@Biodevojka Дали може да помешам обично масло од чајно дрво и етерично масло од рузмарин. Смесата ми е потребна за избегнување на иритација на скалпот од почестото бојадисување. Среќни празници и многу успех во новата 2018.
Здраво драга среќна нова 2018 и сѐ најубаво. Може ли да ми кажеш какво е тоа обично масло од чајно дрво? Да не мислиш на етерично? Поздрав.
Во таа категорија ги вбројувам маслата по цена од 100 ден.кои не се толку квалитетни како органските. Можеби е погрешна класификацијата, но тие се најраспространети во продажната мрежа низ маркетите и аптеките и сум си ги прогласила за обични
Ако станува збор за билно масло како она на сликата од unordinaryone во маслиново масло нема потреба да ставаш никакво друго етерично масло. За иритација на скалпот може и чисто маслиново масло или бадемово без никакви додатоци. Поздрав.
Користам маслиново и сум презадоволна, бидејќи косата ми е сува од фарбањето, ставам и на мокра и на сува, по 5-6 капки, го впива како сунѓер. Полесно ја чешлам, и сјае со преубав сјај, многу природно и убаво.
Како ги користите маслата за коса? Порано никогаш немам користено.. На мокра коса,на сува коса? После се миете? Јас имам многу мрсна коса природно и се плашам да ставам и да не го измијам..
Па не мора да го користиш како средство за стилизирање, можеш да си го користиш како маска, третман кој нормално ќе го измиеш со шампон откако ќе отстои на коса. И јас имам коса со мрсни корени и екстремно суви врвови, па и покрај тоа не можам да си ја замислам негата на косата без употреба на масла. Маслиново, арганово, кокосово, да не ги редам другите, но можеш да одбереш било какво. Само внимавај на составот - за најдобри резултати пожелно е маслото да има природен состав, без парафини и останати нафтени деривати. Јас најчесто користам кокосово масло, одлично ми е и секому би го препорачала. За одмивањето не се секирај - не мораш да нанесуваш на корените, а темето и самото влакно по должината убаво и темелно ќе ги измасираш за да се одмие вишокот масло. Јас дури и намерно не ги шампонирам врвовите (таму најчесто нанесувам масло) посебно, туку ги фаќам со сапуницата која се слева по должината на косата. Сепак нема дефиниција која е универзална. Земи некое масло, пробај неколку варијанти и следи си ја сопствената коса според реакциите - сама ќе си најдеш техника која најмногу ќе ти одговара. П.С. Маслото најдобро е да се нанесе на претходно навлажнета коса. Не мокра, само навлажнета и да стои 20-30 минути најмалку. Можеш по желба да ја замоташ косата во пешкир и да дуваш со фен од далеку. Последното секако по избор. Јас најчесто ја собирам во пунџа за да не ми смета и толку. Резултатите се одлични.
Јас користев вакво масло од др фирма али за оштетена многу ми беше сува и без живот,а за првут да ти кажам не сум приметила дали имало некое дејство може имало може не незнам искрено,али за оштетена коса е супер
Маслото нема никаква хранлива вредност за косата. На база на нафтени деривати е (парафин, петролатум) и не знам дали воопшто пишува колку проценти чичково масло содржи. Не би ме чудело да има само арома.
Koe maslo bi mi preporacale za suva kosa imam namera da kupam arganovo no gledam po forumot nekoi ne se zadovolni ke moze li da mi pisete od koe ste zadovolni vi e
Јас лично за коса имам користено кокосово и сум задоволна, го купив од Зегин, во тегличка е, околу 200 ден. Спојлер: слика Ја навлажнуваш косата со вода, ставаш од маслото и го оставаш да отстои, колку повеќе толку подобро. По желба можеш да ставиш и ќеса и пешкир врз косата. Потоа само го измиваш и толку. Освен за коса можеш да го користиш и за кожата, лице, за готвење и слично.
Да, затоа и имаат такви ниски цени зашто практично нема ништо хранливо за косата и само се таложат состојки кои го маскираат влакното па затоа може да ни изгледа дека „делува“, а трајно решение нема да добиеме сепак. Инаку против првут, можеш да пробаш со масло од чајно дрво или со кокосово масло. Масло од чајно дрво можеш да најдеш во Зегин (чисто масло е, потребни ти се само десетина капки од него) и е околу 200 денари, барај го тоа од ESI. Ефикасен препарат против првут ми се покажала оваа смеса: 2 супени лажици јаболков оцет 2 супени лажици вода 15-20 капки масло од чајно дро Мешаш да се соедини се, потоа масираш како со лосион и оставаш некое време да делува малку. Не мора многу долго, некои 15-20 минути, па ќе одмиеш добро. Би требало првутот да се повлече по неколку употреби. Може да се употреби и кокосово масло со лимон, но искрено мене лимонот косата ми ја прави како гума за џвакање. Не ми се допаѓа како ми делува, а само кокосово масло не се покажа успешно проти првутот кај мене.
Одлично, тоа е маслото. Слободно можеш да го додаваш и во шампонот што го користиш, но овој метод не ми е баш испробан на себе па не би знаела да препорачам некоја доза или финта за поефикасно користење. Тоа со оцетот ми е тестирано и навистина ми се допадна ефектот. Се надевам дека ќе делува и кај тебе.