Јас го користам ова масло од Арган веќе неколку години и сум презадоволна, косата ми е како свила ! Нешто поубаво не сум имала дома
Vo Viola Aptekite, jas iskreno golem del od kozmtikata si ja nabavuvam tamu , bidejki se edinstveni uvoznici na italijanska kozmetika, mislam deka bese 1200 den...ali vredi za sekoj denar
Го нанесуваш пред миење на влажна коса и го држиш колку што ти дозволува времето. По миење исто така можеш да го нанесеш по врвовите во мала количина место силиконски капки.
jas od maslo za kosa go imam koristeno cickovoto maslo. preubavo e protiv prvut i protiv opagjanje na kosa, sega planiram da go probam ricinusovoto maslo koe e za pozabrzan rast na kosata
Здраво девојки, јас користам рицинусово масло за раст, па сакам да земам уште некое за оштетена од фарбање и разлетана , некоја препорака? )
Јас масло мала количина ставам во шампон заедно со б-комплекс ампули. Ова више од септември како практикувам и ми е преубава косата... Без тоа ми е кршлива и расцветана само.
Мене кокосовото масло многу ми помага. Косата на врвовите ми е бланширана (омбре) и на почетокот немаше никакви шанси да ја исчешлам доколку не ставам регенератор при миење. Откако почнав да го користам кокосовото масло регенераторот не ми е потребен. Многу ја омекнува косата. Јас ставам рамномерно на целата коса од коренот до врвовите, си ја виткам косата во најлонска кеса и во крпа и ја оставам така половина час. После тоа ја мијам косата само со шампон.
Сите што се ладно цедени се убави, не земај само во шишенца од маркетите, тоа е течен парафин со арома. Мене лично, најмногу ми се допаѓа маслото на Кулау
Девојки земав Арганово уље, од ДМ маркетите. Кажете ми колку време е препорачливо да се чува на коса?
Колку повеќе го држиш, толку подобро. Се нанесува на благо навлажнета коса, како и секое друго масло.
Здраво, Би сакала да прашам дали постои некоја крема, масло или некој спреј што може да се нанесе на одреден дел од главата каде имам опаднато коса? Поради секојдневно врзување на косата, над челото од двете страни имам како две дупки каде од многу стегање повлечени се навнатре.
Alpecin, го има во Зегин мислам. Има шампон и средство за мачкање. До сега најефикасно средство што го има кај нас.
Би прашала за средството зошто сакам да го нанесувам само на тоа место. Знаеш од прилика која цена е? Фала