Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Масла за коса

Дискусија во 'Коса' започната од butterfly33, 4 јули 2012.

  1. mirandaa

    mirandaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    24.750
    Пол:
    Женски
    Овие две масла ги користам понекогаш за косата,најизменично.Кокосовото и за др.намени исто така.Презадоволна сум од двата.И убаво мирисаат.
    Немам оштетена коса,но понекогаш сакам да ставам да не ми биде разлетана косата и да биде помека.Јас најчесто ги користам после миење на косата,кога ќе ја исушам,на врвовите малце.
    Screenshot_2015-01-15-10-44-36-1.png Screenshot_2015-01-15-10-46-41-1.png (y)(y)
     
    На SnowWhite8, BabyyBoo и papillonP им се допаѓа ова.
  2. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Си ставив чичково масло, па ќе ја мијам после косата. Порано го користев, бев задоволна од него.
     
  3. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Верувале или не косата односно темето на главата го произведува најдоброто масло за вашата коса, кое се само што ќе ја регенерира, туку и ќе ја зацрвсти косата. Од сите овие глупости ќе имате само куп влакна на чешелот, а згора не се и сакапо ќе платите за тоа. Природата се си створила, само овие што продаваат разни хемикалии заради нивна заработка ви влегуваат во мозокот со агресивни кампањи дека ви се неопходни, а всушност само ви штетат.
     
  4. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Ако мислиш на маслата за коса, токму овие од сликите погоре се 100% природни и можат да се употребуваат и во исхраната.
    Инаку, потполно се согласувам со тебе за природните масла. Само понекогаш тие не се доволни и нема начин тие масла да стигнат до завршетоците/врвовите на косата. Затоа се користат овие масла како алтернативи кои се далеку подобри од други хемикалии.
    И за кампањите се согласувам, но колку и да се точни, има исклучоци. Маслото не е производ кој го произведува исклучително една компанија и не се работи за производ кој е единствен на пазарот за компаниите да имаат некој посебен профит од тоа. Има и многу кои се задоволни и тоа не од некоја марка туку од производот како таков.
     
  5. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Сум користела повеќе масла: ореово, кокосово и чичиково. Она што кај мене го постигнуваат маслата е сјај на косата. Е сега не ги користам баш најредовно од причина пшто долга е постапката: треба да нанесеш 4-5 саати прет да ја измиеш косата и во меѓувреме да не одиш никаде зошто си никаква со мрсната коса, врзана си да седиш дома или па треба да планираш: вечер ќе си ставам пред спиење за утре сабајле да си ја измијам косата и мн пати заборавав да ставам, а некогаш и можев.
     
  6. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549
    Одвреме навреме користам природно кокосово масло онаа од Зегин,а некогаш и онаа од Планет Спа маслиново масло.И од двете сум задоволна,но не ги користам често.Инаку онаа кокосовото го ставам на цела коса и останав да стои цела вечер,додека онаа маслиновото е како третман се става на врвовите,стои некои 5-10 минути и се мие,исто како маска за коса ќе му дојде нешто.Еве ги [​IMG] [​IMG]
     
    На Elence93 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Маслиновото не се мие се користи исто како и она од арганово масло од авон.
     
  8. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас сум голем љубител на масла за коса, ги користам секогаш како третмани (топли или ладни) или пак на врвовите како замена за силиконски капки кои не ги поднесувам.
    Маслата кои ги имам коиристено се:
    1. кокосово, дефинитивни моето омилено масло, има прекрасен мирис и фантастично дејство врз косата. Го користам како третман на целата коса. Го нанесувам на навлажнета коса (и на коренот) малку масирам, ставам кеса над неа печкир и загревам 2 до 5 мин. со фен. Го држам најмалку два саати или пак некогаш и преку ноќ. После убаво ја мијам косата со квалитетен шампон. Резултатите се зачудувачки. Или пак го користам како серум за врвови, нанесувам ептен мала количина на рацете ја загревам со триење на рацете и ја нанесувам на врвовите
    2. арган како третман за цела коса а сум го пробала и на врвовите од косата
    3. јојоба на врвовите или како третман на цела коса
    4. ленено семе како третман на цела коса
    5. макадамија дава фантастичен сјај на косата. Го користам како третман на цела коса
    6. чичково како третман на цела коса
    7. рицинусово како третман на цела коса
    8. маслиново масло како третман на цела коса
    Многу често правам микс од повеќе масла во кој додавам и есенцијални масла. Моите омилени есенцијални масла се: лаванда (ја обожавам) има прекрасен мирис и антибактериско дејство, розмарин кој е одличен за коса затоа што ја подобрува циркулација на темето на главата и на некој начин помага при растењето на косата и лимон затоа што дава фантастичен сјај на косата.
     
