Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Масла за коса

Дискусија во 'Коса' започната од butterfly33, 4 јули 2012.

  1. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    2.598
    Кое рицинусово е подобро?На Фитофарм или Галафарм?
     
  2. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.395
    Допаѓања:
    126.665
    Јас го земав денес ова?? precious_argan_mask_oil_spray.png Добро ли е,455 го платив
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Ќе може некоја феминка да пиша збор два за ова масло од рицинус?
    [​IMG]
    Дали е добро? Како да ја третирам косата пред да го нанесам маслово? Кои се ефектите и како сте задоволни од него?
    @Biodevojka ќе може да дадеш мислење?
     
  4. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, ова стриктно го немам пробано, ама може да ти кажам како да го употребуваш на косата.

    Благодарение на големата количина на омега 6 и омега 9 масни киселини, рицинусовото масло е спас за за слабата и кршлива коса. Го спречува косопадот, ја зацврснува косата, ја храни и видно ги подобрува изгледот и структурата на влакното. Со оглед на тоа што ова масло е доста густо може да го нанесеш чисто како третман за оштетени врвови само од средината на косата кон врвовите (секогаш на навлажнета коса никако на сува), или пак да го помешаш со бадемово масло, јојоба или арган, доколку сакаш да го нанесеш на цела коса (во случај на многу сува коса). Исто така рицинусовото масло многу помага и при првут во косата помешано со масло од јојоба или арган.
    Како што многупати имам напоменато, маслото нанеси го секогаш на благо навлажнета коса, стави кеса и одозгора пешкир (или капа) и остави така да делува најмалку еден саат или пак преку ноќ за одлични резултати. Убаво измиј ја косата за да го отстраниш маслото од неа.

    Поздрав и за било што пиши.
     
    На Acka22, SAMIRA и Snow-Star им се допаѓа ова.
  5. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.957
    Допаѓања:
    1.268
    Пол:
    Женски
    Девојки кое масло за коса од арган е подобро на Аура или Гарниер, читам многу позитивни работи од ова масло. Она од Органика е било предобро но многу ми е скапо.
     
  6. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Доколку ми дозволиш да се вмешам би ти препорачала арганово на биокосмос органско ладно цедено чисто цена 390 денари за 50 мл. Според мене најдобро. Го имам пробано и за коса и за лице и во рецепти како креми и путери. Поздрав.
     
  7. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Snow-Star го имам истово и можам да пишам начини на користење но пожелно е да пишеш за што ти е потребно, поточно, што сакаш да постигнеш?
     
  8. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Не ја мрси косава маслово ?
     
  9. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Дали за расцветани врвови е добро кантарионовото (домашно) масло?
     
  10. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    932
    Допаѓања:
    905
    Јас го ставам на целота коса, не само на краевите. Супер ми прави косата фина, мека.
     
    На EMILI1999 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. angel4444

    angel4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    679
    Допаѓања:
    755
    Пол:
    Женски
    и јас го користев..дава сјај,мекост на косата..сега е сезоната видов мајка ми набрала свеж кантарион,сакав да ја прашам @Biodevojka дали е ок доколку го приготвуваме со обично масло за готвење (зејтин)?
     
  12. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Ако добро те разбрав сакаш да направиш билно масло од кантарион?
    Најдобри масла за таа намена се сончогледово и маслиново. Ти советувам да земеш ладно цедени масла поради подобриот квалитет. Доколку сакаш и со обичен зејтин (кој е сончогледово рафинирано) може да го направиш нема проблем. Процедура за подготовка ќе најдеш кај мене на блог во статијата домашни масла од невен и лаванда. Поздрав.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tete Capdevila

    Tete Capdevila Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2016
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    zdravo devojki mi treba pomos ..pred 2 dena ja farbav kosata,t.e ombre praev..e sea dali treba so istiot sampon da sibam ili nekoj nov i dali treba nekoi kapki,masla,cuda da koristam za nejzina nega?!
     
  14. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Kaj мене маслово стана многу течно и има иста боја како вода а не беше такво кога го зедов.
    Дали може да се користи сеуште или ?
     
