8,6 или 8,9 долари, не ми текнува точно, ама маслото е прекрасно. Многу е густо, мрсно со темно жолта боја. На коса не сум го пробала уште, ама синоќа пред спиење си ставив на лицето и навистина е доволно 1-2 капки оти е мрсно. Само што е мало 10мл, ама ова беше за проба оти не бев порачувала вака досега. Тоа од биокулт колку е и како си задоволна?
Да ве прашам, кога ставате кокосово/рицинусово/чичково масло, дали го ставате и на коренот или само на врвовите? Јас каде и да го ставам, ми требаат три дена целосно да го измијам од косава Не е дека не ја мијам добро, понекогаш и три пати ќе ја поминам со шампон и не излегува
Кога ставам рицинусово или чичково ги нанесувам само на коренот, стои 1 час и потоа ја мијам косата, со 2 пати нанесување шампон излегува маслото. Кокосово кога користам го нанесувам на врвовите, исто убаво се мие. Досега не сум имала проблем со маслата, било кое да го користам.
Рицинусовото масло уствари секое масло за коса треба да се чува најмалку 5 часа.. иако пишува на пакувањава по 1 час, на коренот му е потребно толку време само да упие и ништо не сте постигнале. За разлика од тоа што ако го чувате што е можно повеќе косата е посјајна и побрзо расте ( пошто природно си расте косата најдобро од било кое масло). Мене ми се случило да чувам масло и по 10 часа што не е на одмет. Нормално не е штетно затоа што е на природна база, а не на хемикалии.
Купив ореово, незнаем како ќе биде дека се фарбам плава да не ми прави бељи нешто,ама ќе видиме се надевам добар барем ефект ќе има косата од бланшот и од фарбите многу ми е измачена летово
Јас имам слушнато дека оревовото масло е подобро за кафена и црна коса, а за плава заборавив кое беше. Сепак не би требало да ти направи нешто штетно, сигурно нема бојата да ти ја смени ама штознам наводно ја истакнувала бојата на кафената коса... Лично го немам пробано.
Чичково масло за русокосите, убаво запаметила Мимс за ореовото и бадемовото. Feminium, ако си плавуша подобро избегнувај ги овие или барем не ги ставај на корените. И јас кај мене забележав темен сјај пред некоја година кога континуирано ставав ореово масло. Јас не сум фарбана, ама не би ризикувала.
ете а се мислев баш меѓу чичингово и ореово ама ајде де , ништо ќе го користам пред фарбање па за нареден пат ќе си знам фала ви женски за инфорации
Абе луѓе мене кокосовово маслово ми стана маст Го купив пред месец - два, го ставив во вецето кај што ми стои козметиката , ама имам приметено дека ја смени агрегатната состојба. Кај вас се дешава тоа или јас правам нешто погрешно? Или па ја менува агрегатната состојба на повисока температура од другите масла (зашто не е до толку ладно)???????
Природното кокосовото масло има точка на топење од 24°C. Затоа е во цврста форма. Нанеси го потребното количество на рацете и на тој начин ќе се стопи.
Јас си го користам и вака ама ме зачуди да не му имам напраено нешто штом стана маст место масло. Барав на нет ама неможев да најдам. Ти благодарам за информацијата
Девојки каде да барам масло до авокадо? И дали некаде во Скопје сте сретнале вакво масло? И општо од кои масла сте позадоволни? оние на Галафарм или фитофарм? Досега си купував маслиново масло, ама од оние во шишиња, што се користат и за јадење. Ем беа поисплатливи ем беше точно назначен составот. Имав користено едно време од оние на Галафарм, ама од фитофарм немам пробано. Баш си гледав сега од една блогерка видео, девојкава има баш густи и долги трепки, и убави веѓи, и имаше дадено рецепт за серум за растење на веѓите и трепките па баш сакам да го испробам. Вака според тие резултати што она ги постигнала баш ми изгледа дека ќе ми е од помош
Јас имам видено во Био Култ во ГТЦ, за здрава храна што е продавницата, тоа е за јадење ама сигурно може да послужи и за коса и за тело исто како кокосовото за се што го користиме
Јас на iherb.com сретнав масло од авокадо по поволна цена , а и од добра фирма , па планирам да си го нарачам. http://www.iherb.com/Now-Foods-Solutions-Avocado-Oil-4-fl-oz-118-ml/899#p=1&oos=1&disc=0&lc=en-US&w=now avocado oil&rc=1318&sr=null&ic=1 Додека сум тука , сретнав и рицинусово масло кое многу се исплаќа да го нарачаш од ајхерб , бидејќи кај нас јас за 50 мл плаќав 100 денари ,а ова на ајхерб е скоро пола литар за 300 и некој денар.Good deal http://www.iherb.com/Now-Foods-Solutions-Castor-Oil-16-fl-oz-473-ml/897#p=1&oos=1&disc=0&lc=en-US&w=now foods castor oil&rc=586&sr=null&ic=2 Напнав со ајхербов , ама стварно има многу убави работи по поволна цена.
Еве јас од овде порачав маска за коса и тој чешелот од макадамија а еве го и маслото http://www.lookfantastic.com/macadamia-healing-oil-treatment-30ml/10790477.html
Не , може да ги има по некоја парфимерија или некое фризерско студио , ама може и поскапи да ги продаваат,затоа и ти го пратив линкот