Дали можеби знаете каде можам да купам масло од рузмарин. Прочитав некаде во La Soy. Ве молам ако некој знае каде се наоѓа нека ми објасни.
Помеѓу ескалаторите во Веро-Џамбо знам дека има, на друго место не знам, ако е некој упатен нека каже.
https://www.google.com/maps/d/viewer?mid=1WSEzO-hdbbAw2PlH1uAbzQWZWZM На Климент Охридски, до Арабеска. Кога одиш од Соборна према Матица Македонска.
Помош ако може да добијам. Имам виткана коса и прилично ја пеглам, секако сјај на косата ЈОК... Имав порачано некој вид на врело масло од орифлејм, но тоа само за една употреба е , мала тубичка околу 90 денарио. Па некој што има користено некое масло за сјај да ми препорача. Предходно имав користено бадемово и она рицинусово, но не забележав некој ефект.
Не мора баш скапо ама ако можеш да ги го дозволиш купи си го. Во ДМ и по аптеки има поевтин некаде до кај 200 денари, ама друга фирма од оваа која ти ја наведе. Не губиш ништо и ако пробаш со природни маски, соодветен шампон и ја одмориш малку косата од пеглање, фенирање.
@Leo-nora јас го имав тоа масло со арган , го имав земено од Космо околу 850 денари , да знаеш дека вреди , се става малку и се троши споро , плус е чисто масло не е никаква мешавина , а ако сакаш некое поевтино можеш да ги прочиташ и постовите на @Biodevojka , таа пишуваше и за едно други масло за коса поевтино од ова
Јас имам виткана коса, многу густа со средна должнина... Го користам овој продукт на Ревлон и многу сум задоволна... Околку 900 денари е, меѓутоа една година го користам точно... Плус си ставам на врвовите само силиконски капки...
Здраво драга, како што ти одговори @koritsaki имаш и поевтини арганови масла на пример биокосмос 399 мкд за 50 мл, или она кое јас моментално го користам за лице на bare organic околу 500 мкд за 30 мл. Поздрав.
Здраво драга ако мислиш на маслото на Biokosmos, може да го најдеш во нивните продавници. Ако мислиш на она на Bare Origin во тој случај го има во Јавна соба. Поздрав.
Здраво погледни овде има интернет продажба. Можеби испорачуваат и до други градови. Прашај ги. Поздрав http://www.biocosmos.mk/product/product&product_id=401
Здраво женски имам виткана,прилично тенка и сува коса и сакам да почнам со користење на некое масло. Би можеле да ми препорачате кое би ми одговарало најдобро?
Здраво драга индивидуално е кое масло најмногу че ти одговара, Може да пробаш кокосово, маслиново или масло од ленено семе кои се одлични. Пробај неколку различни масла и сама одлучи кое најмногу ти одговара. Поздрав.
@Biodevojka извини што те давам ама гледам дека одлично се разбираш за вакви работи, па би сакала да те прашам нешто. Другарка има страшен проблем со косата, од кога памтам ми се жали дека и е слаба и кршлива, постојано и се расцветува и заради тоа со години не може да ја порасне. Порано многу ја пеглаше, и заради тоа ја изгоре, но веќе одамна ја нема допрено со пегла. Очајно сака да ја порасне косата, но секако да и биде здрава и погуста (бидејќи и е многу тенко и лошо влакното) ,по мој испробан совет проба шампон од бреза/коприва со ампули Б6, Б12, и малку чичково масло што мене ми помогна за раст на косата. Ништо не и смени, а впрочем проба и секакви масла, шампони, регенератори и маски за коса. Беше и на доктор, да провери да не има некој проблем со хормоните, но не е до тоа, и објаснија дека таква и е косата, и дека неа всушност и расте но бидејќи цело време и расцветува, не ни може да забележи. Дали знаеш некое масло, или комбинација на масла за коса што би поттикнало раст и здрава, убава коса? Ти благодарам многу.
Здраво драга, тешко е со сигурност да ти одговорам на ова прашање, меѓутоа ќе се обидам да ти дадам неколку домашни третмани со надеж дека барем еден ќе се покаже делотворен (знаеш сите сме различни и тешко е да се каже дека баш таа состојка ќе делува). Прво нешто што и препорачувам е масло од ленено семе во комбинација со жолчка од јајце. Нека ги помеша заедно и смесата нека ја нанесе на благо навлажнета коса (никако на сува) и нека држи најмалку саат време. Втор третман е рицинусово со маслиново (во размер 2:1 каде 2 за маслиново 1 за рицинусово). Исто така нека ја нанесе на благо навлажнета коса и да држи најмалку саат време. Потоа нека измие со убав благ шампон. Како трет третман нека проба како путер кој е одличен за кршливо влакно (моментално спремам статија за какао путер). Две супени лажици какао путер со две супени лажици кокосово масло се топат заедно на пареа и смесата се нанесува на благо навлажнета коса. Се држи најмалку саат време и се мие со благ шампон. Исто така и препорачувам на другарка ти да ја промени малку исхраната и да ја збогати со јаткасти плодови, јајце, зелен зеленчук и др. Се надевам дека нешто од ова ќе и помогне. Треба да биде упорна оти е потребно време. И уште нешто мног важно стоп на шампони и маски и регенератори со силикони!!! За било што слободно пиши. Поздрав