Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Масла за коса

Дискусија во 'Коса' започната од butterfly33, 4 јули 2012.

  1. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво за лице јас го користев едноставно мачкајки го на лицето наместо крема или пак може да го комбинираш со некое друго масло и да додадеш етерично масло. Со оглед на тоа што јас го користев ладно време (во цврста состојба) го користев чисто многу мала количина на убаво исчистено благо навлажнето лице (за побрзо да се впие). Е сега, многумина велат дека е комедогено, меѓутоа од лично искуство (барем кај мене) имаше спротивен ефект и убаво ми го исчисти лицето, а и ми ја заштити кожата од ладното. Потоа може да го користиш како пилин за лице во комбинација со кокосово брашно доколку имаш многу чувствителна кожа. Барем јас го користам на овие начини. Поздрав
     
    На lavinija28 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Shmizzla

    Shmizzla Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    21
    И јас ќе почнам да го користам кокосовото масло, само ме интересира колку често, бидејќи косата ја мијам преку еден ден... Дали да го употребувам пред секое миење или еднаш неделно? Да не е штетна честата употреба во мојот случај, или напротив?
     
  3. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Според мене еднаш неделно е сосема доволно. Нема потреба да се претерува. Нанеси го на благо навлажнета коса и остави да делува најмалку саат време и потоа убаво измиј ја косата со убав шампон. Може да го користиш и како серум за коса откако ќе ја измиеш и пред да ја исушиш ептен мала количина само на врвовите или пак откако ќе ја исушиш само на врвовите (избери сама). Поздрав и пиши импресии од употребата.
     
    На Shmizzla му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    каде да купам масло од Био Космос? Арганово конкретно?
     
  5. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво го има во продавниците на биокосмос го имам видено во буњаковец (ама го нема редовно) меѓутоа скоро секогаш го има во нивната продавница во зградите близу гтц каде што е тинекс кај паркингот. Поздрав
     
  6. elenaeli22

    elenaeli22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    391
    Како се користи бадемовото масло на сува коса или на навлажнета?
     
  7. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга еленаели22, било кое масло како третман за коса се користи на благо навлажнета коса без разлика на видот на маслото (сепак за масло станува збор). Водата ќе спречи да маслото се врзе со маслата природно присутни во нашата коса и да ги однесе со миењето, а со тоа косата да делува посува иако не е така. Држи го најмалку саат време на косата и после измиј со убав шампон убаво. Поздрав.
     
    На elenaeli22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Shmizzla

    Shmizzla Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    21
    Благодарам за советот. :*
    Би те замолила да ми помогнеш и околу изборот на убав шампон. Косата ми е мрсна на коренот, а сува на врвовите.
     
  9. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, најдобро е да одбереш некој убав шампон кој нема да ја суши косата без разлика на тоа што ти е масна или пак некој благ за честа употреба. Според мене може да го пробаш шампонот на алверде со кна и маслина. Кната во шампонот убаво делува на скалпот затоа што го чисти а маслото го негува влакното. Етеричните масла во шампонот се баш пригодни за масна коса. Пробај го. Алверде има уште еден шампон специфичен за масна коса ама не ми се допаѓа многу формулата, го имам разгледано. Овој ќе ти биде супер а дава и волумен на косата. Дај ми неколку дена и ќе разгледам уште шампони (и од други марки) па ќе ти пишам доколку не се брзаш секако. Поздрав
     
    На Shmizzla му/ѝ се допаѓа ова.
  10. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Па мора да премине во течна како инаку ќе го ставиш на косата. Не губи никакво својство треба да премине во течност :)
     
    На shining_star му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Shmizzla

    Shmizzla Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    21
    Благодарам мила моја, ќе бидам во исчекување да ми пишеш. :hug:
     
  12. Donamace

    Donamace Активен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2015
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Нова сум на форумот па незнам што направив сега,сите масла се убави имам пробано кокосово масло се препорачува за оштетена коса или врвови но секако се користи многу е добро рицинусово масло
     
  13. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.602
    Допаѓања:
    48.966
    Пол:
    Женски
    Сум употребувала маслиново масло, кокосово, бадемово, кантарионово и рицинусово масло.
    Најмногу сум задоволна од последното. Косата ми ја прави прекрасна, сјајна, поткрената од корен.
    Ептен ми ја храни.
    Од бадемовото сум најмалку задоволна.
     
  14. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    3. masla.JPG

    1. Doctor's - масло за коса. Најчесто нанесувам од маслото по должината на косата и така преспивам, а ако ми е потребна поголема нега, ставам неколку капки и на штотуку измиена коса. Можеби не помага толку многу но и дава убав изглед и сјај на косата. При крај е и мислам дека ќе земам некое друго слично на ова (што не е природно масло).

    2. За ова масло имам пишувано во темата за производи кои нема да ги купам повторно и овде ќе напишам дека го користам кога одам на пат зошто има стаклено и цврсто пакување = набрзина ќе го дотрошам за да префрлам некое од добриве во него за да имам подобра нега на косата и кога патувам.

    3. Elseve - солидно масло за коса. Убаво мириса но тој мирис не се задржува.

    4. Природно масло од кокос - најчесто го користам само него и само на коренот. Понекогаш и во комбинација за домашно направени маски.

