Открив нова тактика за користење на маслава ... Еднаш до два пати неделно навечер ставам маслиново масло ( вие можете и комбинација од други масла како бадемово, рицинусово ) на 2/3 од косата и малце маска за оштетена коса од l'occitane. Ставам најлонска капа и така спијам ...следниот ден ја мијам косата. Ова го практикувам скоро 2 месеца и верувајте има надеж за мојава коса
Јас си ставам маслиново масло бидејќи тоа стално го имам дома а и најекономично ми е со оглед на тоа дека имам многу густа коса и долга до задникот. Ставам отприлика од ушите надолу, врзувам пунџа и седам така најмалку 2/3 часа и после се мијам. Задоволна сум како ми ја мазни косата, ми ја прави мека и убава.
Од сите видови масла што досега сум ги користела (а не се малку) најзадоволна сум од кокосовото. Косата ја прави мека, сјајна, дава волумен, лесно се расчешлува- немам зборови за бенефитите од него. Еден период немав купено и веднаш осетив разлика во квалитетот на косата. Пред некој ден ми текна пак да купам, синоќа ставив и така преспав, сабајле ја измив косата и веднаш се гледа разлика од претходно. Јас го користам ова моментално е на акција- 254 денари во Зегин. Има и пакување од 100мл, тоа е сега околу 150-160 денари (не можам да најдам слика од него). Го имам претходно купувано и помалото, па сега си претурив од тегличето во него, затоа што попрактично ми е за нанесување. Ви го препорачувам.
@sesilija колку пати во неделата го употебуваш? Јас го имам истото и еднаш неделно (некогаш и заборавам) го користам и не сум забележала некоја посебна промена. Косата ми е прилично здрава, само кај темето имам еден прамен кој константно ми е сув и ништо не го оправа и по него приметувам кој производ каков ефект има.
Го употребувам еднаш до два пати неделно. Можеби кај тебе не се приметува толку промена ако не ти е фарбана косата, мојата е фарбана, па веќе кога доаѓа период повторно да ја фарбам е никаква, сува, се заплеткува, нема сјај. Денес не беше така, мека е, свети, лесно ја расчешлав. Друго си мислам, можеби малку ставаш од маслото, јас баш приметив вчера сум потрошила 50мл, ставам онака баш убаво, исто како да се фарбам, прво на коренот па по целата должина на косата, ја масирам исто како кога ја шампонирам, и ставам капа за туширање. Гледам да го држам што е можно подолго, па најчесто преспивам со него, и немам проблем затоа што капата не се изместува како обична ќеса. Плус, нели, ова масло на температура под 25 степени се стврднува, така што не се разлева по целото лице и вратот како другите масла. И да потече, тоа е минимално. Летото ептен редовно го користев и дури можам да кажам дека и ми се згусна косата, ептен ми беше убава од него. Плус многу лесно се одмива, колку и да ставам, после миење никогаш не е масна косата, што не било случај со другите масла што сум ги користела.
Можеби малце смешно прашање, но дали го загревате кокосовото масло од тегличка или дирекно само го нанесувате?
Дефинитивно најдобро нешто што сум ставила на косата. Користам различни масла ( рицинусово, бадемово, маслиново, чичково) за коренот и врвовите пред миење на косата, а ова го ставам на полусува коса и потоа по чешлање на сува од ушите надолу поминувам со прстите намрсени. Маслото е прекрасно, густо, мрсно и преубаво мириса, и дава сјај на косата, мекост.
Мајка ми купи АРГАНОВО МАСЛО на ikarov.Го земавме вчера,али во Банско. беше 8.60 lv.Служело за потхранување на косата.и лицето..
Чичковото масло е добро за поттик на раст на косата, го отстранува првутот и ја прави косата мека и сјајна. Бадемовото масло е добро за оштетена коса и за распукани врвови. Рицинусовото е добро за раст на косата, ама мене некако многу јако ми мириса и има погуста конзистенција од другите масла. Маслиновото масло е добро за сува коса. Ако ви е мрсна косата нанесувајте го само на врвотите. Се уште не сум пробала кокосово и арганово.
Ме интересира на која фирма ви се маслата? Конкретно за бадемовото и рицинусовото масло ме интересира, зашто во Зегин кога проверив дали ги имаат видов дека се или на Галафарм или на Фитофарм друга фирма немаат а не загледав на нив дали се 100% природни како например кокосовото масло на Биолајф или на Биокулт. И друго каде да најдам peppermint oil (масло од нане)?
Девојки, знаете ли дали и каде може да се купи масло од амарант во Скопје? И цената која му е, бидејќи гледам на амазон, прилично е поскапо од другиве масла.