Според мене една нијанса подобро од кокосовото, да речам две-три од маслиново, рицинусово, ореово... Имав прилика да го користам и тестирам и мојот конечен одговор е дека не е исплатлива инвестиција воопшто, особено со густа и (веќе) долга коса ко мојата. Не сум ни посебно воодушевена од кокосовото. Најпрост пример она што арагановото ќе го направи после 4-5 третмани, го имаш со 6-7 со кокосово и 10тина со другите. Се согласувам со Хипстер, маслава и не даваат некоја вчодоневидувачка нега на коса ако не се внимава и на другите препрати и најбитното третирањето со топлина. Јас редовно користам маслиново, ми одговара, значи има подобрување, не ми е толку „вознемирена“ и дехидрирана косата (освен одма после миење) има сјај и не ми е расцветана иако не ми е шишана цела година. + Најефтино ми е, ми носат од Грчка ефтино ладно цедено по некоја преефтина цена за 5 литри. Со оглед на тоа што за еден третман ми се потребни 200-300 милилитри масло, со другиве (галафарм, Фитофарм), еден третман ме чини ко некоја солидна маска која ќе ми трае можеби еден цел месец. Користам и бадемово и рицинусово, овие поише ги мачкам на скалпот, бидејќи имам многу сува кожа на телото и скалпот ми е сув па на овој начин ја негувам кожата на главата а на остатокот мачкам маслиново некогаш и микс од повеќе. Е сега мене косава фен и пегла не ми видела од последниот пат на фризер (кога се шишав!), најдов начини да ја средувам и без да ја горам. Избегнувам често да ја чешлам за да не ја кинам. Престанав да користам маска и јаки шампони. Слободно можам да кажам дека мометално одвојувам најмалку пари за нега на косата, во последниве 9 години (тогаш почнав да се фарбам) а косава никогаш не ми била во подобро стање. Освен што очајно ми треба шишање (предолго одложувам), али и тоа ќе го средам деновиве. И покрај толку тинтрење, а јас жива среќна што конечно ја опраив, мојата коса не издржа и реши да се регенерира баш сега. Значи цело лето особено август и септември очајнички многу ми паѓаше, незнам како али се воздржав од купување скапи шампони и упорно си го користев Бекутанот. Помислив дека ми е од него и го земав најефтиниот за превенција на опаѓање Афродита со лук (1литар-120-30 денари), ја џитнав маската и продолжив само со шампонот еве веќе два и повеќе месеци. Искрено, јас поише бебешки влакна у живот не сум имала, косава уште ми паѓа, али кога ќе ја залижам одма ми се прчат мали антени кои се нови влакна кои раснат ко луди. Си се расприкажав јас, да не ја утнав малку темава?
Вака сега,пошто до сега не сум ставала никаво масло на косата..незнам сега што и како треба дали да го ставам на сува коса,да одстои колку што можам и после да го измијам или?Сакам да пробам со маслиново масло и дали само на врвовите да го ставам?
Маслото се става на сува коса, се остава да одстои околу еден час, па се измива со шампон. Јас сум користела чичково и кокосово масло до сега и нанесувам по целата должина од коренот до врвовите. Чичковото малку потешко се измива
Колку пати е пишувано, и пак истоо прашање: како да го ставам маслото ? Е, како може да се стави ??? Се мачка на цела коса, се втрива во коренот, се масира убаво, и се распоредува низ целата должина. Потоа си ја фаќате со стегач, штипка, и седите така барем половина час, а што повеќе тоа поубаво. На крај ја шампонирате пообилно, за убаво да се исчисти маслото. Не е некоја логика, толку лесно е. На секоја втора страна истото прашање.
Му се мислам на маслово,да си го купам или не.Не е скапо 150 мл за околу 450 ден. Ако го користел некој нека ми каже збор два
Последна мешавина од масла направив вака: 3 супени лажици маслиново масло 1 кафена лажица кокосова масло 5 капки лавандини масло пола филџан топла вода (за да се разреди, бидејќи косата не ми е многу сува) ептен малку шампон, за се да се измеша Ова го ставив во шишенце со распрскувач ( ) и убаво протресов. Си прснав на косата откако ја измив и исушив и мноОоОгу сум задоволна.
