^ Јас одамна го користам тоа масло на Алверде на почеток го ставав на полу влажна коса и ја сушев но некако ми ја правеше мрсна косата безживотна иако ставав само две капки,потоа продолжив да го ставам пред миење на косата како маска го држам неколку часа и ефектот е одличен косата е сјајна мека здрава. Сега бргу почнав да користам кокосово масло но ладно цедено оклу 300 денари го купив исто многу добро масло за косата ја прави многу сјајна,мека некако како да ја измазнува едноставно одлично. Пред 4-5 месеци користев сусамово масло исто одлично масло за косата дава сјај ,мекост,испуканите врвови ги санира мислам дека пак некогаш ќе се навратам на ова масло.Кошта околу 300 ден. Од време на време ставам и маслиново со бадемово и малку рицинусово заедно и таа комбинација е добра. Но околу маслата најважно е тоа да биде ладно цедено колку што може поприродно,добри се тие масла ако се наменети и за во исхраната затоа што тие се природни без додатоци на парфеми, конзерванси,парафини,парабени,силикони и сл. И кокосовото и сусамовото и маслиновото масло што ги користев и користам се наменети и за во исхраната и се ладно цедени можеби затоа до сега и најдобар ефект имале врз мојата коса.
Не сум пробала така,иако мене и после миење на полусува не ми ја мрси.Апла сува коса имам,но сепак,може и така да пробам. А инаку,некој од тие што користат рузмариново масло нека стават слика,да видам барем како изгледа за да знам што барам.
маслото се нанесува само на врвовите на косата,зашто самото име ви кажува тоа е масло и логично е да ви ја исмрзи косата.како замена на масло може да се искористат хидратантни креми за раце,за тело или оние млека за тело.го имаат истиот ефект и исто само на врвовите после пеглање,виткање... се користат
Не, јас маслата ги ставам пред миење и на цела коса нанесувам, држам саат-два а кога можам и преспивам со тоа, и после ја мијам косата и не ми ја мрсат воопшто
Дали некоја феминка го има користено кокосовото масло на Бонес да сподели искуство? Некако ефтино ми доаѓа многу, незнам ме двоуми дали помага..
Јас.Го купив ова покрај тоа што е парфимирано,вакво,такво,онакво и не дека не чини,за тие пари колку сакаш,ама не е баш.И дава сјај на косата,ама мене ми ја направи незнам,полошо од претходно.
Мене ми беше дали помага за да не расцветува толку, протув оштетување, ама ако викаш ја направила полоша тогаш верно ќе си се вратам на бадемовото..
Си го најдов постот каде што пишував дека ми се откритие овие масла на Бонес, ама сигурно затоа што не сум ги користела самостојно не сум увидела колку се вештачки, иако за ореовото уште од старт бев скептична што е безбојно. Ама кога ги ставав во фарбата во комбинација со други масла што ги имав како на пример маслиново косата навистина ми беше убава, ама тој што се фарба знае дека треба прво убаво да се исплакне косата додека да падне вишокот боја, па после неколку пати да се шампонира, па на крај маска, и секако дека сум го одмивала маслото за кое вие се жалите дека толку тешко се одмива. Исто и кога сум го ставала во павловичевата, како што рече Лилит, најверојатно се бебешки масла, па не била лоша комбинацијата. Единствено мислам дека кантарионовото е посаглам, ама не ми треба веќе кога сама си го правам . Абе не за џабе кажале дека колку пари, толку музика. Ама освен оваа поговорка важи и еден од економските закони, дека ние овде ги префаливме маслата на Галафарм и Фитофарм, ја зголемивме побарувачката за нив, а тие ги кренаа цените
Ништо ништо отпаѓа мојот план за Бонес.. А инаку има ли кокосово масло на галафарм или фитофарм? Јас не сум видела или стварно нема?
Кокосово масло од тие фирми нема.Но има на Bio life,Biona и на некои други фирми. Јас го имам ова: а ова другото на Биона мислам го има во ДМ
Околу 300 денари се зависи од каде ке купиш.Ми дава сјај на косата и ми ја прави мека јас лично сум задоволна,а дали помага за оштетени испукани врвови или за многу сува коса тоа неможам да кажам затоа што воопшто не ми е сува косата и немам испукани врвови.Инаку кокосовото масло се користи еднаш во неделата или еднаш на две недели затоа што ако се употребува многу често може да има контра ефект да стане косата уште посува.