Ако мислиш на овие Не се чисти масла, туку се на база на нафтени деривати. А чисти масла се многу поскапи и не знам ни дали ги има кај нас, види во Биокосмос.
Не се на база на нафтени деривати, само масла се повеќето. Бадемовото е чисто бадемово без други примеси, а чичковото е микс со маслиново. Ореовото масло беше нешто слично исто така. Другите не знам, не сум ги користела. Органски секако не се, ама далеку се од лоши.
Јас мислев дека се на база на парафин. Пошто такви беа порано кога ги купував, ама зборам пред години, со друга амбалажа. Не сум ги гледала сега, од таа причина што верував дека не се чисти масла. Моја грешка.
Ги памтам и јас старите, да. Сменета им е формулата кога направија рибрендинг и најчесто базата им е маслиново масло. Некои имаат парфеми, некои веројатно не. Еве кај чичковото ги пишува можните алергени од парфемите, а кај бадемовото си стои само прунус амигдалус. Мене бадемовото ми е најубаво, го користам и за лице и за коса.
Да ми препорачате некое масло за после миење имам и виткана коса па сакам да ми помогне за сувоста и да ми ги дефинира локните
Кокосово масло пред миење да ти остои најмалку еден час, имаш потоа дефинирани локни, ама кокосово она во тегличка што е тоа е право кокосово масло во Зегин и Дм има.
Новите масла од Ревокс ! Топ топ секоја препорака Особено аргановото , косата ми е толку сјајна и мека неверојатно ( го ставам пред миење неколку часови ) Исто и рицинусовото , густо е многу и тешко за аплицирање го ставам на скалпот веќе две недели пред миење 1-2 часа и навистина опаѓањето се редуцира ( во комбинација со шампон против опаѓање ) Исто така и кокосовото масло од Стокмак е најисплатливо и супер за косата .
Со години го користам Orofluido, најубаво e, ми ја има спасено косата кога ми била најоштетена од третирање со бланш/хидроген и топлина.
Јас го земам од кај мојата фризерка, ама го има и на инстаграм, профилите беа отприлика hairshop.mk и mojfrizer, така некако побарај, ќе ги најдеш.
Задоволна од оваа маска, за оштетена коса. Мојата е мрсна и сува, по првото миење се забележуваат резултати. Ќе пишам пак понатака,да видам дали ќе даде уште подобар резултат од овој што е.