    На Freyja, rainbowec и mims-89 им се допаѓа ова.
  9. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Користи ли некој масло од рицинус? Јас купив едно масло од рицинус поодамна и сега видов дека му истекува рокот во март па решив да го ставам на коса. Едвај го ставив многу е густо и пола коса си ја искубав додека го ставав не ми се допаѓа. Како го ставате вие?
     
  10. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.974
    Допаѓања:
    10.204
    Гледам дека си доста запознаена со работиве и дека се трудиш да користиш што повалитетни, а природни производи, па би сакала ако можеш да ми препорачаш некоја фирма на есенцијални масла и да споделиш инфо од каде ги набавуваш.
    Од интернет секогаш се наоѓа, ама сакам да знам во Скопје каква опција би имала.
     
  11. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво во Италија купував секогаш од марката примавера која за среќа случајно ја најдов во продавницата за органска храна на биокулт во гтц на 2 спрат. Тие се 100 посто чисти масла. Видов масла и во една аптека ама на самото масло пишуваше освежувач за простории па би ти советувала да не ги користиш на лице затоа што обично (барем во Италија) ги мешаат и не се баш чисти додека оние за козметичка употреба мора да се чисти. Исто така дознав дека се продаваат и во ла сој во веро, прашав и ми рекоа дека се чисти затоа што тие самите ги користат во нивните коаметички производи. Деновиве сакам да отидам и до билните аптеки видов една во гтц на приземје наспроти чао кафичот за да проверам дали продаваат. А би требало со оглед на тоа што е билна аптека и имаат хомеопатски препарати. Штом проверам ќе ти пишам. Поздрав
    п.с.етеричните масла можеш да ги користиш за се, феноменални се, јас дури правам и природни средства за чистење на станот. Нема подобро.
     
    На Mishela, AnimalLover, rainbowec и 2 други им се допаѓа ова.
  12. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.471
    Допаѓања:
    10.904
    Најзадоволна од кокосовото масло од Зегин, мислам дека косата ми се препороди, со оглед на тоа колку ја малтретирам хемиски и термички.
     
  13. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.956
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    Девојкии користев бадемово масло преезадоволна сум од него, па решив да сменам да земам рицинусово (како и плус демек од тоа повеке растела косата) Кога го ставив, ко тесто сум ставила на главата,м прееегусто, косата почнав да си ја кубам, прстите ми се заплеткаа од маслото. Кај сите е така или јас незнам да го ставам или маслото не е во ред ?
     
  14. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    8.013
    Пол:
    Женски
    рицинусовото масло е густо и затоа ти се плеткале прстите, не си можела убаво да го намачкаш. Јас него го користам само на коренот, но секогаш го мешам со бадемово или чичково да се разреди малку и многу полесно се нанесува.
     
  15. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.956
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    Значи можам истовремено да ставам и бадемово на косата или во рицинусовото да ставам капки од бадемово ?
     
  16. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    8.013
    Пол:
    Женски
    Јас ставам една мала лажичка рицинусово масло и пола лажичка бадемово и ги мешам, така нанесувам.
     
  17. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Го купив и јас тоа, па да те замолам да и кажеш како го употребуваш на цела коса или само на врвовите? Дали пред да ја миеш, кога ја миеш или пред да ја сушиш? :)
     
  18. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.778
    Допаѓања:
    53.159
    Пол:
    Женски
    isto i mene toa me interesira,preeska go kupiv kokosovoto a kako se koristi ? :))
     
  19. Anshu

    Anshu Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    34
    Немам големо искуство со овие масла за коса, па сакам да прашам за мислење. Имам густа коса со мрсни корени и суви врвови и нема никаков сјај. По тоа што прочитав, има доста задоволни од кокосовото масло. Дали тоа би одговарало за мојата коса, а ако не, кое би ми го препорачале?
     
  20. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво кокосовото масло се користи на два начини како маска и како серум за врвови.Како маска се користи на навлажнета коса (никако на сува) се нанесува на цела коса (доколку станува збор за сува коса) се масира малку коренот за циркулација, се нанесува пластична кеса а врз не апешкир и се загрева 2 мин.со фен. Маската се остава да делува најмалку саат време а може и повеќе. Јас ја оставам преку ноќ. Како серум за оптетени врвови се нанесува ептен мала количина на влажни врвови пред фенирањето или пак на сува коса на врвовите наместо силиконски капки (немојте на двата начи ни одеднаш за да не се измасти косата)
    За anshu од она што го разбрав ти имаш масна коса така? Доколку е така масло не се препорачува за масна коса меѓутоа со оглед на тоа што имаш многу суви врвови би ти препорачала да го користиш само на врвовите никако на коренот. Кокосовото масло е иделно затоа шо не масти многу и лесно се впива. Може да го користиш како серум за врвови. Други масла кои би ти одговарале се јојоба и арган. Избери сама. Пробај неколку вида и сама одлучи што најмногу ти одговара.
     
    На Anshu му/ѝ се допаѓа ова.