А кое масло е за сува, виткана коса? Затоа што јас колку што знам, маслата ја прават косата "тешка'', па потоа косата не се витка, туку повеќе личи на разлетан, неоформена...
Не ја прави косата тешка, напротив - штом потоа полесно се обликува, далеку е од тешка ситуацијата. Маслото се одмива, така да, не би рекла дека се точни муабетите со нескротлива и никаква коса. Нема ваква класификација - масло за сува, масло за нормална и уште каква не коса, било какво масло е добро за косата и секое си има некои бенефиции - некое го чисти првутот, помага со себорејата, друго спречува опаѓање, но во главно сите даваат мекост и сјај и се навистина доби за општата ситуација со косата. Толку многу години користам масла, ниту еднаш не сум имала проблем со обликување на косата, а ете мајка ми има виткана коса и тоа не е пречка да не ѝ се обликуваат локните, дури и кога ја суши косата со фен.
Чичковото масло го испофаливте на крај јас си го купив хахаха Сега ставив па ќе видиме што ќе биде резултатот, ставив на сува коса и чекам да помине 1 час така пишува на пакувањето па ќе ја измијам. Морам да ви кажам многу убаво мириса, ми замириса цела соба.
Денес го купив масленото средство. Откако прочитав неколку позитивни коментари во врска со него.. привлечно ми делуваше и го земав. Во 15 часот го ставив на косата..сега ќе ја мијам и многу ме интересира какви ќе се резултатите. Едит: Уште што не ставив на оваа моја коса...
Aко користете маслиново масло, ова масло од Кам ви е многу поекономично одколку тие на Галафарм Фитофарм кој се околу 80-90 ден. за 50 милилитри. Ова чини 160-170 ден. за 1 литар! Јас го ставам на коса и на лице и одлично е. Следно ќе пробам со мед да го ставам на косата. Неможев да најдам слика од истото масло, но маслото се вика Santorina Olive Pomace Oil грчко е. Спојлер http://img.21food.com/20110609/product/1306721584495.jpg Во ваква форма на пакување е За побрзо да ви порасне косата правете блага масажа додека го нанесувате маслото на скалпот.
И јас сакам да си купам кокосово во тегличка. Читав дека многу било добро за косата, да не цветаат краевите, а и за побрз раст. Само како го нанесуваш? Да се растопи и на мокра или сува коса? Повеќе имам читано дека го нанесуваат на мокра.
на сува коса го нанесувам, го оставам колку што можам, минимум пола саат и после ја мијам косата стандардно, две шампонирања и регенератор.
^^ Мајка ми ми го зема од Зегин а за точна цена незнам, околу 200-250 денари. Се исплати пошто малку ќе ти биде доволно за врвотите на косата да ги намачкаш, башка 2 пати во месецот јас ставам на пример, така да има за 4-5 месеци и поише ако не. Само да знаеш одвратно мириса, ама па многу е добро
Од ова масло косата не ми се мрси толку или така ми се чини , инаку за ова малку користење сум задоволна, ќе видиме врвовите дали на месец ќе цветаат, јас го платив во Зегин 360 ден
Пак јас на темава. 4-5 пати до сега си ставав од бадемовото масло на врвовите. Да не звучам смешно, и да не ми се смеете, ама пак да си прашам Можно ли е кај мене да има контра-ефект? Врвовите никогаш не ми биле посуви, сега забележав и дека ми се распукани, а пред 2 недели се шишав. Што знам, зошто вака ми се прави косата? А ете и ставам масло, не ја пеглам воопшто, ниту пак ја сушам со фен.
Чичково е најдобро за коса според мене, како и ореово, кокосово, маслиново...ама бадемово јас го користам за тело. Да не е до шампонот што го користиш ?!? Очигледно не ти одговара на косата и замени го со чичково
Јас го користам кокосовото масло веќе подолго време и ептен ми одговара на косата. Не го ставам повеќе од 2 пати неделно. Го ставам на цела коса и супер е. Го ставам околу 3-4 часа убаво да продре во влакното. Сега планирам нешто друго да пробам, се мислам за ореово масло.. Какви искуства имате со тоа масло ?
Долго користев и чичково и ореово и никаков ефект немаше, сега почнав со рицинусово да се мачкам , па ќе видиме викаат е добро за оштетена коса и го потикнува растот
Јас користам кокосово масло и супер е ја омекнува косата се тоа ама кога ќе ми се исуши ми е некако наелектризирана и надувана. Првин мислев до четка е до начинот на чешлање, но кога не ставам од маслото не ми се дува косата. Е сега знаете ли некое масло кое не ја дува косата?
Некои коментари за аргановото масло... што го форсираат толку, стварно ли е толку добро за косата, лични искуства... Гледам и доста скапичко е, околу 20мл 1000 денари.
Jaс немам искуство со аргановово, ама сум пробала сите останати, од бонес ефтини до скапи во стаклени шишиња и само ќе ви кажам според мене делуваат толку психолошки на психата откако ќе го ставиш дека има некое којзнае какво подоброување, а устварни тоа е тоа, нема ништо преку ноќ или волшебно да ја направи косата да блешти или сите расцветани влакна да ти ги залепи си супер лепак. Ако си при пари пробај го, али не верувам дека драстично ќе направи некоја разлика, како што никое од нив не прави драстично разлика, посебно ан мрсна коса константно ставање масла, косата веќе следниот ден ми беше ко немиена. Ефектине по рекламине и списанијана, не се од продуктите, туку од добриот фотошоп, и ништо друго.