Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Масла за коса

Дискусија во 'Коса' започната од butterfly33, 4 јули 2012.

  1. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.042
    Допаѓања:
    10.642
    Пол:
    Женски
    Ги има кај нас?
     
  2. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    имам мрсен корен а суви врвови |( какво масло да ставам на врвовите за да ми живнам малце? :worried:
     
  3. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    577
    И сега навистина ореовото масло помага за побрз раст на косата?
    Очајна сум по долга коса, отсекогаш сум сакала. ;(
     
  4. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    231
    дали потемнува косата од ореовото масло??? сакам да пробам ама ми е страв да не има некоја драстична промена па да излезам шарена :^)
     
  5. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.242
    Допаѓања:
    10.404
    Пол:
    Женски
    Рицинусовото масло го потикнува растот на косата.Само масирај го скалпот со него. :)
     
  6. bastet

    bastet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    94
    Најубаво масло е 100% природно кокосово масло од Bio Life, во стаклена тегличка е, 200 мл, го има во Космо а може да се сретне и во некои аптеки. Многу ја лечи косата, значи секакви масла користев, ама ова е чудо, ууф. Сепак се знае, природно си е природно. Ставам еднаш или два пати неделно. За оние што имаат многу сува и оштетена коса е лек! Околу 300 денари е. Навистина е 100% природно затоа што може да се користи и како засладувач, а и за готвење.
    Ви го препорачувам, поздрав. ;)
     
    На MiloMalo и Salome им се допаѓа ова.
  7. smurffi

    smurffi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    денес ги купив и чичковото и ореовото масло на DANAI .. ќе ги пробам и ќе ви кажам какви се резултатите :)

    Едит: Да не знае некој дали оваа фирма има и некои други масла освен кокосово,ореово,чичково ? :?:
     

    Прикачени фајлови:

    • SANY0001.JPG
      SANY0001.JPG
      Големина на фајлот:
      176,5 KB
      Прегледи:
      208
  8. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    по кој дел од косата се нанесуваат маслата (врвовите, коренот) ? :)
     
  9. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Па ако имаш масен скалп,не ставај на коренот,зошто уште толку ќе ти се масти.
    А,ако немаш масен скалп,можеш преку цела коса.
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.994
    Допаѓања:
    81.332
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи дека ако е масен скалпот не треба да се нанесува од маслата на коренот.
    Нанеси си каде сакаш, остави го некој саат да се впие убаво и да делува и после убаво измиј ја косата и шампонирај повеќе пати за темелно да го отстраниш маслото.
    Јас имам мрсна коса, аналогно на тоа и масен скалп, па редовно си правам третмани со маслава и немам забележано никакви нус-појави од типот почесто мрсење на скалпот, па и косата општо.
    Влакното си е поквалитетно, поцврсто, добива свежина и ред други благодети кои ниту еден шампон, маска, регенератор или било кој продукт за коса не може да ги постигне.

    Мајка ми си купила ореово масло од Бонес (ова кое го поставила smurffi) за да си го меша во фарбата за коса. Не е лошо, онака за залажување дека правиш нешто добро за косата, ама ни се чини дека е премногу парфемирано и дефинитивно не може да се мери со маслата на Галафарм.
    Мене ми се убедливо најдобри, секако, додека не пробам нешто подобро од нив, зашто верувам дека има. :wasntme:
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    со кое масло највеке се забрзува растот на косата според вас?? дали маслото и маската за коса се нанесуваат оддеднаш?? :)
     
  12. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    577
    Јас го користам ореовото, ама многу мал период, и сеуште нема некои промени...
     
  13. miley21

    miley21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    44
    може ли некој да ми одговори на прашањата ако знае и сака? :DD
    -Дали би било штетно да се користи ореово масло на 15 години?
    -дали од ореово масло косата потемнува, зашто сакам да ми потемни, бидејќи од сонцето премногу ми се осветли
    -дали ова масло го потикнува растот и колку пари чини?
    -како се нанесува маслото на косата и кај може да се најде?
    фала ви, однапред :))
     
  14. DarkTulip

    DarkTulip Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Не е штетно ниедно од маслата(ореово,чичково и сл).малку потемнува косата,колку поттикнува раст не знам,сепак се нанесува надворешно,нема посебна техника на нанесување,ја ставаш на дланки поминуваш низ коса ја оставаш извесно време и ја измиваш.Зависно од типот на коса сама ќе увидиш колку ти треба и колку време ќе ја оставиш да отстои.Го има скоро во сите поголеми маркети или во апотеки.Поз
     
  15. miley21

    miley21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    44
    малку сум досадна ама ако ќе си прашам пак, дали маслото се нанесува на косата само на врвовите или на коренот или на целата коса? :DD фала ти за одговорот DarkTulip :))
     
  16. DarkTulip

    DarkTulip Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Ако имаш сува коса можеш и на цела,инаку гледај неколку сантиметри од корен.Позз :)
     
  17. miley21

    miley21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    44
    Фала ти уште еднаш за одговорот, деновиве треба да си купам масло и ќе пробам, позз :) :)
     
  18. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.471
    Допаѓања:
    10.904
    Koristam cickovo maslo,za mene e number 1.

    Se izvinuvam na latinicata,pisuvam od mobilen.
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.042
    Допаѓања:
    10.642
    Пол:
    Женски
    И за мене , пред тоа користев маслиново и бадемово немаше некој посебен резултат
    ама чичковово ми ја прави косава како пеглана :inlove: :inlove:
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Summer.Love

    Summer.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    40
    Моментално го користам ореовото масло..задовлна сум ми ја омекнува косата и и дава сјај, ја нанесувам на цела коса, бидејќи мојата коса е многу сува. Понекогаш го оставам маслото да делува повеќе од еден час. Погоре некој прашуваше дали потемнува косата многу- јас имам светло кафеава коса и малку ми потемне ама малку не е којзнае колку, значи промената не е драстична и не ја прави шарена ;) . Инаку шишенцето ми е при крај па сакам да сменам малку, да пробам и со друго масло (убаво било маслата за коса да се менуваат).. би сакала да ми препорачат некое масло за сува коса, и против расцветување на врвовите, дколку има такво, или пак да не го менувам,ова да продолжам да го користам? Совет? :*