1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Масла за коса

Дискусија во 'Коса' започната од butterfly33, 4 јули 2012.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.904
    Допаѓања:
    81.171
    Пол:
    Женски
    ^ Сигурно некој „од горе“ нè читал овде низ темите како ги фалиме маслата На Гала/Фитофарм, па ајде „марка“ као демек, Лореал, Шварцкопф, тинтири-минтири - А! У! :D
    Се шалам. :rofl:
    Некако мрсна цената на маслото или „маслото“, како ќе му дојде. Јас искрено не би го ни пробала, ниту пак би го препорачала, овие нашиве ми се незаменливи.
    Па колку и да мирисаат убаво, шо знам, некако преценети ми се во однос на квалитетот кој можеби и не го нудат. :wasntme:
     
    На butterfly33 и simoncelicius им се допаѓа ова.
  2. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    А што велите за маслово за коса во новиот каталог на авон? Баш и незнам од што беше, т.е. не му го знам баш правилнот збор, под јазикот ми се мотка. Се надевам ме разбравте :)
     
  3. Tearful

    Tearful Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    72

    Јас си го порачав, иначе е серум за коса со мароканско масло од арган ако не се лажам :D .Сеуште не ми е стасано па ке ве известам за квалитетот :) :)
     
  4. smurffi

    smurffi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Го користам бадемовото масло еднаш во неделата и навистина ми помага и ми ја прави косата поубава.
     
  5. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Koлку пари е тоа маслото од Авон и колку милилитри? Ми кочи каталогот и не можам цена да видам, а ме интересира :D
     
  6. aaleksaandraa

    aaleksaandraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    34
    Прееска си ставив маслиново масло ама само на долните делови од косата, не на коренот , и двапати ја исплакнав со сапунот што си го користам за првут ама пак ми остана како мрсна. Почнав да ја сушам и се гледа како мрснотии и ајт одново миење ама сеа си ставив и малку јаболков оцет растворен со вода и и направив дупли третман на мојава коса.
    Мајка ми се смее, ми вика таман имаш масло и оцет уште краставичка фали и таман салата ќе ти праиме на главата. :D :D :D :D

    Еее заборавив да ви кажам дека од маслиновово првпат ставам ама ептен ми е мека сега косата во споредба со тоа што имам многу круто , остро влакно
     
  7. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    девојќи јас веќе го имам серумот и можам да ви кажам дека е преубав многу сум задоволна косата мие многу помека од предходно и е 240 ден
     
  8. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Може некоја да ми објасне како се користат маслава? :tmi:
    Колку време треба да стојат на косата, дали треба постојано масирање, дали после нив треба миење со благ шампон итн ..

    Имам светла коса, па како што сфатив треба да земам чичково масло.
    Ама сепак јас како љубител на кокосот, сакам да си знам - дали се препорачува за светла коса?

    Имате моја огромна благодарност. :bow:
     
  9. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Маслото го ставам на сува коса, го нанесувам рамномерно и седам така час-два. Некои го загреваат со фен,ама јас лично сметам дека тоа е многу штетно за косата. Затоа што буквално ја пржи косата.

    Откако ќе помине тој час, темелно ја мијам косата, како вообичаено и ставам шампон. Евентуално и маска.
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Еве јас што најдов, за тоа како се нанесуваат маслава:

     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Melory

    Melory Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    2
    Kako sto te razbrav ne si i ti zadovolna od markite kako i jas za drugite neznam ali Loreal e samo edno ubavo ime i golema tocka. Zboruvam od iskustvo. ;)
     
  12. Tearful

    Tearful Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    72
    [/quote]

    ми стаса серумот.Го пробав , малце мириса слично како зелените капки од авон и убаво е ми се допагја и не ми ја мрси косата.Јас го начекав за некои 180 денари а сега во новата брошура е 240 :) и е 30 мл
     
  13. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Јас си купив кокосово масло пред некое време од Бонес Фарм, и го користам секое бањање, по следеча поступка:
    Ќе ставам убаво од коренот до врвовите пред да се избањам и чекам така едно пола саат/саат, после си се бањам нормално.
    Маслово е милина, ем преубаво мириса, ем косава не ми се мрси до следното бањање, ем врвовиве од ептен расцветани почнаа да се оправаат малце по малце, ич да не се двоумите да го купите, ви го препорачувам, а многу е ефтино, 38 денари во Тедико.
    Во план ми се и ореовото и бадемовото да ги земам, прво ова да го потрошам.
     
  14. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
  15. sweety-m

    sweety-m Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    52
    Јас си купив чичково масло од Галафарм, е сега на него пиши да се употребува после секое миење на косата, на влажна коса, е сега јас тука прочитав дека можи и како третман да се користи, т.е. да се стави еден час да стои на косата пред миење, па муабетот ми беше колку пати неделно треба на тој начин (пред миење) да се става, на 3 дена, еднаш неделно, како?? ај ќе ве замолам вие така што го користите, пишете :)
     
  16. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    ^
    Јас сите масла ги користам на сува коса, 1-2 часа пред капење нанесувам и ја врзувам косата во пунџа. Потоа нормално си ја мијам косата со шампон. Јас го користам на една недела, мислам дека на 3 дена е многу, косата можи да се презасити :)
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Прво го купував бадемовото масло на Галафарм, а сега последен пат го земав на Фитофарм.
    Приметив дека тоа на Фитофарм мириса баш како бадем, а маслата на Галафарм мене сите исто ми мирисаат :?: Чичково, бадемово, ореово... сите имаат ист мирис. Што значи не се баш природни.

    Еднаш неделно го масирам скалпот со бадемово масло, а ставам и на врвовите.
    Го оставам да отстои 1 час и потоа темелно го плакнам.
    Во однос на цветањето на врвовите немам приметено дали помага, бидејќи редовно ја кратам косата. Ама како да и дава густина.
     
  18. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Морав да се самоцитирам. :)

    На одмор сосема случајно си најдов масло од гроздови семки и тоа за козметичка намена баш.Леле како сум се израдувала ко небаре којзнае што сум нашла,не ни забележувам дека некој вака :^) ме гледа.Си го купив и сусамовото масло,а го порачав и овој серумов од авон со арганово масло.Значи добра сум,уште од макадамија некако да најдев и совршена ќе бев. :) Али не значи дека нема понатаму да најдам,некогаш..во идно неодредено време...

    Но,првин треба да ги потрошам овие коксовово и чичковово,да ги прошлакам нареднава недела и тек тогаш стартувам со новиов арсенал масла за коса.
     
  19. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Јас користам рицинусово и мислам дека ако не е од тоа што ја шишав, тогаш тоа што ми расти косата многу побрзо за разлика од претходно е благодарение на рицинусовото масло..
     
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Уште кога го видов го мислам па сега го купив [​IMG].

    Го купив тоа за фарбана коса, после прилично долго мислење ама како што прочитав исто пишуваше на декларацијата, па бидејќи ми е фарбана косата, сепак сметам дека тоа повеќе ќе ми одговара.

    Цената е 545 денари.
    Сега ќе го испробам, читам пишува дека се користи или на мокра коса пред сушење, или на сува пред чешлање, а може да се користи и пред сончање.
    Инаку ставив малку на прстот, мириса преубаво...
    Не е многу густо, дури можам да кажам и дека е течно, очекував да е погусто, како силиконските капки што ги имав од истата фирма.

    Ќе ве информирам дополнително дали има ефект од него или џабе сум си ги дала парите :D
     
    На renata77 му/ѝ се допаѓа ова.