Кокосово! Дефинитивно, се крстам во него. Го купувам во тегла во ДМ, а го има во сите поголеми маркети и продавници за здрава храда. Јас го ставам на сува коса, преспивам и после ја мијам косата! Дефинитивно нема ништо подобро.
Неодамна купив Чичаково и Оревово масло за коса . Сеуште не сум ги пробала , но ќе постирам слики , ако некој има искуство со нив , би сакала да сподели со мене
Масло од орев Чичаково масло П . С . Се извинувам за квалитетот на сликите , малку е лош , ама не можев да си ги смирам рацете
Колку што јас се разбирам ова не е чисто масло туку парафини Не знам каков ефект ќе ти даде на косата но сигурно нема да ти помогне како чисто, вистинско масло. Подобро купи си кокосово од Зегин во тегличка, околу 200 ден. е.
Овде има се , освен вистинско масло.. првото е парафин , не ти препорачувам да го користиш , јас би ти го препорачала ова , превземена е сликава од блогот на @Biodevojka а еве и овде можеш нешто да прочиташ - http://biodevojka.blogspot.gr/2017/02/blog-post_26.html Маслово го има во ДМ , Космо и Зегин околу 800 денари му е цената
Леле драга колку се нервирам кога ќе видам вакво нешто...пишале масло од орев а нема никаде масло од орев ни една капка!!! Станува збор за течен парафин со парфем на орев...Земи го тоа што ти го пиша @koritsaki станува сепак збор за чисто масло. Ако ти е премногу скапо земи јојоба, кокос или било кое друго масло 100% чисто. Секогаш читај ја декларацијата и штом видиш течен парафин не земај воопшто!!! Поздрав.
Fala vi devojki , jas pak ne ja ni vidov deklaracijata , a sakav da zemam i kokosovo i arganovo maslo od istive srekja shto nemaa vo momentot . Kje si kupam kokosovo od Zegin A i ova sto mi go preporaca Koritsaki ke go pobaram . DM nemame vo Tetovo kolku sto znam , imase ama go zatvorija Kje vidam po drugive marketi ako go ima ili vo Zegin kje prasham ovde dali go imaat
Женски во веро налетав на аргановото и маслото од макадамија на интитут органика, двете заедно за околу 500 денари, посебно купени се едното 500, другото 700. Што е разликата? го имав аргановото порачано летото, и колку што памтам се беше исто во пакувањето, 50 мл. Имаа и рок на траење 1 година. Сомнително ми е незнам дали да ги земам.
Од време на време прават промоции. И јас еднаш си ги купив на попуст двете заедно!!! За секој случај провери го рокот. Само од мое искуство рокот бил секогаш ок со овие масла. Поздрав.
тоа масло го препорачуваат за забрзување на растот на косата. Се става во коренот се масира скалпот се оства најмалку 1h потоа миеш со благ шампон
кокосово..многу полесно се чешла и локните се истакнати цврсти. јас се мачкам со кокосово масло ја мотам косата во марама и легнувам така..ја мијам сабајлето и одличен ефект има
Зедов масла еден куп,и органски као демек,тоа кокосовото од зегин органското така и пишува на него дека е чисто,220 денари што е,маслиново масло од 1л екстра девствено и рицинусово сенсилис на галафарм вика органско дека е дрн дрн али го зедов за 100тина денари негде. Добри се? Сакам да прашам, дали правилно ги ставам на коса оти не гледам баш некој ефект.Ја истрижив кратко косата до рамена негде,демек оштетеното да истрижам,и еве мачкам ама нема некој ефект. Го загревам маслото во миркобранова,не жешко туку топло,на сува коса значи пред да ја измијам,ставам со масирање на скалпот и мачкам по цела должина. Некогаш ставам во најлон и преспивам,некогаш оставам врзана да стои маслото неколку часа(минимум 3-4)... После измивам со шампон од лук. Маслата ги комбинирам,некогаш едно,некогаш две а некогаш и сите три ги ставам,пр. на корен рицинусово,по должина маслиново/кокосово или двете заедно. Дали да ставам на влажна коса,дали да не ги загревам или добро правам? Грешам некаде? Инаку плавуша сум. Ептен ви фала,јас не сум многу информирана,битно лупнав пари за маслава И дали шампонот од лук на херба мислам беше е добар? Морам да едитирам пак,ленено масло,се користи во нега на коса или по салати и сликарски техники е повеќе? Неедуцирана,јазк
Маслата се добри, гарантирам за кокосовото бидејќи тоа сум го пробала за коса. Добро правиш се, само би те советувала да ја намокриш малку косата пред да го нанесеш маслото. Така маслата поубаво ќе продрат во влакното. Јас плус како дополнителен чекор кој се покажал доста ефективен кај мене, пред да ја ставам кесата, ја загревам малку косата со фен, па потоа кеса ставам. Рицинусово масло можеш да ставаш на коренот ако сакаш да поттикнеш раст на косата. А кокосово по должината. Јас така би правела. Секако сигурно не е штета ако било кое го нанесеш по должина нели. За шампонот не би знаела да ти кажам. Јас користам природни шампони веќе некое време и косата ми се прероди, почнаа нови влакненца да ми растат, да ми се згуснува. Од кога ќе ја исушам со антени сум од сите страни, ама ако
Благодарам многу,за шампонот не сум проверила состав.ама како демек е природен и е за секојдневна употреба тој од лук на херба е.Исто и тој е за поттикнување на раст на косата,не е нешто посебно,косата ми расти просечно -нормално како и претходно. А за ефект од рицинусово во однос на раст е рано. Дека не забележав ефект од другите две кои ги мачкав по должина на коса,затоа прашав. Ќе пробам на малку мокра коса,и да згреам со фен,едитирам не сум прочитала добро дека ја грееш пред да ставиш кеса,значи со маслото на коса. Ќе пишам ефект за неколку недели. Поздрав