    5. Рицинусово масло - ова ретко го користам поединечно туку со него правам домашно подготвени маски.
     
    На macka91 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Нема подобро масло од кокосовото,според мене. Се она што има во останатите масла, го има во него севкупно. Го користам скоро 3 години, го нанесувам пред спиење по должината на косата.
    Користам и маслиново во комбинација со мед, јајце и цимет. Имам и арганово, но поретко го ставам . Порано користев рицинусово ,оеово ,невеново..... ваљда мислев секое посебно ќе си ја обави функцијата. Ама само кокосовото ме истрпи, и јас него :D
     
    На Biodevojka, poenta и macka91 им се допаѓа ова.
  16. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно бадемовото масло . Се нанесува пред туширање на сува коса и да отстои еден час.
     
  17. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Доколку сеуште се во потрага по идеалното масло за нега на кожата и косата дадете му шанса на маслото од макадамија. Еве ги бенефициите и ефектите од употребата на ова масло.

    Неверојатните својства на маслото од макадамија

    [​IMG]

    Помалку познато од останатите масла како арган, јојоба или кокос, маслото од макадамија има неверојатно ревитализирачко дејство не само врз кожата и косата, туку и врз целокупниот организам доколку се конзумира по внатрешен пат. Се добива од плодовите на едно дрво кое расте во Австралија и е откриено пред повеќе од 500 години од страна на аборџините.

    Содржи 60% олеинска киселина, 19% палмитолеинска киселина, 2,8% линолеинска киселина, 6% омега 3 и 6 масни киселини и витамини како А, Б1 и Б2 кои се пријатели на правилната циркулација и на лимфниот систем. Ова масло одлично ја регулира и работата на тироидната жлезда, а благодарение на омега 3 и 6 масните киселини, одлично е како превенција на кардиоваскуларните болести.

    Благодарение на палмитолеинската киселина која е многу слична на онаа на нашиот себум во кожата, ова масло е идеално и многу компатибилно за нега на кожата. Нашата кожа го апсорбира со неверојатна леснотија и брзина, затоа што на некој начин го препознава и успева да ја задржи нејзината природна еластичност. Особено е наменето за сува, чувствителна и дехидрирана кожа и има големо анти ејџ влијание.

    [​IMG]

    Во денешнава статија ќе се задржам на употребата на ова масло за убавина на косата (со оглед на тоа што најчесто го користам за таа намена) и ќе ви објаснам како да го користите и какви ефекти дава на самата коса.

    Маслото од макадамија е ектремно ефикасно и функционално кога станува збор за убавината, здравјето и негата на косата. Спас е за сува, оштетена и коса без сјај, благодарение на големиот процент на витамин Е во самото масло, кој го помага кератинот во влакното и на тој начин го забрзува обновувањето на косата и длабински ја храни косата. По употребата на ова масло косата ќе добие неверојатен сјај, станува помазна и полесна е за чешлање. Со оглед на тоа што ова масло активно и ефикасно ја ревитализира косата, таа побрзо расте и е поздрава.

    Јас најчесто ова масло го користам на следниов начин: благо ја навлажнувам косата и нанесувам доволна количина за да ја покријам целата коса. На веќе намачкана коса со маслото ставам најнапред обична пластична ќеса, а врз неа пешкир. Ја држам така најмалку саат време а најмногу преку ноќ (во зависност од времето кое го имам на располагање) и потоа убаво ја измивам косата со благ органски шампон. На овој начин косата комплетно се ревилализира, исчезнува ефектот на сува и разлетана коса и добива висок сјај.

    [​IMG]

    Маслото кое го гледате на сликата најчесто го земам од Рим, и освен макадамија содржи и масло од ленено семе, витамин Е и етерично масло од лимон (кои го зголемуваат ефектот на макадамијата и сјајот на косата). Наменето е само за коса. Доколку сакате да најдете чисто масло од макадамија, во тој случај се продава едно од марката bioplanète во продавниците на Биокулт, а цената ако не се лажам е некаде околу 380 денари за 100 мл. производ.

    Еве го резултатот на косата по употребата како маслен третман пред шампонирање. Го нанесов на начинот на кој ви говорев погоре и го држев околу 5 часа.

    [​IMG]

    [​IMG]

    Се надевам дека оваа статија ви се допадна и дека, доколку сеуште не сте го нашле идеалното масло за вашата кожа и коса, ќе му дадете шанса на маслото од макадамија. Резултатите може да ве остават без зборови.

    Ве гушкам сите и до скоро читање.

    Вики
     
    На crazylady, Sireni, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Nade33

    Nade33 Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Може некој да ми каже цена на рицинусово масло и чичково масло? :D:D
     
  19. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво околу 100 до 150 денари најмногу. Не се сеќавам точно ама не се повеќе од 150 денари. Ги има во сите аптеки, во ДМ, во некои супермаркети (Рамстор, Веро). Поздрав
     
    На Nade33 и simoncelicius им се допаѓа ова.
  20. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.569
    Пол:
    Женски
    Сосема на страна од темава ама се фарбаш? Ако да, каде и со каква фарба?
    Бојата ти е преубава, можам да ја замислам на сонце како изгледа.
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.