Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Масла за коса

Дискусија во 'Коса' започната од butterfly33, 4 јули 2012.

  1. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Јас вчера пробав со кокосовото масло, го стоплив малку, го нанесов на влажна коса само на врвовите, го оставив да поседи некои 10 минути и потоа добро исплакнав. Не би го ставала на цела коса, со оглед на тоа дека косата брзо ми се масти. Така да, мислам дека одвреме навреме вака како серум би било одлично и стварно врвовите се помеки и имаат сјај. :)
     
    На crazylady, Biodevojka и Anshu им се допаѓа ова.
  2. Anshu

    Anshu Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    34
    Здраво :)
    Благодарам за објаснувањето. Можеш да ми кажеш на која фирма да земам масло од јојоба или арган, доколку имаш искуство со истите?
     
  3. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво најдобар совет е да земеш чисто масло значи ако сакаш арган единствена состојка треба да биде арганот- ботаничко име argania spinosa oil или јојоба Simmondsia chinensis Oil (евентуално може и токоферол, односно витамин Е). Ако одиш на пример во биокулт или биона таму има многу масла кои се и за внатрешна употреба што е знак плус дека се чисти. Јас лично тие што ги имам користено ги нема овде затоа што ги носев од Италија ама ги видов оние во биокулт и биона и со сигурност ти тврдам дека се чисти а згора на се и органски. Денес треба да поминам за да си земам нешто па ако сакаш ќе ја видам убаво марката и ќе ти пишам (доколку не се брзаш со купувањето). Поздрав
     
    На Anshu му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tori1

    Tori1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    95
    20150309_183607.jpg
    Дали можам ова да го користам за косата? :$
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.043
    Допаѓања:
    10.646
    Пол:
    Женски
    Да , да . :) И за лице и тело може да го користиш.
     
  6. Tori1

    Tori1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    95
    Суперр. Фалаа тии :*
     
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Апсолутно да. Ова е најчистото масло, не само за коса туку ти препорачувам и за лице па дури и како серум за трепки навечер. За коса земи една две лажици (во зависност од должината на твојата коса), загреј го на пареа да се растопи и нанеси го на влажна коса (никако сува) стави кеса а врз неа пешкир загреј уште малце со фен (2-3 мин) и остави така да делува најмалку саат време. Мпжеш да го користиш и како серум за врвови, наместо силиконски капки, земи ептен мала количина и загреј ја меѓу раце и нанеси ја на врвовите на косата. Многу ќе го подобриш квалитетот на косата. Во зависност од тоа колку ти е сува косата ти препорачувам маска на секои 10 до 15 дена (јас најискрено си правам еднаш неделно). Ти види според потребите на твојата коса. Поздрав
     
    На Katina007, Tori1 и rainbowec им се допаѓа ова.
  8. Tori1

    Tori1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    95
    Супер, на девојката во аптеката и реков друг ама она овој ми го дала па викам да си прашам зошто прв пат купувам. Фала ти многу. :*
     
  9. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    No problem. Ова е 100% органско, чисто и ладно цедено масло, подобро амин! Вака треба да изгледа едно добро кокосово масло (без разлика на марката нели). Најдобро е ако е органско. За сите кои купуваат или сакаат да купат кокосово масло, уште еднаш ќе повторам (иако веќе имам кажано 100 пати) дека под 20 степени преминува во цврста форма така да не се лажете со производите на кои пишува 100% чисто кокосово масло а се во течна форма во зима, тоа не е возможно.
    Драга Тори доколку се одлучиш да го користиш и за кожа нанеси го на благо навлажнета кожа од тоникот, ептен мала количина загреј ја меѓу прсти и премачкај го лицето. Ова масло има навистина 1001 употреба може да го користиш за депилација, во чај против болно грло (јас еве пред недела дена имав воспалено грло и многу кашлав, за три дена конзумирање чаеви со малку кокосово масло, ја излечив кашлицата, ова ви го кажувам од прва рака. Пиев две шољи чај со малку масло нешто помалку од пола мала лажичка, не повеќе за да не се претера), потоа може да го користиш како природен стик против потење, за коса.........
    да не пишувам цел реферат ако те интересира што се може да направиш со него еве ти линк од една статија во која кажав како јас го употребувам најчесто. Се надевам ќе ти биде од корист. Поздрав http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/k.html
     
    На AnimalLover, Tori1 и FridaKahlo им се допаѓа ова.
  10. Tori1

    Tori1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    95
    Супер, фала мила на одговорите.
     
