1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Масла за коса

Дискусија во 'Коса' започната од butterfly33, 4 јули 2012.

  1. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Јас денес баш си купив ново паковање Бадемово масло од Галафарм, навистина добро се покажа, косата ми е препородена, со убав сјај. За таа цена маслото е прекрасно, за разлика од други што ќе ги платиме незнам колку а не вредат пет пари.
     
  2. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Ќе се самоцитирам ..
    Знае некој? :tmi:
     
  3. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Кокосовото се препорачува за светла коса.Во никој случај не ја потемнува,ако се плашиш од тоа :) ,а јас најсигурно ти го тврдам тоа врз основа на сопственото долгогодишно искуство. ;)
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Artemida81

    Artemida81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    354
    Пол:
    Женски
    Јас го купив тоа другото, т.е. тоа што не е за фарбана, ама 1-2 пати го пробав, рано е за резултат. инаку нашите масла се супер, но од љубопитност го купив па ќе видиме како ќе се покаже
     
  5. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Дали некој има користено масло од семки на дива кајсија? Го забележав во проспектчето на Зегин, супер било за здравјето може и да се пие, се нанесува на косата за поголем сјај и хидратација, се нанесува и на оштетена кожа.
    Ама многу скапо бе... 899 денари :^)
     

    Прикачени фајлови:

  6. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.903
    Дали може чичковото масло да се користи кај светла коса.Мислам дали има ефект на потемнување?
     
  7. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Нема ефект на менување боја.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  8. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    И како си задоволна од маслата за коса особено ме интересира новиот производ на Авон, арганово масло бидејќи се токмам да го купам.
     
  9. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Јас го порачав,и го пробав преубав е..ми се свиѓа како ја прави мека и сјајна косата..
     
  10. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    3.476
    Имам светла коса,какво масло да си земам чичково или бадемово? :?:
    Слушам многу пофалби за маслава, а јас се трудам да најдам совршен шампон за да ја опоравам косава. Не ми е нешто во лоша состојба, ама пак ми е сувкаста.
     
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.171
    Пол:
    Женски
    Земи си чичково масло, ама ако имаш мрсна коса ставај многу помалку на скалпот, а повеќе на врвовите - ако се суви нели. :)
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  12. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Презадоволна сум од кокосовото масло од Бонес груп. За само смешни 35 денари, косата ми е посјајна, похидратирана и препородена. :)
    Ме интересира, за темна кафеава коса какво масло се препорачува? :^)
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.171
    Пол:
    Женски
    ^ Ореово највеќе, па бадемово, а можеш и да ја плакнеш косата со чај од коприви. За косата да добие сјајност. :)
     
    На ivimis, Antebellum и butterfly33 им се допаѓа ова.
  14. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    сакам да пробам бадемово имам смеѓа коса..
     
  15. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Јас престанав да го ставам маслото на сува коса. Потешко ми одеше расчешлувањето и не можев да ја соберам убаво.
    Ја навлажнувам многу малку со млака вода, ја делам косата на два дела, почнувам со врвовите, и сосема малку на коренот. После ја расчешлувам, се изедначува, па ја фаќам во пунџа.
    Сега си направив мешавина на парфемираното чичково со рицинусово(тоа густото, што не е наменето за коса) масло, а сакам да пробам и со бадемово.
     
  16. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Најправилно и најефективно е да се користи нерафинирано кокосово масло.Јас имам видено во Виталија во тегличка,не знам колку милилитри беше,а цената му беше некаде 360 или 390 денари.Некогаш ќе си купам. :D А па ова од Бонес груп не е масло,барем од кокосово далеку е,поминало покрај кокос :lol: ..
    Али кога ќе прочитам по форумиве еве од кај соседиве на пример,какви масла за коса користат ми иди да си пукам во колено.Небаре кај нас има некакви масла па ај ова ај она,три масла в крст се за коса,па и тие не се користат како што треба.Многу го користат ова Брахми,ама кај нас,многу нормално дека го нема.
    Мороканоил,макадамија,масло од лешник.....кога ќе дојдат кај нас,KOГА? :devil:
    Само ај и ние да си поиграме ,,си ги мачкаме косите со масло". :|
     
