ја мрси, ја прави многу сјајна, мазна и немаш после мака со разлетување, електрицитет и сл. Ова ти е третман за после миење, или ако ја пеглаш за после пеглање а секако ако сакаш некој подлабок третман на косата ќе си најдеш нешто за пред бањање а ова ќе го ставиш после. Поздрав
Се вратив на чичково масло, го ставам еднаш неделно и веднаш ќе кажам што добро и` прави на мојата коса - и` дава МНОГУ сјај. Лесно се измива подоцна, ставам и малку маска, и на крајот - овој серум за сјај од Авон. Кога ми пристигна прво се изнервирав, видов дека е маслен продукт, а мислев дека е спреј и го баталив, мислејќи дека ќе ми ја мрси косата. Подоцна ставив 2 пати на врвовите - и косата блеска. Чичковото масло во комбинација со овој серум гарантирано ќе ви дадат сјајна коса. За други резултати не гарантирам.
Значи некако како серум ќе му дојде? Јас имам серум на Балеа, ама меракот му го фрлив на ова од толку пофалби, па ќе си го порачам Фала ти
^^ Јас го имам користено ова наводно арганово масло од Авон и можам да кажам дека единствена врска во арганово масло му е тоа што го има напишано на шишенцето.Никаква друга. Ако ти треба серум за коса или силиконски капки,можеби е добро за таа намена.Не е нешто екстра,ама врши работа.Просечен третман за суви врвови,ништо повеќе. А ако сакаш барем малку арганово масло да ставиш на косата,а не ти се даваат многу пари,многу подобра варијанта е ова масло на Алверде.Со цената е тука некаде,а со квалитетот е стопати поблиску до арганово масло.Имам користено и оригинално арганово и оттука можам да кажам дека ова на Алверде барем мириса на арганово и малку личи по конзистенција-поретко е,али ова на Авон блага веза нема.
Отиде возот го нарачав баш прееска Тоа е, а кажи ми ова се става исто на сува коса после миење? Затоа што ако не, т.е ако се става пред миење како другиве масла да си го купам па ќе се шлапам со двете
Не се сеќавам точно на цената,ама мислам оклу 240 денари,или така нешто. А се става на сува коса после миење,исто како и ова од Авон.