Здраво Феминки, пошто сум нова тука сакам да ми дадете совњти за побрз раст на коса. Имам пробано кокосово масло, сок од кромид и алое вера. И имаше резултати. Сега користам Б комплекс во шампон резултатот е одличен. Но сега сакам да пробам кокосово масло и природен гел од алое вера. Што мислите за тоа
И мене ми се појавуваат, особено откако ќе ставев кокосово масло или било кое друго масло додуша. Мој предлог: после шампон и маслото исплакни ја косата од кај коренот со разреден јаболков оцет. Оцетот ќе ја врати природната рН вредност на скалпот и нема да ти се појавуваат, слободно можеш после тоа да го исплакнеш оцетот само да поседи минута некаде.
За фарбана не сум сигурна, ама мојата природна руса доста ја затемни од неколку употреби и тоа кај врвовите. Како некое 'washed out' сомбре изгледаше. Престанав да го употребувам и преминав на чичково тогаш, а косата ја вратив во нормала со одмивки со чај од камилица и лимон.
Мојата е темноруса, ама на сонце има златен отсјај.Сакам малку да ја затемнам, ама не сакам никаква хемија, ни колор шампон, ни ништо да ставам посебно не сега кога е периодот на опаѓање.
Стави масло и врзи ја во некоја пунџа, нека стои така неколку часа кога имаш прилика. Дури ја миеш косата, можеш да ја исплавиш со чај од коприва. И тој е добар за темнокоси, ја негува бојата и додатно има удел во затемнувањето, т.е. истакнува потемни нијанси. Плус копривата е добра против опаѓање.
Ставам кокосово и рицинусово масло на косата, дали е во ред да ги оставам повеќе време да стојат на пример 5-6 часа?
@Biodevojka каде би можела да најдам чичково масло со добар состав, што нема да биде парафинска мешавина? Дали и воопшто може да се најде, немам пребарано.
Драга моја знаеш дека не знам...немам видено во Ск. Знам дека има едно на галафарм или фитофарм не ми текнува, ама не знам дали е чисто. Некој ако може да ми го слокне од аптека или ДМ па да го видам. Рицинусово има само едно чисто ама не ми текнува дали беше на галафарм или фитофарм. За жал ограничени сме со овие видови на масла..може да се најдат само од овие два производители...
Купив кокосово масло за коса од ДМ. Ставив на мокра коса малку на врвовите и ја оставив природно да ми се исуши. Има некој правено така? Пошто прв пат користам масло.
Биодевојка, конечно купив чичково масло денес, па ѕирнав декларација. Сенсилис од Галафарм. Нема парафин, но дали ти изгледа океј? Ми се чини дека не е лошо, ама колку го бива не знам да проценам, па сепак сакам да слушнам твое мислење.