Не знам зошто, но не плаќам луди цени за производи за коса веќе. Кокосово масло ставам неколку часа пред миење. Потоа на косата на врвовите ставам маслени капки или течни кристали. По локални парфимерии се наоѓаат за 200-300 денари.
@sorbet де не го имаш случајно користено маслово за коса на Конопка? https://www.bellina.mk/p/540/restor...-maslo-za-suva-farbana-i-oshtetena-kosa-30-ml Или некој друг ако го користел нека каже
Го немам користено. Според составот и тоа што го имам дома можам да си направам некоја DIY верзија, па да го користам како третман пред миење коса.
Го користам истото, цената на шишето од 150ml е 2300денари, а има и помали мислам од 60ml или 90 и мислам дека беа околу илјадарка.(цената ја кажувам за од салонот каде што одам јас) пред неколку години беше поевтино, но воопшто не се паметам која му беше грамажата.Го земам големото паковање бидејќи е поисплатливо а и долго трае. Се мијам коса скоро секој ден и од него користам исто така, трае по една година. Преубаво е и ефикасно, на прв поглед скапо но сепак е за долга употреба. Нема да погрешиш
Јас ова масло за коса го користам. Содржи: органско кокосово масло, сончогледово, маслиново, масло од јојоба, арган, бадем... Плус има вит. Е во него, и има преубав мирис.
Колку пари е отприлика кокосовото масло во тегла? Сакам да купам од аптека ама појма немам колку е. И како го користите? Така си го нанесувате во цврста состојба?
Пред неколку дена си купив кокосово масло од ова на Bio Life што е. Мене многу убаво ми мириса. Прво ќе ја скратам малку косата па после ќе почнам да го користам. Ќе пишам резултати.
Запомни само се нанесува на благо навлажнета коса се покрива со ќеса и врз неа пешкир (може евентуално да загрееш минутка две со фен). Се остава да отстои најмалку 30 мин.и се мие. Обавезно пиши за резултати.
Секако може...од минимум 30 мин. до максимум преку ноќ. И јас многу често преспивам со маслата. Стави си само убав пешкир на перницата вослучај да ти се измести ќесата од глава во спиење.
Си купив масло на Пантен со арган и дали можам на мокра да ставам пред сушење? Ми е страв да ја спржам косава