Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Масла за коса

Дискусија во 'Коса' започната од butterfly33, 4 јули 2012.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    6.578
    @Biodevojka Ти благодарам многу. И пренесов на другарка ми, ми рече дека сега за сега ќе ги испроба првите два третмани, и дека ќе биде упорна, зошто до сега често се откажуваше бидејќи од многу испробани работи ништо не и делуваше. Ако има резултати ќе пишам повторно во темава, за и други членки кои го имаат овој проблем да си пробаат и кај нив. :)
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka кој од путерите е подобар за побрз раст на косата? Шеа путерот или какао путерот?
    Колку се дистинкцираат тие?

    Прашувам оти сакам да направам кремаста маска со рицинусово масло, која ќе ја користам подолг период.
    Мада тоа можам и за тело комотно да го користам, за помека и кожа без стрии.:party: Сеа ми текна :mm:
    А не е лошо да му додадам и неколку капки од некое етерично масло(рузмарин на пример? :f:)
     
  3. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Во секое време драга. Нека проба другарка ти и нека биде упорна на секои 10 дена нека ги прави.
    Исто така нека смени шампони, затоа што ако имаат силикони џабе се сите маски што ги прави оти силиконот создава филм на влакното и маската не успева да го нахрани. За било што пиши.

    Драга џинџер и двата се прекрасни. Може да ги ставиш и двата во комбинација со некои убави масла на пример кокосово или микс од две три масла. Што се однесува до етерични масла слободно стави лимон и рузмарин кои се супер како за тело (антицелулитно, стрии) така и за сјај на косата. Ако ти треба помош со рецептот, комбинација или кои состојки да ги употребиш пиши. Поздрав.
     
    На blueeparadise и Ginger^ им се допаѓа ова.
  4. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Џинџер, штотуку објавив статија за какао путерот. Ќе оставам линк во темата за блогови. Поздрав
     
    На Mishela, Jordanovska-K и Ginger^ им се допаѓа ова.
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.622
    Допаѓања:
    106.573
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka

    Сакам да те прашам нешто , денес го земав маслото макадемија на органика од космо тинекс , ама гледам дома рокот на траење е до март 2017. Нема шанси да го потрошам до тогаш ќе има ли проблем ако истече рокот?
     
  6. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга или смени го за подобар рок, доколку не си го отворила, или доколку правилно го чуваш според мене уште два месеци плус може да додадеш. Најважно е да го контролираш изгледот и мирисот на маслото. Ако смени боја или мириса чудно, не го употребувај. Не знам дали ќе го користиш за коса или кожа, ама ако го користош за коса ти препорачувам еднаш неделно да правиш маски со него и ќе го потрошиш до крај на март. Поздрав.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka јас немам баш одреден производ за прашање, ама мислам дека можеби би можела да ми дадеш совет. Отсекогаш имам проблем со косата; бргу ми расте, но влакното е претерано тенко, многу ми паѓа, и ужасно се мрси - од вечерва ако ја измијам, не останува свежа ниту 24 часа, до утревечер е веќе мрсна како да не е миена макар 2 недели. Дали можеби би можела да ми препорачаш некој/а шампон/маска/масло/што и да е, кое е на природна база, и кое би требало да ми помогне бар малку околу проблемот на обилно паѓање и мрсење? Фала ти во секој случај. :)
     
    Последна измена: 8 јануари 2017
  8. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, состојбата на твојата коса може да е предизвикана од дсегашните производи за нега на косата на пример шампони или балзами доколку биле на силиконска база. Силиконот не само што го суши влакното туку понекогаш и допринесува и до мастење на косата со оглед на тоа што го задушува влакното. Е сега доколку досега си користела само силиконски шампони дали сакаш одма некој многу природен или сакаш некој преоден производ за да ги измиеш силиконите од косата? Знај дека ќе биде потребно многу трпение и во прво време ќе видиш влошување, меѓутоа не од новиот производ туку силиконот ќе паѓа од влакното и ќе ја видиш вистинската сосотојба на косата. Кажи ми каков производ сакаш и што досега си користела за да ти ја направам целава процедура со што помалку стрес. Поздрав.
     
    На Ginger^ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    @MagsDestiny против мрсење, знам еден шампон кој многу помага. Низ темиве, сигурно го имам пишано, или јас или некоја друга феминка. Се работи за Реконазол. Цената му е околу 159 денари. Се користи само едно шишенце, како терапија му доаѓа. Првото миење е со обичен шампон, оној кој го користиш , а второто со него. Следните три миења на косата, се само со твојот шампон. Значи одмараш. Петото миење повторуваш, еднаш со твојот шампон а второто миење со Реконазол. Следните три миења пак одмараш од Реконазол, и се миеш со твојот шампон.Значи од едно до друго користење на шампонот, одмараш 3 миења, а се користи се додека не го истрошиш пакувањето. Се става по малце, помалку од другите шампони, затоа што прави доста пења. И толку.:)
     