  11. Tori1

    Tori1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    95
    Вчера ставив на лицето и убаво мирисаше но после пола саат да речеме некако чудно ми мирисаше и го избришав. Зошто така ? :$
     
  12. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Tori1 во комбинација со маслата од кожата, ако отстои повеќе време на неа резултира со чуден мирис. Не е премногу препорачливо да се користи за кожата на лицето особено ако веќе имаш мрсна кожа (нема да навлегувам за причини бидејќи е различна тема), но е одличен како замена за крема за околу очи.
     
    На Tori1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Јас најискрено никогаш сум немала ваква појава, чудно. Го имам користено навистина многу, секој ден во замена за дневна крема престанав пред 10 дена затоа што моментално ја земав кремата со роза од хаушка, сакав да сменам малку. Иначе како што ти објаснив го нанесував на навлажнета кожа, доволна е многу мала количина загреана помеѓу рацете. Мојата кожа веднаш ја упиваше, ама знам дека секоја кожа е различна. Можеби кај тебе реагира различно. Можно е на почеток да ти прави вака ама обиди се да ја користиш барем една недела за да увидиш каков ефект ќе има, доколку сакаш секако. Одлучи сама. Чудно ми е што велиш дека си го избришала, мене после 15 мин. веќе ми го апсорбирало лицето. Јас имам комбинирана кожа и воопшто не ми ја масти, а башка и многу ја штити кожата од ладното. Ова е лично мое искуство, секако сите имаме различна кожа, и јас секогаш велам да пробаме различни нешта со цел да сфатиме што е она што најмногу ни прилега. Поздрав и пиши што си одлучила-направила.
     
    На Tori1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tori1

    Tori1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    95
    Ајде ќе ја користам една недела па ќе видиме. Јас првин си помислив дека ја чисти кожата па може затоа али ќе видам па ако не друго ќе купам сепак фала ти.
     
  15. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Во која смисла ја чисти кожата? Може да се употребува и како отстранувач на шминка ако мислиш на тоа. Треба само да го доведеш во течна состојба (стопи го на пареа) и со памукче отстрани ја шминката. Доколку мислиш на методот за чистење на лицето со масло, тоа е нешто друго. Тоа е процес преку кој нечистотијата и маснотијата од лицето се отстранува со миење на лицето со масло(а). Не знам на што мислиш точно.
     
  16. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга Аншу и извини што доцнам малку со одговорот. Арганово масло имаш 100% чисто, ладно цедено и органско од марката биокосмос (поранешна биона) цената му е 390 ден мислам дека беше 50мл. Масло од Јојоба 100% ладно цедено и органско ќе најдеш во биокулт. Марката не ми текнува а баш денес го видов, нешто беше со биотикс во зборот. Како и да е само тоа е едно единствено органско нема да утнеш. Поздрав и извини уште еднаш за доцниот одговор.
     
  17. Tori1

    Tori1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    95
    Па за тоа второто али како и да е сега за сега само за коса ќе го користам. Фала ти за сите одговори позз.
     
  18. Модо

    Модо Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    Зошто не на сува коса? Јас сите масла (бадемово, маслиново и кокосово) ги ставав на сува коса особено ако треба повеќе од саат време да стојат.
     
  19. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, маслата за коса кои се користат како третман се нанесуваат секогаш на навлажнета коса затоа што ако ги нанесеш на сува, тие продираат длабоко во влакното и се врзуваат со маслата природно присутни во нашата коса. Откако ќе ја измиеш косата со шампон, маслото кое си го нанела со себе го врзало природното масло од косата и си го носи со себе и како резултат може да имаш уште посува коса, која изгледа сува затоа што нема природни масла. Доколку го нанесеш на благо навлажнета коса, водата создава еден вид на бариера и маслото кое си го нанела не продира длабоко во влакното туку делува на на површината. Тои и на површината ја негува косата, само што не успева да се врзе со природните масла во косата поради влажната коса, а знаеме дека вода и масло не се мешаат. Кога ќе ја измиеш косата со шампон, ќе го измиеш само маслото кое си го нанела без да ги извлечеш природните масла во самото влакно. За ова говорев повеќе во статијата за масла за коса еве ти линк, доколку сакаш повеќе да прочиташ http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/giveaway.html.
    Се надевам ти помогнав
    Поздрав
     
    На Katina007, Модо и cooll им се допаѓа ова.
  20. kitty.m

    kitty.m Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.906
    Пол:
    Женски
    незнаев каде да го поставам прашањево па пишувам тука... 20150318_153646.jpg го купив ова кокосово масло (од зегин , дата до 2018) и очекував да мириса на кокос а ова мириса благо речено одвратно... нека ме просветли некој дали така треба да мириса или моево нешто не е во ред :/