Чичково масло се става на целата коса,или само на краевите? Прв пат го купувам,и незнам баш како да го употребам
Јас користам арганово масло и сум преееемногу задоволна. Имав нормална здрава и сјајна коса додека не се одлучив да станам плава одкога ја постигнав целта, не можев да си ја гледам косата од што ми беше оштетена од блаш фарби и често шатирање. Со маски колку толку личеше на нешто, но не беше пак како порано, а ги пробав сите маски сто ги знаев. Арганот го купив со другарка, 30 мл е 1000 ден, си делевме по пола така да не ни дојде многу скапо, ама се става многу малку на полусува коса и има оргомна разлика! Го препорачувам на сите што имате проблеми со сува и оштетена коса
Исто е и со чичковото, нема ништо различно. И не знам што се мислите толку, ко којзнае што да правите. Ако не сакате да мачкате на корените, потопете ги врвовите, нека отстојат некое време и убаво измијте. Натинг спешл.
Ова е точно и јас ако го држам маслото на коса два дена, (максимум толку издржав ме нервира мрсна коса не ја поднасам) ми ја прави многу по мека одколку само да преспијам со маслото. На косата и треба време да апсорбира од маслото.
Јас користам бадемово масло,го нанесувам на скалпот и по должина на влакното навечер и утредента ја мијам косата.Овој третман го правам еднаш неделно иако немам сува коса. Маслата ја одржуваат хидратантноста на косата и даваат здрав изглед и сјај.
Сигурно знаете,но јас сега започнав со негување на косата,да не се лигавам директно да преминам на главното,колку чини бадемово,рицинусово,ореово,чичково масло,кокосово и pузмариново масло?
Околу 100 денари во Зегин е чичковото масло.. за другите пред некое време гледав во ДМ, сите беа под 100 денари исто така. Јас користам кокосово масло еднаш месечно некаде и дава убави резултати.. косата не се плтека кога ја пеглам (врвовите). Исто така, користев и чичково масло и бев задоволна. На една моја блиска другарка и препорачав чичково масло, таа предходно имаше тенка коса, слабо растеше. После некое време на користење на маслото косата и се опорави, сега и е супер, сјајна и здрава. Како што напишаа пред мене, убаво е да се држи маслото што е можно подолго, потоа косата е толку мека, пријатна, блеска..
Kај претходните мислења прочитав дека има и во Kосмо 51 ден.,но ме интересира колку маслаа можат одеднаш да се ставаат бидејки планирам да ги купам сите
^ Маслото го има низ сите поголеми маркети и низ сите дрогерии, парфимерии ... Мислам дека не е со стандардната милилитража која ја имаат маслата на Гала/Фитофарм и е нешто поскапо. Е сега, дали беше 400 или 500 и некој денар не се сеќавам :/
Направив листа на масла кои имаат ефект врз косата: ^ОРЕОВО МАСЛО -го негува влакното на сува и оштетена коса. Косата добива сјај, мекост и се спречува појавата на пукање (цветање) на влакната. ^МАСЛИНОВО МАСЛО -jа негува сувата и оштетена коса. ^ЧИЧКОВО МАСЛО -yспешно спречува и отстранува првут, го спречува опаѓањето на косата, го зајакнува влакното, давајќи и сјај, волумен и виталност на косата. ^БАДЕМОВО МАСЛО Бадемовото масло го храни и негува влакното на сува и оштетена коса. Косата добива сјај, мекост и се спречува појавата на пукање (расцветување) на влакната. Ја храни и негува сувата и чувствителна кожа на лицето и вратот. ^РИЦИНУСОВО МАСЛО За мека и сјајна коса: се нанесува на косата и се остава да стои 1 час, а потоа се мие со благ шампон. ^И секако за нанесувањето на маслата,не е ништо комплицирано: За нега на косата, се нанесува на косата и кожата на главата со благо масирање и се остава да стои 1 час. Што повеќе,толку е подобро. Потоа се мие со благ шампон.
Епа вака,доколку имаш сува и оштетена коса,распукани врвови земи го ореово бидејќи е наменето за тоа,а и двете масла се наменети и за сјај и мекост така да тука нема да имаш дилема. A пак доколку имаш првут,често ти паѓа косата и сакаш да си го зајакнеш влакното земи си чичково. Tие се за различна намена,така да и двете си имаат посебни предности и маани,односно сакам да кажам одредена функција и си ја вршат Не разбрав што сакаш да постигнеш,но ми се чини дека ги сметаш за исти
Го има ли некој користено на Шварцкоф marula oil се вика, од онаа BC линијата за професионална нега. Пишува дека е за сува и оштетена коса со тенко влакно, а има и со арганово за густа и нескротилива коса. Околу 1000 денари е, ама што се нема да напраи жена за својата коса Нека ме просветли некој ппред да лупнам пари. https://www.pandorabeauty.com/Schwarzkopf-BC-Bonacure-Oil-Miracle-Light-Finishing-Treatment-34-oz