  10. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Кога разгледував по страната од depileve имаше многу шампони против опаѓање на косата меѓу кои и органски, види разгледај си можеби нешто ќе ти се допадне.
    Инаку јас го користев на Recept околу 200 ден е и многу бев задоволна ама јас имам многу густа коса и јако влакно. :)
     
  11. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Од што точно е предизвикано мрсењето не би знаела да кажам, бидејќи од дете, откако знам за сeбе косата претерано ми се мрси, а последниве години само станува сè пообилно. Па згора на сè, сега дополнително ме плаши и прекумерното паѓање.
    Досега имам користено: Becutan детски шампон, Felce Azzura, разни видови на Head&Shoulders, Carezza регенератор, некои шампони од Herba кои се наводно на база на коприва, бреза, итн., и ништо од тоа не ми има помогнато. Наредно мислев да пробам некој од шампоните на Syoss за наводно зацврстување на влакното, но не знам колку се и тие здрави и евентуално ефикасни.
    Дали некој производ кој ти би ми го препорачала би бил 100% природен или не, не знам и не можам да бирам, верувам на твојот совет по предходните твои мислења кои ги имам читано. :)

    @Ginger^ и @Rose96 ви благодарам и на вашите совети, баш ќе ги побарам и продуктите кои вие ми ги предложивте. :hug:
     
  12. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Ok, јас мислам дека не треба да земаш шампони за масна коса сеуште затоа што на тој начин ќе го зголемиш производството на себумот. Треба најнапред да ја прочистиш косата од силикони. Доколку имаш и паѓање на косата пробај го шампонот Биокап антикадута (против опаѓање). Овој шампон не е многу агресивен, ќе ти помогне (се надевам) да се намали опаѓањето на косата и што е најважно ќе ги исчисти силиконите. Те молам користи го само овој а како балзам доколку имаш суви врвови користи некој на алверде само на врвовите никако на коренот за да не ја измастиш повеќе. И што е најважно имај трпение нема преку ноќ да се среди, гледам дека од она што го пиша досега си користела само традиционална козметика. Како исплакнување на косата може да користиш чај од рузмарин и коприва со малку оцет (500 мл чај со 1 супена лажица оцет) кој е одличен за масна коса а и дава сјај на косата.
    Понатаму ќе ти предложам и маски ама верувај дека вистинската состојба ќе ја видиш откако ќе престанеш да користиш силиконски шампони. Верувај ми. Поздрав
     
    На koritsaki и MagsDestiny им се допаѓа ова.
  13. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу, ќе ги разбарам продуктите кои ми ги предложи по супермаркетиве, и ќе пробам да видам кој резултат ќе го добијам со нивното користење. Уште еднаш, фала ти.
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.622
    Допаѓања:
    106.573
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka го вратив маслото за жал , и другите што беа на рафтовите беа со истиот рок.
    Си земав кокосово масло во тегличка :) фала ти
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sunrise_123

    sunrise_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2015
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    2.761
    Пол:
    Женски
    @MagsDestiny @Biodevojka Јас веќе извесен период го користам шампонот Биокап против опаѓање, во комбинација со ампулите и серумот и сум презадоволна. Откако Биодевојка ја крена свеста за користење на органска козметика решив да му дадам шанса на шампонов и како никогаш до сега имам фантастични резултати. Поракава повеќе би одговарала за темата Опаѓање на коса, но некако тука го почнавте разговорот па затоа се надоврзав
     
    На koritsaki, LollySky, Biodevojka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    МНогу ми е мило што е така драга. Од декларацијата се гледа дека шампонов е одлично искомбиниран, а еве ти го потврдуваш истото од сопствено искуство. Секако повторувам сите сме различни и ист производ не може да одговара баш на сите. Ти благодарам и за убавите зборови, многу сум среќна што поголемиот број од девојките почнуваат да стануваат свесни за козметиката, а уште повеќе што многумина од вас веќе сами знаат да ги прочитаат декларациите. Поздрав.
     
    На sunrise_123 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dragana96

    Dragana96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    23
    дечки може помош..
    кое маслиново масло треба за маската за оштетена коса со јајца?
     
  18. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Она од супермаркет е одлично. Важно е да е чисто маслиново масло без силикони и петролати. Поздрав
     
  19. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.229
    Допаѓања:
    7.793
    Пол:
    Женски
    Девојки дали може да ми кажете според ваше искуство кое масло помага за згуснување на косата, а кое помага за побрз раст на косата?
    Фала ви однапред
     
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.622
    Допаѓања:
    106.573
    Пол:
    Женски

    Рицинусовото масло помага за раст на косата , го има во аптеки и по продавнициве за здрава храна :) јас користам едно на Natura siberica , тоа е микс од разни масла и на него буквално пишува дека е за раст на косата и имам видено резултати , но го нема тоа во Македонија , најблизу во Грција и Србија , затоа ти го препорачав рицинусовото масло :)

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На FarmaGirl му/ѝ се допаѓа ова.