Шампонот од лук го смени , премногу ја суши косата затоа и негледаш ефект ..... земи некој друг косата со првото миење ќе е сосемa мека и со сјај , а нема да е остра и без сјај Head & Shoulders, Wash & Go Garnier Nivea
Океј е лореал-елсев? Такви земав неколку дома,црниот со црвено витамини и тракатанци,после овој со лук тој ми е на ред
Arganine resist е супер и формулата, составот, се е океј. Друг фин шампон од Лореал е зелениот (минт) со 3 вида глини. Супер е за масна коса.
И таков имам и маска за тој,суви врвови масен корен така? Овај не маска ами регенератор од зелениот имам во шише што е. Тие ми се на ред,розовиот го имам користено не забележав нешо вау ефект или промена,а зелениот го немам пробано,2 шишина од црниот искористив пред 1месец. Фала ти многу.
Маслен спреј за нега на сува коса. Не се одмива, прскај на мокра коса и избегнувај ги корените, фокусирај се на врвовите.
Па претпоставувам дека ми е станат преосетлив , од кога ќе ја измијам косата после некое време горе на скалпот се осеќа некоја лоша миризба на шампонот.
Тоа не мора да значи дека скалпот е осетлив, туку причината за тоа можеби е некаде внатрешно, предизвикана од некои жлезди и сл. Пробај да ја смениш исхраната, исфрли мрсни и нездрави работи. Mожеш да ставаш по 2-3 капки масло од чајно дрво во шампонот директно на рака додека ја миеш косата. Или да ги мачкаш корените на косата со чичково масло (има антисептичко дејство), но или домашно или навистина квалитетно чичково масло без парафински додатоци.
Каков проблем може да биде , ако може да ми кажеш поконкретно? На исхраната баш напротив многу внимавам па не верувам да е до тоа.
Не би знаела и најмалку би сакала да давам дијагнози од ракав, сепак најдобро да се советуваш со дерматолог штом ситуацијата е таква.
@Mishela Се извинувам што упаѓам во муабет,ама како се прави домашно чичково масло? Јас имам купувано разни масла од аптека,ама сакам нешто демек поприродно...косата ужасно ми се мрси и морам на два дена да ја мијам,а посебно скалпот ми е ужасно мрсен...
Корен од чичек/чичка се мие убаво во топла вода и се сецка на мали делчиња. Ги префрлаш во стерилна стаклена тегла и полниш со маслиново масло (нерафинирано) додека не се залие целата содржина. Затвараш убаво и ја оставаш теглата да стои на ладно и темно место, најдобро во орманче/креденец во кујна. Така треба да стои околу 40 дена и потоа можеш да го процедиш и претуриш во темно шишенце и маслото ти е спремно за употреба. Исто така да не заборавам да напоменам, убаво е да се протресува теглата еднаш до два пати во денот, дури стои затворена во текот на тие 40-тина дена. Сите масла ги правам на сличен начин, бадемовото само се правеше малку поинаку, ама во принцип постапката е таа - се меша билката со маслиново и треба да отстои извесен период на темно и студено.
Не е за коса, ама ми треба кантарионово масло во најконцентриран состав. Предлог од која фирма? Да го најдам во аптека.
Во аптека нема шанси да најдеш кантарионово масло што нема парафин во составот. Тоа само да земеш од некој домашно. Лесно се прави, исто како чичковото само што тука цветовите ги залеваш со маслиново. Ама кантарионот се бере во лето, рано е уште за него.
Да, знам. Затоа барам информација за направено готово. Се надевав дека постои некое како на Еси од чајно дрво, чисто.
Побарај на Алкалоид, тоа беше многу добро. Само дали уште го прават. Немој од Галафарм, Фитофарм. Ако те води патот накај Бигорски манастирот, они продаваат кантарионо масло што го прават самите или монахињите од други манастири.
дали некој знае или има сличен проблем краевите од косата ми се подврзуваат и ко ќе се чешлам оп ќе се скини..а метил или испукани врвови немам..совет?