Женски денес за прв пат го употребив ДАБУР АМЛА маслото, го сретнав на фб, индиско масло, за долга и јака темна коса ..примамливо звучеше хаха. Сакав да прашам дали некој има искуство?
Јас имам слушнато дека амла маслото е за масажа на скалпот и го забрзува растот на косата но не го имам користено. Пробај некој период па ќе заприметиш разлика. Јас користам маслиново и арган па доста ми помагаат за сјај, мекост и растење на косата.
Порано користев кокосово и рицинусово масло и бев задоволна, па дали би можеле ли да ми препорачате од која фирма би било најдобро да земам повторно? За кокосово знам дека е препорачливо 100% да биде, но за рицинусовото не знам, сакам да е природно и без некои дополнителни хемикалии и парфеми па затоа прашувам.
Би требало да, дефинтивно ќе ти даде и сјај на косата. Јас кога си правам маска со рицинусово и жолчка косата ми е многу помека.
Јас имам густа коса. Се надевам ќе ми ја измазни иначе ако ништо не ставам многу во волумен ми се збувнува. Ќе пробам утре, фала ти.
И јас мислам дека ќе ти ја скроти косата, доста тешко масло е вака на прв поглед, но некако имам чувство дека има најмногу ефект во омекнувањето на косата и најбргу дава резултати. Барем по мое искуство. Јас во моментов користам чичково масло. Еднаш неделно или еднаш во две недели, зависи од состојбата на косата, ја потопувам косата од ушите надолу, ја собирам и ја оставам да стои неколку часа. Многу ми е помека, полесно се обликува и не ми изгледа оштетена на врвовите.
Можеш да го употребиш како сакаш, и на мокра коса пред фенирање и на сува за обликување или скротување разлетани прамени. Јас вакви маслени третмани користам на мокра коса, пред фенирање.
Девојки дали сте слушнале за Дабур Амла масло за коса? Многу помагало за побрз раст на косата, читав по српските форуми дека го користат. Па дали знаете каде може кај нас да се купи?
Некој да ме просветли како и кои масла ги користите на сува коса? Јас ставам микс од кокосово, рузмариново и рицинусово на навлажнета коса, да отстои 1 час, па нормално ја мијам со шампон. Но имам проблем со суви врвови и пукање така да ми треба нешто за заштита на косата после миење. Пробав да ставам мааалку кокосово на сува коса пред пеглање и ужасно се приметува, како да не сум ја ни измила косата.
Јас го користам ова и сум многу задоволна. Се прска на полусува коса и не се измива. Не е густо како силиконски капки и не ја мрси косата доколку се користи претерано. Го купив во ДМ.
Нееее, не се става пред пеглање туку после пеглање ама препрепреемалце само на врвовите или од ушите кон врвовите.
Ако користите масло пред миење на косата како го користите и колку количински ставате, и колку време ви стои на косата? Купив бадемово масло бидејќи ми требаше за нешто и ми остана прилично многу па сакам да го искористам..
Na blago navlazneta kosa ,zavisi od dolzinata i stavi kolku mislis deka ti e dovolno nema nekoe pravilo,ostavi go najmalku 1-2 saati pa izmij se ili ako nemas obvrski mozes i preku nokj da go ostavis