  17. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    Да бе и јас така викам; Мороканоил веќе на големо се продава низ Хрватска, Словенија да не се кажува ете и наша соседна Србија а ние сме секогаш Богу изад леџа ама секоаш! Пола фирми што на велико се продаваат низ бивша Ју, а спаѓаат во Drugstore сеуште ги нема кај нас, како на пример Хербал Есенсис ејјј :fubar: Хербал што кај нас одеше ко алва, го нема ни на повидок, а да не кажувам за други фирми....Но и да го донесат :^) кој може да си го дозволи, баш ја гледав цената на Мороканоил 1000 денари а едвај 300 мл беше шишето, па нека се и 500 мл, ама 1000 денари. :o Со 1000 денари ќе истераме две недели народски кажано. Како и да е добро би било да следиме трендови, но тоа е нашата ни Македонија, си спие!

    Едит: да се надоврзам за кокосово масло од Бонес, потполно си во право, уште на пакувањето пишува Парфимирано, :o апла ти вели не е оригинал, точно така треба нерафинирано кокосово масло да се користи што е како крем, некаде видов и рафинирано течно ама не парфимирано него преработено, незнам цена, но како свртиш свртиш чини пари.
     
    На renata77 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Ај и ја да си кажам искуство со маслава.
    Смеѓа ми е косава, па ги имам користено сите ореово, чичково, бадемово оние и на галафарм и фитофарм и од никое не бев задоволна го од едно грчко маслиново.
    Прва работа е што косиштево ми е ептен густо па за едно ставањеЕ мене ми одат две, две ипол шишенца, што значи окулу 150 денари, ова маслиновово е окулу 100 денари пола литар, башка што наменето е за готвење и е мрсничко па сигурно можам 3-4 пати да го користам или па ми доаѓа многу поефтино и поисплатливо.

    Еве настрана и парите, ова маслиновово ми дава многу позадоволителни резултати, посјајна и по мека ми е косава, иако не ми е фарбана врвовите скоро дехидрирани ми беа а после третман со маслово ко препородени се. Цела коса ми изгледа многу поздраво, поцврсто и негувано. Додека со оние другине и по безброј користења ниту еднаш не добив вакви резултати.
    А маслана на бонес според мене не се ни масла, маслата по структура се погусти, а овие се ептен течни и уопште немастат. Имам моментално едно од ванила па си ги користам како силиконски капки да ги смири раштрканите влакна и да ми даде арома, за друго според мене не ги бива.
     
  19. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    308
    Mаслиново масло имам ставано, ама косата ептен мрсна ми е после, не успевам да го одмијам со шампон, косата ми е баш зејтин дали дека многу го држам на коса 3-4 саати пред да ја измијам. :^)
    Mоментално користам арганово масло, кое не е од тука, од странство е и сум многу задоволна. Нанесувам на влажна коса на врвовите неколку часа пред да ја измијам со благ шампон, еднаш неделно. Ги потхранува врвовите и го спречува расцветувањето на косата. Истотака ставам и на нокти и на лице пред спиење по две капки арганово масло и е вистински еликсир. Искрено за продукти што вредат вреди да се плати повеќе, барем ќе имате убава и здрава коса.
     
  20. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Мене маслата на Фитофарм и Галафарм не ми даваат некој посебен ефект, а имам користено од повеќето. Не знам колкав процент во нив е тоа масло што го пишува. :^)

    Засега најубаво ми било кокосовото масло од Био Култ во тегличка, поголема тегла, чини околу 350ден. Се гледа дека е квалитетно. Бело е, се втрива и растопува низ раце.
    Не ми ја мрси многу косата и ја прави убава.

    Најубаво сепак на прво место ми е маслиновото, ама премногу ми е мрсна косата потоа, колку и да ја мијам, не е тоа тоа...

    Маслата се најубавото нешто, ама само ако се 100% природни.
     
    На kikkki, A-j-a и Trendafilka им се допаѓа ова.