    Последна измена: 22 јуни 2016
  15. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.336
    Допаѓања:
    5.869
    Доколку го чуваш на топло место, ќе биде течно. Пробај стави го на суво и ладно место и одма ќе се стврдне, односно ќе добие бела боја. :)
     
    На Biodevojka и crazylady им се допаѓа ова.
  16. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Веќе ти одговорија, ама еве и од мене. Кокосовото масло на високи температури преминува во течна состојба (тоа е и знак дека е вистинско кокосово масло оние мала кои се секогаш течни не се чисти кокосови масла со оглед на тоа што на ладно се стврднува).
    Без гајле како што ти кажа аннии стави го во фрижидер и ќе се стврдне. Поздрав.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    2.598
    Купив кокосово масло на Bio Life ама не ми мириса нешто многу добро,има некој јак мирис и не е баш како што очекував.Нормално е ова или постои шанса да е расипано? Проверив рок,до 2018 е...
     
  18. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.742
    Допаѓања:
    21.407
    Пол:
    Женски
    Кокосовото масло е такво, прејак мирис има и и јас не бев нешто воодушевена и затоа го баталив.
    Иначе, препорачајте ми масло за сјај и мекост, по можност да не е со некоја солена цена.:D
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво еве ти неколку масла за сјај со пристапна цена:

    арганово на биокосмос чисто органско 399 денари за 50 мл.
    макадамија на биопланет чисто органско 380 или 390 денари за 100 мл
    авокадо на биокосмос 315 денари чисто органско 50 мл.

    Пробај едно од овие три и че видиш каков ефект даваат на косата. Јас лично ги обожавам сите ама за коса најмногу трошам макадамија, некако ми дава екстра сјај, другиве повеќе за лице ги употребувам и креми за тело. Ептен ми се погодени за лицето авокадото и арганот како и јојобата.

    Секако како одлично масло за коса е и чистото маслиново масло од супермаркет она за готвење ладно цедено кое одлично ја храни косата и дава неверојатен сјај. Јас обично го користам во кмбинација со жолчка од јајце.

    Еве ти една маска за коса која е неверојатна за сува коса

    - жолчка од едно јајце;
    - една супена лажица мед;
    - една супена лажица маслиново масло;
    - една супена лажица јогурт (може и кисело млеко)
    - две кафени лажички растителен глицерин

    Во едно пластично, стаклено или порцеланско тањирче помешајте ги сите состојки и смесата нанесете ја на благо навлажнета коса. Нанесувањето правете го во бањата над лавабото или кадата затоа што маскава е доста течна како структура.

    Откако ќе ја нанесете ставете обична пластична ќеса и врз неа пешкир и држете ја така најмалку половина час (најдолго колку што можете и имате време).

    По истекот на времето измијте ја косата со убав и квалитетен шампон и сушете ја како што обично правите.

    Сјајот на косата е неверојатен а со редовна употреба го решава и проблемот на сува коса. Малку мириса јајцето, ама доколку ставите етерични масла не се чувствува многу.

    За поголем сјај по шампонирањето советувам исплакнување со вода и оцет.

    Поздрав.
     
    На christinnn и A-j-a им се допаѓа ова.
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Јас пред некој ден измешав во едно мало филџанче 1 лажица квалитетен природен мед, 1 лажица ладно цедено маслиново масло, 1 лажица ладно цедено кокосово масло и една мала лажичка од путерот од авокадо од Алверде.
    Нанесов на косата, ставив кеса и оставив да отстои додека си правев педикир и маникир.
    Секако стоеше повеќе од 1 час.

    Се изненадив ептен од резултатот:inlove:, косата ми доби многу мекост и сјај, што не беше случај претходните недела-две, бидејќи за краток период ја третирав со бланш, преливи и плус фенирања, па поради тенкото влакно што го имам бргу ми стана сува.

    Дефинитивно ќе ја правам пак оваа комбинација, жолчка не се решавам да ставам на овие жештини иако знам дека е доста полезно. Еднаш ставив, пак беше летен период и мислам и после некое миење го осеќав нејзиниот мирис.:drunk:
    Исто е и со маската од квасец.:sweat:
    Ќе си се држам до комбинациите што мирисаат убаво:sun:.
     
    На Biodevojka, sofijanoka и A-j-a им се допаѓа ова.