На коренот не ставаш воопшто? Јас сакам еднаш неделно да ставам од неа на почетокот, за понатаму можеби и поретко. Лош ефект нема да има ако е почесто?
На коренот ставам третман- раствор од етерично масло од рузмарин, алкохол и вода. Доволно е еднаш неделно, а можеш и на коренот да ставиш. Јас немам причина за почеста употреба.
Мислење за ова масло, сте го пробале?Јас сакам да го користам за заштита наместо силиконски капки после пеглање или фенирање на косата, што мислите дали ми е паметна идејата?
@Biodevojka дали маслото за коса арганово чисто можам да го кориатам и за лице како ноќен третман со оглед на тоа што имам масно лице па да не ми предизвика несакани ефекти? И да не е случајно комедогено како кокосовото?
Здраво драга, најнапред ниедно масло неможе да се нарече комедогено, затоа што тоа е индивидуално. Едно масло може да биде комедогено за мене, но не и за тебе. Секако дека може да се користи за нега на лицето, меѓутоа мора да пробаш и да видиш дали твојата кожа ќе го прифати и како ќе делува. Јас имам комбинирана кожа и моментално по серумот навечер ставам арганово масло со мирис на чоколадо. Мене лично одлично ми делува. Користи го на благо навлажнета кожа, неколку капки со блага масажа до комплетно впивање. Поздрав.
Јас Ти препорачувам да го пробаш, но да бидиш упорна. Го нанесував на мокра коса, затоплено и го оставав да делува преку ноќ. Наредната ден ја мијам косата. Низ некои од темиве читав да се употребува заедно со друго масло зошто е погусто и потешко се одмива, но јас немав проблем.
Дури можеш и орално да го употребуваш од 6 до 8 капки се доволни,ги регулира цревата и нивното празнење..
@Biodevojka на една твоја статија прочитав дека лененото семе е одлично за косата, па сакам да почнам да го употребувам во маски и самостојно. Дали ова нерафинирано масло од ленено семе е за надворешна употреба? Не пишуваше дали може да се користи и за кожа/коса, а и не сум сигурна какво треба да биде маслото за да може да биде употребувано на повеќе начини. Еве што пишува за него: „Нерафинирано масло од лен на Виталиа претставува природен и здрав производ со извонреден вкус и арома, добиен со ладно цедење на зрели семки од лен. Се одликува со голема хранливост и лековитост. Ленот е најдобар извор на омега 3 масни киселини. Содржи антиоксиданси и корисни диетални влакна. Го намалува холестеролот, помага во превенција од срцеви заболувања и дијабетес.“
@sorbet, ако си кандидат да пробаш некој домашен рецепт за препарат со лен, тогаш ти препорачувам да го пробаш гелот од ленено семе. Рецептот е многу едноставен и го има на блогот кај Биодевојка. Ова е втор пат како го нанесувам, многу ми се допаѓа ефектот и косата многу полесно ја обликувам. Препорачувам.
@Mishela сакам да го пробам, проблемот е што ме мрзи да го направам Значи вреди да го направам, чим си го пробала и си задоволна.
Драга слободно користи го. Одлично е!!! Поздрав. Вреди....направи го еднаш поголема количина и замрзни го во мали калапчиња (оние за лед). Пред секоја употреба одмрзни едно и готово...така е најпрактично. Позз.
Купив рицинусово за против опаѓање на косава, е сега ме интересира како да го нанесувам, колку е најдобро да стои време и за колку време да очекувам да има некој ефект? Недели, месеци?
се става на коренот да отстои околу еден саат и ќе има резултати после месец два,зависи од косата сепак,и јас го користам.
@Dream-Girl и јас го користев рицинусовото масло и со редовна употреба дава одлични резултати. Јас го користев на следнов начин: најпрво ја мијам косата само со вода, ја виткам во крпа да го впие вишокот, рицинусовото масло го ставам во некој сад во кој претходно сум вриела вода за да се стопли и го ставам на цела коса. Колку подолго стои на коса, толку подобри резултати, барем така имам читано низ интернетов. Јас го оставам цела ноќ и наредното утро ја мијам. Некои викаат дека треба да се употребува помешано со друго масло, зошто е потешко и погусто и дека потешко се мие, но јас немав проблем. Исто го користев и за трепките и подолги трепки во животот сум немала. Ќе си земам пак и јас од понеделник, убаво ме потсети со мислењево.