1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Масла за коса

Дискусија во 'Коса' започната од butterfly33, 4 јули 2012.

  1. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    ^
    Од каде го купи тоа кокосовото масло во тегличка ? :)
     
  2. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    Рече од Биокулт, тоа е оваа продавница за органски производи, ги има сите видови масла.

    http://mk-mk.facebook.com/biokult.mk

    имаат продавница на две места во ГТЦ на спрат и на приземје на местото на парфимерија Сефора, или позади фото Бимбо така мислам му доаѓа.

    Истото масло можеш да го најдеш во други продавници за органска храна, како и во поголемите маркети, јас го имам видено и во Рамстор.
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Веќе ти напишаа над мене. Значи ова масло е 100% природно, се користи за кожа, коса, но слободно може и да се јаде! До толку е безбедно.

    А, зошто од Галафарм маслата мирисаат???? Им имаат додадено некој мирис, ама ич не ми се допаѓа.
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Си мислев Биокулт е фирмата, не сум од Скопје и незнаев дека има таква продавница. Фала во секој случај :wasntme: Кога ќе одам во Скопје, ќе проверам :)
     
  5. Winterborn77

    Winterborn77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Јас користам бадемово и маслиново од Галафарм и сум задоволна. Ставам еднаш неделно на цела коса и оставам да постои 1 час пред миење и косата ми е како свила :inlove: исто така ставам и во фарбата едно кафено лажиче или бадемово или маслиново и така помалку се гори косата. ;)
     
  6. odbojkarka

    odbojkarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Е сега ми треба помош од вас. Помагајтееееее!!!
    Денес за првпат ставам масло за коса, го купив тоа на Бонес што е од кокос. И ја измив косата и после ја исцедив нели и и ставив од маслото. Прво мислев да стравам само на врвовите ама викам ај ке ставам на цела коса што може да биде. Ама стаив "малце" поише, и го оставив 1 саат да стои. После тоа нели ја мијам косата читав треба многу да се мие, така и направив, ама не се вади после уште еднаш ја измив не се вади изнаставав многу шампон ама пак ми е мрсна косата.Сеа незнам што да правам веќе ;(
    КАј ми беше паметот брее :fubar:
     
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски

    Душо друг пат немој да ставаш толку многу, миј ја косата се додека не се извади цело масло. Остави шампонот да постои на главата 10 минути после триј и темелно исплакни :)
     
    На odbojkarka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Измиј ја пак со шампон и малку сода бикарбона,после тоа помини уште еднаш со шампон. Би требало да го извади маслото.
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Се согласувам, ги имам користено повеќето и сите ми се "гола вода".
    Можеби чичковото на Фитофарм е за нијанса малку подобро, го ставам пред фарбање еден час и ок е, ама ни оддалеку некои сјани резултати (патем, цената солидно ја накачиле. Во Зегин последен пат го купив за 93 денари, машала |( )
    Кренав раце од втривање масла еднаш неделно, или овие нашиве не чинат, или мене не ми делуваат.
    Наместо косата да е сјајна и поздрава, мојата после тоа е сплесната, нема волумен и е просто грда.
    Обичен регенератор повеќе ми врши работи.

    Тие од Бонес немаат врска, тоа кокосовото на крај го искористив за тело, т.е. бидејќи е парфимирано, за пилингот на Лилит. Едвај го дотрошив, врска нема со масло.
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    На Бонес се растворени со вода, реткички со јак мирис, и јас немав никакви резултати од употребата. А бидејќи еден период се изнакупив чичково од Бонес, сега ми остана и гледам да се отарасам од него како знам.
    Рицинусовото од фитофарм ми е прегусто, па тоа најчесто морам да го растворам малку со вода за да се размачка убаво.
    И ми текна да си направам мешавина од двете, со неколку капки пантенол и неколку капки вода. Убаво се размачкува, не е многу ретко, убаво си мириса, абе милина! И преголема разлика има кога ќе се измијам а претходно си ставам масло. И сјај, и волумен и бојата ми е некако поинтензивна. :)
     
  11. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    ^^Не го растворај маслото со вода и не прави никаква мешавина со вода,зашто водата го отежнува и го спречува навлегувањето на маслото во влакното или скалпот.Исто како во чаша вода да ставиш масло,тоа само ќе летни на површина и така ќе си стои. :!:
     
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Јас сум задоволна од маслото од Лореал. Го користам веќе неколку пати и косата навистина има сјај, преубаво мириса и е во многу подобра состојба од претходно.
    Ја немав фарбано можеби месец ипол и сега и во фарбата ставив од него и косата ми е ептен мека и со многу повеќе сјај од претходно.

    И луѓе, многу бавно се троши, се исплаќа за парите, вака се лажеш со овие другиве масла демек до 100 денари, а ги трошиш на 2 пати и кога ќе видиш многу поскапо излегува, а нема којзнае каков ефект.
    Плус веќе не ставам силиконски капки, сметам дека нема потреба дополнително да ја мрсам косата кога и без нив имам ефект, па и на нив ќе заштедам :D .
     
    На kikkki, Miss-Independent и Trendafilka им се допаѓа ова.
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    ^ Ах, кај го кажа сега ова, да не пукниш ]:) , каде попрво парите крваво заштедени - на пудра ли, на гз папир ли, на масло ли? :D :D
    Кажувај само кое, ги има 2 различни во Рамстор.
    И јас не користам силиконски капки којзнае од кога, ги баталив.
    Ништо арно не ми прават, само ми ја заплескуваат косата. |(
     
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Eпа се изјаснив на некоја од претходните страни, го земав тоа за фарбана после долго зјапање во декларациите :D
    А твојата мака Трендафилке се вика опортунитетен трошок- ако ги дадеш за едно, ќе немаш за друго, со прости зборови кажано...
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Слажем се со Сеси што се тиче опуртунитетниот трошок и оправданоста на цената на маслото Лореал, ама од друга страна и со Трендафилка потполно се сложувам што се тиче
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    sesilija- Маслото од Лореал колку милилитри е и колку пари? :wasntme:
     
  17. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Леле се` ви напишав претходно, ама изгледа никој не врти наназад :devil:
    Ајде пак ќе кажам- 100мл, цена 545 денари.
     
  18. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Хахахха те молам само без нервози :D Епа на некој начин се исплаќа, само шо овие другите масла се помалку милилитри и поефтинки, а ова еднаш ќе дајш поќе пари ама барем поголемо е :)
     
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Не само што е поголемо, туку и не се става толку многу од него. Се притиска 3-4 пати капачето, маслото се распределува на дланките и се нанесува на мокра или сува коса, или ако сте љубопитни и во два наврати :D и тоа е тоа
    Еве јас го имам значи колку, мислам 3 недели, а дали ми е потрошено пола центиметар, па сега видете кое повеќе се исплаќа :)
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.171
    Пол:
    Женски
    Сесилија, како што разбрав и од претходните постови - маслото не се плакне ако на пример се нанесе на мокра коса !?
    И ме интересира - не ја мрси косата, ако на пример го нанесам после миење и се сушам со фен ? :?:
    Косата и онака ми е многу мрсна, па можам да замислам што каша-попара ќе стане од неа по комбинацијава. :worried:
    Затоа пишав, да споделиш искуства и околу тоа. Или немаш таков проблем со природното мрсење, да чекам Трендафилка да купи, ор уат? :wasntme:
    Сомнително ми е маслово и тоа многу, да не се зафркнам ко со шампоните на Лореал. :|
    Ама додек' не се изгориш, тоВа је. :D