Да драга ок е. Тие последните состојки се сите можни алергени од парфемот кои според закон мора да се наведат затоа што некои луѓе се алергични. Инаку како состав е ок. Има маслиново масло и екстракт од чичок. Поздравче
Ај една помош сега. Каде да најдам поголема количина на рицинусово ладно цедено, на пример еве литар?
Јас го ставам како маска, на полу-влажна коса (можеш и да ставиш и пешкир на главата), од половина надолу, и седам така неколку часа или колку имам време, па потоа ја мијам нормално со шампон.
Стави го тегличето во топла вода некоја минута да се загрее. И после убаво скалп, корен, врвови измасирај 5 минути убаво и нека отстои некој саат.
Рицинусовото масло ми е при крај, па се мислам кое да го земам следно. Иначе имам тенка коса, онака ретка ми е ама немам проблем со растење во должина, само за у густина ми е проблемот. Од маслово претходно што го користев косава во должина како луда ми расте ама сепак ретка ми остана. Кокосовото да го пробам? Препораки?
Ај вака да прашам може ќе личи на глупаво прашање ама само тоа ми е променето во врска со косата. Го сменив кокосовото масло, од тогаш 2 пати кога имав нанесено на миењето на косата ми паѓа премногу. Инаку го користам шампонот со б6 витамините, пантенолот и ад капките и навистина повеќе од година ми помага како за раст така и за опаѓањето но сега ми се случи ова. Променето во врска со косата ми е само тоа, дали би можело од него да е?
Здраво девојки, јас малце да се убацам у темава. Ми треба помош. Чешларките кај што одам ми велат дека имам коса, не била ретка, али тенко било влакното и затоа ми се плеткала косата. Плеткањево ме води до плачење буквално, многу ми е болно кога се чешлам. Значи како чешлам на една страна, другата се плетка, сегде, не само на врвови, па, поминувам пак кај заплетканово, па другото и можам да се оставам така цел ден, во круг да се вртам, али нормално не ми е само тоа работа и ја фаќам во репче и го терам денот, не знам како да објаснам, катастрофа! И после го пуштам репот и суканици природни имам. Ете! Тоа е вистинскиот збор, природни суканици ми се прават во текот на денот, без разлика дали ми е фатена или пуштена косава. И седам јас и си мислам, оваа агонија не се трпи веќе, косава најверојатно не ми е здрава, и мора да ја нахранам. Купив ореово масло, али најевтиното , и нормално разлистав во темава и велите дека не го бива. И сега ќе го фрлам. Летово купив арганово масло и го шибнав на глава и резултатот беше фатален неуспех, со тешки маки ја исчешлав косава, вереников да не беше до мене ќе се шишав кец. А читав дека било за секаков тип на коса. Мислам дека не ми е оштетена, зошто се фарабам еднаш годишно, еве во 2018 тоа беше во март и не ми е во план да се фарбам пак. Не ја виткам не ја пеглам, одам да ја кратам ако е расцветана. Врвовите ми се суви, коренот мрсничок. Кога ја префрлам косава од една страна на друга имам болка на теме, не знам како да кажам, онака, буквално ако фатам прамен да префрлам од лева страна на десна, осеќам болка на темето. Пијам витамини за друга потреба али ги внесувам и оние што биле потребни за добра коса... Може на доктор треба да одам.. Кажете ми некој совет ако некој имал сличен проблем, кое масло да го ставам и како да го користам. И ако не е за тука постов, извинете.
Земи органско ладно цедено косово масло. Во тегличка што е. Пред да ја миеш косата навлажни ја малку и стави на врвовите од маслото. Убаво нанеси низ целата коса, но не и на скалпот. Замотај ја косата во кеса и крпа. Чувај ја така 2 саати најмалку, можеш и повеќе. Најубаво е пред спиење ова да се практикува па после сабајлето да си ја измиеш косата. Косата станува мека и можеш секако да ја облкуваш. А исто така можеш да земеш и од Глис спрејовите што се за разчешлување, јас ко користев црниот со златни букви и бев многу задоволна Тој се користи после капење, прво прскаш па ја чешлаш косата
Ех да не е спрејот останав нечешлана.. хах А кажи ми ова со кокосовото, се измива лесно, мириса, не мириса?
Мириса, но кога ќе го ставиш на косата не се чуствува мирисот. Секако нема да ставаш големи количини, минмално. И не на скалпот. Со две шампонирања измиена си, мислам зависи од должината на косата.
Јас ставам бадемово масло на целата коса еднаш неделно. Ја мачкам цела коса и оставам да ми стои барем најмалце 2 часа и послем ја мијам. Преубава ми јс прави маслото и што е најбитно не дозволува да ми цветаат врвовите
Гледај само во составот да не пишува paraffinum liquidum на почетокот, затоа што истото не би било баш масло во вистинска смисла на зборот. Дури и базата ако е некое друго масло, не е лошо ни тоа. Овие Сенсилис (немам поим дали се Гала или Фитофарм) не се лоши. Од поевтините знам дека оние Бонес или како и да беа, не чинат. Внатре имаат само парафин и парфем.
Плава да не си фарбана?Јас кога бев плава многу ми се плеткаше косата, без спреј Глис никако не можев да ја расчешлам. Прво би ти препорачала да отидеш на дерматолог, тие болки во скалпот не се на арно сигурно ти е иритиран од нешто или е од шампонот или од фарбата, сепак најдобро е да си отидеш на лекар, ќе ти даде соодветна терапија и медицински шампон. Можеби ова нема да ти се допадне ама мислам дека најдобро е да ја скратиш оштетената коса и да почнеш да ја негуваш твојата најдобро е со рицинусово масло на коренот и ладно цедено кокосово масло на полувлажна коса оставаш да отстои еден саат и после ја миеш.И купи си Мерц дражеи побрзо расте косата од нив ама не очекувај инстант резултати, туку мора да испиеш две-три шишенца.Само трпение и многу нега и се надевам ќе ја опоравиш косата.
@Salome не сум плава, темно кафена ми е природна, така и се фарбам, нијанса потемна, посветла зависи што ќе фатам во продавница Викаш на лекар да одам за болки во скалп, малце глупо ми е бе, Докторе, мене ме боли глава кога ја мрдам косата, хахахха... Каква терапија би ми дале имаш претстава? Апчиња нешто или? Мерцот ги имам пиено и функционираат, али почнаа сегде да ми растат влакна и ги прекинав. Рицинусово масло за што е? Од кај да ги купам маслава, а да се стварно квалитетни? И да не знаеш некој добар фризер, што стварно си ја сака и знае работата да ми препорачаш?