Си купив денес кокосово уље, на ДОКТОР’С, кажете ми начин како да го користам? прочитав да го нанесам на коренот и да ја завиткам косата со ќеса.. тоа на сува или мокра коса треба? и после 30 мин да ја измијам со шампон .. ? јас на мокра коса нанесов и после 5 мин одма ја исплакнав и бев ептен мрсна кога се сушев и повторно ја миев :/ ..
^^ Маслата се нанесуваат на сува коса. Јас обично не ставам ќеси, пешкири и што и да е. Го нанесувам на сува коса по целата должина, го оставам најдолго што можам, но минимум 40-тина мин. После тоа нормално си ја мијам косата, 2 пати шампон и малку регенератор. Кога не користам масла ставам маска. Гледам и двете да не ги користам заедно пошто сметам дека е премногу. Маслото доволно ти е 1 неделно да го ставаш.
^^^ Lolanomnom jас го купив од Зегин, а го имаш и во Биокулт всушност и нивно е. И во ДМ имаш само не ова туку од друга фирма.
Не е штетно,напротив корисно е и за косата и за кожата. Особено ако е ладно цедено,тоа обично за салати се користи.
За овој производ имам само пофални зборови. Го користев порано и сега почнав пак. За сите типови на коса, е сега ми зборуваа дека било само за оние кои имаат кадрици. Нема врска тоа. Јас ставам на влажна коса после миење и сум задоволна. Прекрасен е.
Бидна ставив, ми стоеше саат и петнаесет минути, сега ја измив косата, и супер ми е. Од сега вакво ќе си ставам Фала ти
Ако имате проблем со одмивањето на маслото , прво ставете шампон па потоа вода . Прочитав некаде дека така подобро се вади и навистина пробав некни и без проблем ми се изми косата без остатоци од маслото за разлика од порано кога ми требаа 2-3 шампонирања .
Кој масла според вас се поквалитетни , оние на Афродита, или на Фитогал ?! Не ја знам разликата... а разликаата во цената е голема . Фала на одговорите
Јас сум приметила дека доколку го држам маслото пократко време на костата потешко ми се мие, и ми треба неколку пати да ставам шампон. А доколку ми стои повеќе од саат си се мие со две шампонирања.
Користев чичково, ок беше, но ништо посебно. Сега користам маслиново и ефектот е каде каде подобар.Значи маслиново прекарасно делува на оштетена коса, ми ја прави мека, сјајна, лесно се расчешлува косата, а најбитно ми изгледа поздраво отколку без негова употреба.Го користам два пати неделно, а го држам кога како, некогаш пола сат, некогаш сат...зависи. Во план сум да го пробам и бадемовото.
Iskreno da vi kazam sto se odnesuva do maslata sum eksperimentirala so site vidovi i nema vrska koj e podobar koj ne ,kaj mene licno site mi se ok ,posleden pat imam koristeno maslo od kamilica za telo sto e go ostaviv na kosata edno 30min i posle ja izmiv so sampon ,kosata mi bese fenomenalna site masla se dobri ,cak i bebeskite masla za telo ,nisto nemoze da i nasteti na kosata samo eden mal sovet " koga ke stavate maslo na kosata , probajte prvo zemete vo nesto izmesajte soda bikarbona so voda i isplaknete vrz korenot ,ova deluva mnogu ubavo za odmrsuvanje na korenot i cistenje na kozata na glavata i za pobrz rast na kosarta, pa posle normlano visokot maslo izmijte go so samponiranje na kosata)

Порано пред да се мијам еден ден вечерта пред спиење ставав масло и преспивав со него. Утрото се миев и косата ми беше феноменална. Али сега некако баталив , немам време за ништо... Кај можам да најдам масла? Порано си купував во маркетиве али сега гледам дека нема ни во Тинекс ни во продавничкиве. Исчезнаа или се продаваат на посебни места само?