Чичковото масло одлично ја зајакнува косата и ја прави мека. Како третман маслата за коса секогаш се нанесуваат на навлажнета коса никако на сува. Ако го нанесете на сува маслото продира длабоко во влакното и се врзува со мастите природно присутни во нашата коса. По одмивањето тоа со себе ги носи тие природни масла и наместо сјајна и убава коса може да добиеме комплетно спротивен ефект односно сува коса. На навлажнета коса маслото делува само на надворешниот слој од влакното без да навлезе длабоко во него затоа што водата служи како еден вид на бариера и го штити. Косата по измивањето ќе ви биде мека, сјајна и лесно ќе ја обликувате. Третманот за коса се држи најмалку саат време а може да го оставите да делува и цела вечер. Поздрав
Значи нема подобро масло од чичково. Ставив пред некој ден на косата и одма се приметуваше ефект. Од сега ќе го користам редовно и плус има многу убав мирис. Јас го купив од ДМ и ефтино е.
Како го користите кокосовото масло? Јас земав едно од DM ама незнам како да го употребам...само на врвовите или на цела коса?
Како третман за коса се нанесува на навлажнета коса пред шампонирање на цела коса и се остава најмалку саат време а најмногу преку ноќ. Убаво е да направиш и блага масажа на темето на главата. Се измива убаво. Како серум за врвови се нанесува на веќе измиена коса само на врвовите пред сушење на косата или пак на веќе сува коса ептен мала количина само на врвовите за да ја освежиш. Поздрав
Баш денес зедов кокосово масло од Зегин, но пред тоа гледав разни видеа и очекував тврдо да биди, а тоа течно.. малце се разочарав а и се накапив на блузата кога нанесував, али ајде. Пред пола саат ја намачкав косава, и сега кај 11 ќе ја измијам, па да видам резултат.
На високи температири преминува во течна состојба додека кога е поладно се стврднува. Доколку сакаш во тврда состојба чувај го во фрижидер. Се надевам дека го стави на благо навлажнета коса. Доколку не, за другпат нанеси го на благо навлажнета коса и остави го да отстои најмалку саат време. Баш сум нетрпелива да слушнам како ти се допаѓа, ама знај со честа употреба ќе ја препородиш косата и ќе видиш фантастични резултати. Поздрав.
Потполно се согласувам со твоево мислење, еве јас досега само 2 пати сум го ставила и гледам големи и преубави резултати.
Jas neznam dali pravilno i dovolno go koristam kokosovoto maslo no dosega imam staveno na mokra kosa 3/4 pati (ednas vo nedelata) i nemam nikakov rezultat Inace go zemav od DM vo zolto sisence e i koga ke nanesam edvaj ja isplaknuvam kosata
И јас пробав со тоа масло баш ама немав резултати, па по совет од феминкиве го купив тоа што го има во зегин 200 мл за 300 ден, што е органски ладно цедено екстра вирџин, е од тоа имам резултати.
Лелее одамна не ми била косава вака убава, живна конечно. Додека ми беше сува ја намачкав, ама фала, ќе си знам за следен пат. Инаку првично го купив маслово бидејќи косава ептен ми паѓа месециве, а на интернет читав дека помагало. Дај боже да се врати во нормала.
Јупиииии колку сум среќна. Следен пат стави го на благо навлажнета коса затоа што на тој начин со одмивањето нема да ги ти извлече природните масла од косата кои му се потребни на влакното. Водата е еден вид на бариера, а косата пак ќе ти биде сјајна и убава. Инаку помага во растењето на косата, доволно е кога ќе го нанесеш да направиш блага масажа на темето. Јас гарантирам лично за маслово, спас е за сѐ, кожа, коса, трепки, за вадење на шминка...буквално за сѐ. Ако си земала ладно цедено масло кое е и за внатрешна употреба, слободно конзумирај една лажичка дневно во кафе или чај, затоа што го забрзува метаболизмот и се верува дека помага при слабеење, а и екстремно е здраво. Не го познавам маслово за кое зборуваш, ама ти препорачувам екстра ладно цедено кокосово масло. Само тоа делува. Другите видови на масла се мешавина (кој знае со што) и може да немаат резултати. Поздрав
А јас да прашам дали има врска ако кокосовото масло од цврста состојба премине во течна? Дали ги губи својствата и придобивките? Денес го купив од аптека, 249 денари.
@shining_star нема ништо да му се смени во составот, а постојано ќе на менува структурата во зависност од температурата. Само мислам дека не треба да се чува во фрижидер.
Имаш повеќе видови арганово масло, 100% чисто каде единствена состојка е арганот или пак мешавина со некое друго масло. Од оние 100% чисти би ги издвоила на прво место на биокосмос 390 денари за 50 мл. и она на институт органика (го открив скоро) некаде околу 800 денари ако не се лажам (не ми текнува дали беше 50 или 100 мл). Потоа имаш 100% чисти меѓутоа со додаден цитрусен мирис како на пример оливал 785 денари и арга околу 900 или 1000 денари. Имаш и мешавина со екстракти од рузмарин и други масла како она на ерболарио кое чини околу 1300 денари горе доле не се сеќавам баш точно. Имаш и арганово масло на биопланет ама е за внатрешна употреба и не е ладно цедено туку тостирано. Поздрав Како што веќе ти одгворија нема никаков проблем. Во земјите каде го користат и за готвење, ова масло може да се доведе и до температура од 177°C (на примр за пржење на храната). Над ова веќе почнува да прави алтерации во квалитетот, вкусот, бојата и мирисот и креира токсични состојки. Поздрав. п.с. и јас го земав ова масло пред извесно време затоа што сакав да го пробам и малку да сменам (досега користев само од биокосмос). Многу ми се допаѓа, а освен за коса и лице обавезно конзумирам по една лажичка дневно во чај. Доколку сакаш да го користиш како серум (на веќе измиена и сува коса) за да го спречиш сушењето на косата и испуканите врвови (доколку ги имаш само ножици помагаат во спротивно може да се спречи), во тој случај пробај кокосово, арган или јојоба кои не се многу масни. Доколку сакаш третман пред шампонирање, одлични се бадемово, макадамија, кокос, маслиново, рицинусово...во суштина сите масла горе доле. Поздрав
Арганово има во космо од 850 и 950 ден отприлика. 50 мл. планирам да си купам некако скапичко... бај д веј од кокосово ни мене не ми е нешто косата различна...убаво ми е го јадам но за друго ништо посебно.