Да видиш во Биокулт во ГТЦ и Биокосмос во Буњаковец. Јас го имам земено од тезга во Принце Маркет во Чаир. Само што тезгата пред неколку месеци, кога бев, беше празна. Целата роба им беше тргната.
Кокосово масло користите на коренот или на врвовите? Имам мрсен корен, а суви врвови, кое масло би ми го препорачале за коренот, а кое за врвови?
Кокосово масло јас ставам на цела коса, малку навлажнета.Ако имаш мрсен корен купи масло од чајно дрво(има во Зегин), а за суви врвови бадемово масло. Рицинусово не ставај многу е густо и тешко се одмива, може уште повеќе да ти изгледа мрсна.
Уште кокосово масло ми остана да го испробам. Да ми ставите сликичка од амбалажата за да знам од прилика како изгледа, каде да го набавам и цена пишете ми од прилика. Фала
Од ова поубаво нема да најдеш. Три пати имам нарачано, предобро е. https://sestosakam.mk/collections/zdravje-ubavina/products/kokosovo-maslo
Саломе, како го користиш маслото од чајно дрво на корените? Го разредуваш со вода или? Ако не ти е тешко да споделиш импресии. Мене ми е малку поконцентрирано, па некако страв ми е да го користам на косата, го користам само за акни. Го контролира себумот и кај косата? Звучи примамливо.
Се меша со друго масло и неколку капки масло од чајно дрво.За мрсен корен мислам дека е најдобро да се измеша со чичково масло. Јас капнувам неколку капки на благо навлажнета коса на коренот, откако претходно ќе втријам рицинусово масло, го користам за згуснување на косата, а помага и против првут.
го користев рицинусовото масло еден месец и ми порасна минимално косата.некое масло што вас ви помогнало?
Девојки земав кокосово чисто масло. Има мало упаство и во него пишува за коса да се комбинира со јојоба масло. Кано го нанесувате вие? Само него или со друго масло комбинирано?
Нанесувам само кокосово масло на влажна коса по должината (од ушите до врвовите). Ја собирам ниско во пунџа и така отстојува од вечер до утро.Потоа добро ја мијам косата двапати само со шампон без нанесување на регенератор. Третманот со маслото го правам еднаш месечно. Доколку има потреба може да се користи почесто.