Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Масла за коса

Дискусија во 'Коса' започната од butterfly33, 4 јули 2012.

  1. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, не се фарбам (ако мислиш на она класично фарбање секој месец), еднаш до двапати годишно вадам само прамени. Инаку за среќа имам природно светла основа на косата (како и целата фамилија од страна на татко ми :) ).
     
    На Ginger^ и simoncelicius им се допаѓа ова.
  2. VladeMila

    VladeMila Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    8.515
    Пол:
    Женски
    Во последно време многу не обрнувам внимание на косава,освен едно миење 1 неделно(имам сува коса и воопшто не ми се мрси),кога мие фенирана може и месец дена така да ја носам као вчера да сум ја фризирала.Е сега од кога имам обврски,работа и деца малку ја запоставив косава,и само ми е врзана во опавче.Овде прочитав за некој путер на Алверде во Дм и отидов го купив,на полусува коса намачкав на врвовите и оставив сама да се суши,кога ми се направија како џкорка:o,ама тоа 1 впечаток,наредниот ден косата ми беше како свила,да сум знаела уште порано ке сум си го купила путеров..:)
     
    На mila1111 и Biodevojka им се допаѓа ова.
  3. NESKAFE25

    NESKAFE25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Дали арганово органско масло е добро за виткана коса?Читав дека било добро за секој тип на коса.Мислам на арганово масло што се користи и за кожа и за коса, за надворешна употреба, во големите аптеки имало околу 1000 ден. 500ml.Кажете дали вреди да го земам :)
     
  4. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Vredi sekoj denar. Kaj nas e preskapo toa da, ama vredi.
    Ako ne ti se davaat tolku mnogu pari za araganovo maslo jas mislam deka dobra zamena e kokosovoto maslo. Jas go nanesuvam na kosa i skalp ednas nedelno i kosata mi e kako svila. Go koristam i namesto krem za lice i telo, kozata mi e kako bebesko gaze :D Samo ako se resis za kokosovo, treba da bide vo solidna, cvrsta forma i da nema nikakov miris.
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    дајте предлог некое масло за коса за исплеткана и сплескана коса без волумен , косава ептен ми се плетка , значи чешел не влегува во неа
     
  6. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Чудно ми е 1000 ден за 500 мл. внимавај и гледај во декларацијата да пишува само Argania Spinosa Kernel Oil кој е латински назив за аргановото масло во декларацијата. Евентуално може да стои и токоферол односно витамин Е. Некои масла (а и многу скапи масла кои имам видено) содржат и течен парафин или мешавини со други масла и не добиваш чисто арганово масло а на опаковката мед и млеко пишува 100% арганово масло. Затоа внимавај многу, не мора да плаќаш толку многу има и поевтини убави масла како она на биокосмос (ќе го најдеш во продавниците на биокосмос) за 399 денари за 50 мл. (чисто без мирис) Има и други ама еве ова е квалитетно а не кошта многу. Поздрав.

    Пробај масло од мкадамија. Ќе бидеш воодушевена од резултатите. Или пак чисто кокосово масло исто така ќе биде од огромна помош. Поздрав.
     
    На anakonda88 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.624
    Допаѓања:
    106.579
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    [​IMG]
    Девојки го има ли ова маслово во Александар козметиикс? Воедно да ја прашам и @Biodevojka што мисли за составот. Ова погоре ти што го користиш незнам дали ќе ми одговара зашто во составот има масло од лимон а јас имам црна коса..
     
  8. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга Кортисаки, маслово е чист силикон. Маслото од макадамија и арган се во многу мал процент, скоро и невидливи. Ти живееш во Гр. така да може во било кој маркет за здрава храна да земеш чисто масло од макадамија (кај вас изборот е голем). Во составот треба да пишува само Macadamia Integrifolia Seed Oil и евентуално и токоферол односно вит. Е. Ова масло на сликава нема никаков ефект врз хранењето на влакното само го обвиткува со силикон. Џабе се маските со него. Поздрав.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.624
    Допаѓања:
    106.579
    Пол:
    Женски

    Благодарам Биодевојка , сакав и некој производ што содржи повеќе макадамија и арган. Тоа не ми текнало , може да побарам , а како тоа се нанесува исто како и ова масло? Баш ќе отидам и ќе се распрашам :)
     
  10. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво било кое масло (природно секако) се нанесува на благо навлажнета коса, се става кеса па одозгора пешкир (за да се помогне во задржувањето на топлината), малку ќе загрееш со фен и држиш саат време најмалку и миеш со шампон. Ова е третман пред миење.Како серум, мала количина од маслото )ептен малку) на врвовите и по должината на косата после миење на навлажнета или сува коса (по избор).
    Ако сакаш макадамија со архан (природни) купи ги и двете и мешај ги ред секоја употреба. Ем природно нахрането влакно, ем убава коса.
     
    На senza.parole, MiloMalo, papillonP и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. NESKAFE25

    NESKAFE25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
     
  12. mimi****

    mimi**** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2015
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    3.636
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka koe koksovo maslo bi mi go preporacala da go zemam,mislam od koja firma,bidejki ne se razbiram mnogu vo deklaracii,a odamna sakam da go probam.Fala odnapred
     
  13. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Јас од кокосовото масло сум најзадоволна досега. И арганово имам користено ама ова ми ги надмина сите очекувања и тоа по кратко користење. Косата после толку фарбања третирања сега ми е бетер природна, како фарба да нема видено. Го користев по тој принцип на влажна коса, од пола надолу повеќе кај врвовите, па замотав една ќеса и кома. Утредента кога ја измив ни пегла ни бутур само ја исушив премека ми беше. А може и пред миење да се држи саат два во ќеса како што кажа биодевојка, делува секако :)
    Ова го користам, во зегин е околу 300ден. Секому го препорачувам
    [​IMG] .
     
    На crazylady, VivienLeigh, Biodevojka и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    @NESKAFE25
    Ах во тој случај ок. маслово го имам видено и чисто е само што го немам корисено. Ми беше чудно пола литар за тие пари :)
    Здраво драга било кое од следниве: биокосмос, биолајф, биопланет, а пред некој ден видов и едно во ДМ нивна марка исто така ладно цедено нерафинирано. Важно да пишува ладно цедено нерафинирано кокосово масло и уште подобро ако е органско секако. Поздрав.
     
    На Elaria и mimi**** им се допаѓа ова.
  15. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    A дали ќе има ефект доколу стои пример еден час?
     
  16. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Има да, само држи ја на топло косата за тоа време :)
     
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.997
    Допаѓања:
    268.137
    Да си прашам - оревовото масло се мие или? :)
     
  18. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Нанесуваш , оставаш колку можеш поише да отстои и миеш со шампон. Косата ми е преубава после тоа. Само ме интересира од кај купувате сега. Порано имаше во секоја продавница , а сега нигде неможам да најдам такви во стаклено шишенце. Гледам во пластични мали , али премногу ми е ефтино за
    да биде добро(може и се лажам)...
     
  19. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Се прави масажа на скалпот и по должината на косата со прсти. Во количина се става малку, не се става колку што собира една рака .
    Тоа е премногу, не се мие маслото лесно .
    Во пластично шишенце на Фитофарм, за тоа мислиш? Сменета му е амбалажата.
    Ова е супер, јас го користам .

    download (5).jpg .
     
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.997
    Допаѓања:
    268.137
    И јас земав на Фитофарм, ќе го пробам и ќе кажам импресии :)
    Инаку, нанесувам на мокра коса, сува, малку навлажнета?