Прочитав на една страна кокосовото масло ја исправало косата.. Се нанесувало на влажна коса и требало само да ја исчешлаш и да ја исушиш. Може некој ако има испробано да ми каже дали е точно за да не купувам и кокосово масло сега..
Маслиновото е над бадемовото. А, ако ставиш кантарионово, знај дека може да ти блеска косата потоа на црвеникаво, зошто маслата знаат да обојуваат. А, кантарионовото е најубаво за кожа, не за коса. Нема никакво средство кое би ја исправило косата. Може само да ја скроти, ама не и да ја исправи како пегла. Иначе јас едно време ставав кокосово масло (тоа од тегла исклучиво, она другото нема врска од кокосово масло) наместо спреј или силиконски капки, и навистина косата ми беше многу здрава и убава.
Чичково, кокосово, рицинусово масло. Со нежно масирање на коренот и врвовите половина час пред да а измиете косата. Два-три пати во неделата е доволно.
Јас го користам пред миење. Го држам минимум еден час, понекогаш и повеќе (ако сум дома и немам обврски). А, наместо силиконски капки или спрејови,го ставам после миење (но не секогаш, туку кога ќе осетам дека и треба повеќе нега), ставам на дланките многу малку, го тријам меѓу дланки и ја мазнам косата да и дадам малку влага-масло, значи не ставам некоја количина на косата, туку малку масленост (зошто иначе многу брзо се мрси). Не знам дали ме сфати на што мислев. И додека силиконските капки се скапи и сепак со хемикалии внатре, на овој начин користено кокосовото масло е преубаво. Од сите масла кои ги имам користено, кокосовото дефинитивно најмалку ја мрси косата.
Користам масла од бадем,кокос,орев,и маслиново масло нема поубав третман за коса од масото а сепак е природно и ефтино што е и најважно
Jас мешам чичково,кокосово и ореово масло и има многу добар ефект!косата ми станува помека и отприлика расте побргу колку што гледам последниве недели.Инаку јас ставам и исцеден сок од лимон и мед,со маслата исто.Пред да ја пробам маскава гледав на youtube,медот има добар ефект и скоро на сите видеа го имаше.Всушност ги користам за побрз раст на косата,а потоа користам и брезов шампон за раст на коса од Ilirija,а некогаш и еден од Palmolive од маслиново масло или пак оној од кромид на Afrodita.Дефинитивно сите помагаат и имаат голем ефект и ви ги препорачувам
Кокосово 1 час пред миење, го држам и повеќе, но ретко , сега за сега добри се резултатите, некако помека ми ја прави косата и како побрзо да ми расти периодов.
јас во ова додавам и две жолчки и многу малку белка (ради протеинот) и не го користам ореовото масло, само чичково и кокосово
и ме интересира, дали некој знае каде да најдам од тоа кокосово масло во тегличка и масло од авокадо?
Се мислам кое масло да си го земам прв пат да испробам бидејќи сеа дознав за нив..упс Најдов во еден маркет на галафарм мислам дека беа,имам светла коса,ја пеглам еднаш-двапати неделно(по потреба и повеќе),ми треба некое за подобро и полесно да ми се пегла косата и за да ми се обнови(многу ми е сува,крута и изгорена ) Предлог девојки?? бадемово,ореово,чичково,рицинусово,маслиново?? ПОМОШШШШ!!!
Општи прашања за коса Ти го препорачувам бадемовото масло кое го храни, омекнува и штити влакното на сувата и оштетена коса. Со редовна употреба на маслото косата го враќа изгубениот сјај, омекнува, станува поцврста и поотпорна на кршење.
Кокосово во Зегин (во др аптеки има сигурно ) и во Биокулт така мислам се вика продавницата за здрава храна во Гтц.
a kako se koristat maslava devojki? prv pat kupiv kokosovo maslo i go staviv na korenot ama koga ja isusiv kosata bev uzasno mrsna i pak ja miev :/ imam suva kosa i malku sakam da ja obnovam
^ Ја изми косата откако го стави маслото? Некогаш треба убаво, длабински да се измие, јас некогаш и по 3 пати шампон ставам. Откако ќе втриеш од маслото на корените, остави да ти отстои околу пола саат, па после убаво измиј ја косата.
Татко ми го зел на попуст пред некое време маслиновото во стаклено шише од КАМ santorina extra virgin olive oil, неможам да најдам слика од него. Мене косата ми е како да ја опишам си имам од сите типови на коса, коренот ми е нормален до мрсен, понатака до пола од должината ми е нормална , а другата половина ми е сува. Со ова масло ми живна косата. Спас за сува коса. Ми ја прави многу мека и екстра сјајна косата. Впечатокот е wow е ова е вистинско масло, сега сваќам дека сум се залажувала дека нешто правам со маслата на Галафарм и Фитофарм, врска си немаат, далеку се од вистински масла. Неспоредлив е ефектот на косата и плус многу поекономично. На попуст мислам дека е 200 ден, а редовна цена 266 ден за 750ml. Мене ми мириса ко на мимоза салата и има горчлив вкус што сезнајкото Гугл вика дека тоа се одлики за вистинско маслиново масло. Кокосовото масло од Биокулт ми е љубов, прекрасно е. Ми се допаѓа што не е густо, тешко масло, а е ептен ефектно. Од сите масла што сум ги пробала, кокосовото е единствено што во секунда кога доаѓа во допир со косата одма ми ја омекнува и негува, може дека е едно од ретките масла ако не и едино масло кое навлегува во внатрешноста на влакното и го негува од внатре. Од него понекогаш ставам и после миење на косата додека е мокра. Прекрасно мириса. Цена 360 ден за 200ml.
Мајка ми ми го донесе кокосовото масло од Биокулт ама сеуште не сум почнала да го употребувам пошто не знам како.Најчесто го ставаш пред да ја миеш косата,колку време оставаш да ти стои? И дали тогаш кога го ставаш после миење од корен ставаш?Не ти ја мрси косата?
^^^ Го ставам пред миење на сува коса, сите масла така ги ставам. Ја мачкам цела коса од скалпот до врвовите ја фаќам во пунџа и ставам капа за туширање, во последниов период го ставам навечер па со него преспивам и сабајле ја мијам косата, ако можеш така уште поубаво е, ако не најмалце да ти седи 1 час, ако неможеш повеќе. Било кое масло да ставам досега не ми ја мрси косата, се измиваат без проблем со две шемпонирања стандардно. А после миење ставам од ушите надоле повеќе на врвовите, значи тогаш никако на корен. Е сега дека ова кокосовово не е во течна состојба за да не зимаш парчиња и да го топиш во рацето па да се заборавиш дур се намачкаш со масло, јас правам вака: зимам свекниќ со оние малите округли свеќичи еден мал сад и лажица. Зимам со лажицата мала количина и го топам на свеќата. Мене ми се доволни две големи лажици дека ми е средна должина косата. Кога ставаш на миена коса нема потреба од ова зимаш ептен малку, ќе протриеш со рацете и помини низ косата.
Аја, да не се мачиш вака, земи со фен малку подувај во тегличката и веднаш ќе стане течно . Мене кокосовото масло најмногу ми се допаѓа не само поради ефектот што го дава, туку и поради тоа што не ми се растекува по лицето како другите масла, туку се стврднува и не мрда од косата.