Да, лесно се мие и после тоа јас чувствувам дека косата ми мириса на кокос Јас преспивам со маслото на коса и наредното утро ја мијам
Ја користам цела колекција бидејќи имам сув скалп на косата. Шампон, маска, регенератор, спрејот за расчешлување ( едно време беше хит на форумот, сите се прскавме со него) и маслото. Презадоволна сум
Јас имам многу сува и густа коса што тешко се расчешлува, плус е и долга, природно права и фарбана. Немам оштетени врвови, влакното ми е квалитетно и цврсто. Користам регенератор, но како да не е доволно Решив да земам и некое масло, па според вас кое најмногу би одговарало за мојот тип на коса?
Има масло за расчешлување? Ако ти е сува косата, ставај на мокра коса пред миење некое масло, на пример бадемово или маска од Бадемово, жолчка и мед, држи некое време и после миј нормално со шампон и регенератор.
Искрено, не се разбирам многу од маслава, не ги користам. Приметив дека само регенератор не ми помага за расчешлување, па си викам да не има некое специјално масло што помага Ќе пробам со бадемово
Не знаев дека пантен има масло со арган. Инаку подобро од масло од арган нема, ама од арган не со арган. Страаашно многу е скапо инаку пустото
Na pantene ne e chisto od argan ama sodrzi. Najubavi mi se maslava na pantene, kolku i da stavam ubavo si se upiva i ne ja mrsi kosata a presjajna i premeka. Ne go menuvam za nisto. A na cisto arganovo nisto mu nema ramno ima vo dm ama za taa kolicina e premnogu pari.
Дали мора да се измие флуидов после нанесување како што е наведено на упатствово? Го земав како замена за силиконски капки, одамна не употребувам ама ми треба нешто да ми ги штити врвовите од ладново и од триењето од шалови, јакна и сл.
Од ДМ го земам, а за цената не се сеќавам баш мислам дека околу 700 денари ако знае некој точно нека каже, ама го земам на попуст кога е околу 400 денари, а исто некогаш има арганово и масло од макадамија или јојоба за околу 500 денари па така баш се исплати.
Девојки денеска ставив рицинусово во скалпот ама многу тешко се измива, дури три пати ставив шампон ( истиот што го користев и претходно). На скалпот ми се појави црвенило. Дали е можно да е од маслото? на фитофарм е. Или од шампонот. Морам да ја означам и @Biodevojka