^ Маслото го има низ сите поголеми маркети и низ сите дрогерии, парфимерии ... Мислам дека не е со стандардната милилитража која ја имаат маслата на Гала/Фитофарм и е нешто поскапо. Е сега, дали беше 400 или 500 и некој денар не се сеќавам, одамна дискутиравме тука на темава за него, па ако имаш нерви врати се наназад низ постовите и ќе најдеш.
Многу е ефективно,убав мирис,не го купив тука но малку прогуглав и најдов го има во космо...но го има тоа со црвеното капаче за обоена и оштетена коса 554ден...ако го има овој за обоена коса најверојатно ќе го има и овој што го користам јас...
Моментално користам маслиново масло,бидејќи косата ми е во катастрофална состојба од што ми е многу оштетена,па единствено само маслата колку толку ми ја регенерираат. Многу често го комбинирам со мед и едно изматено јајце и така ја држам косата околу два часа,а потоа ја мијам со благ шампон.
Еден совет од мене во врска со маслава.. Значи, кое и да го користите, бадемово, маслиново.. држете го колку можете повеќе, ќе видите дека ќе има многу подобар ефект одколку ако го држите само 1 саат. Е сега ако немате време ништо, но ако можете, направете го тоа. Некаде прочитав дека не било убаво за косата така, ама мислам дека не е точно, затоа што јас од кога почнав да го практикувам тоа, косата ми е поздрава од било кога и поубаво ми се обликува и поубав сјај ми има. Иначе јас сосема случајно го задржав маслото за коса долго време, обично навечер нанесувам и сабајлето ја мијам, и тогаш ја имав истата намера, арно ама сабајлето кога станав имав 39 температура неможев да мрднам а не да мијам коса и затоа фино лепо маслото ми остана на коса до другиот ден, и плус така отидов на лекар , е кога ја измив бев мека, сјајна незнам како да ви опишам.. од тогаш тој метод и ептен сум задоволна. Еве сега баш се бањав, а предходно имав маслиново масло на мене, нанесено вчера накај 19 часот и ја измив и испеглав сега.. Што да ви кажам, прекраснотии, плус фризерката кога се шишав ми кажа дека косава ми е многу здрава за разлика од пред година-година ипол.. Се испофалив малце, ама сериозно многу сум среќна и сакав да споделам со вас да пробате
Многу долго време си користам рицинусово масло и сум задоволна многу арно ама ми се потроши и секогаш кога сум низ град заборавам да си купам ново шишенце...дома видов сум имала кантарионово масло па се прашувам дали можам од него да ставам на косата чисто за промена или тоа не се става на коса???
Го купувам од кај фризерот иначе е 100 мл - 1000 денари ама вреди за секоја пара. Така да сигурно по фризерскиве салони можеш да го најдеш
Јас почнав да го користам маслото на Бекутан врз база на природни растителни масла: масло од соја, сончогледово масло, масло од семки од грозје и маслиново масло. Екстрактите од овие масла богати се со масни киселини - ОМЕГА 3 и ОМЕГА 6. Покрај масните киселини, содржи и витамин Е, витамин А и витамин Ц. Ко за прв пат употреба косава ми е баш сјајна, дури повеќе од маслата на галафарм, па ќе видам како ќе се покаже со тек на време. Цена 148 ден. за 150ml.
Читам тука по форумов дека користите како масло за коса,и маслата на бекутан што се. Е сега мене прашањево ми е... може ова да се користи? И ако мене не ми е многу за верување пошто сигурна сум дека косата катастрофално ќе се измрси.. Фала ви однапред ?