Од сите масла кокосово масло најмногу ми ја оправи косата, пред неколку години косата ужасно ми фаќаше метил, и тоа ја кратев секој месец, откако почнав со ова масло можам слободно цела година да не фатам врвови. Исто и рицинусово масло е многу добро, мајка ми има многуу ретка коса која воопшто не и растеше, сега и се згусти, е сега не некој огромен волумен ама многу погуста коса има и покрај редовно фарбање, и од коса која само до раменици и растеше сега до пола од грб и е и тоа со редовно кратење врвови.
Od ricinusovo li i porasna? Sakam da znam koe e potiknuvach na rast. Imam koristeno kokosovo i chichkovo, ricinusovo ne.
Да од рицинусово, тоа е многу густо масло и јас го користев еден краток период, потешко се нанесува на косата ама затоа после миење веднаш се познава разлика, и косата и се зајакна многу. Мислам дека мајка ми има едно од најслабите тенки влакна, а сега постојано се фарба на еден месец и тоа не само корени и супер и е косата. За раст можеш да користиш Б витамини и пантенол во шампон, и тоа помага многу ама мора да бидеш упорна од еден месец не очекувај ефект, по користење од неколку месеци косата добива во должина.
Да ми препорачате марка на Аграново масло (Cosmo, ДМ?...)...само под услов да е чисто аграново и цената (ако може) да е прифатлива
НАЈДОБРО НЕШТО ШТО МОЖЕ ДА ГО НАПРАВИШ!!! Јас секоја година правам по 5 литри за да имам за цела година за разни проблематики (или за подотовка на сапуни). Се прави само од свежа билка и само летно време (со метод на сончева енергија), а се користи во безброј состојби на кожата (црвенила, иритации, убоди итн.). Доколку си заинтересирана повели видео за процедурата на изработка Спојлер
@Biodevojka @jok фала ви за брзите одговори. Мислев какво искуство имате со маслово за косата. Дали сте го користеле за коса и кои ефекти ги има.
Драга за коса го немам користено. Јас претежно го користам за кожа на телото за изгореници, како масажа на лицето, за смирување на евентуални црвенила (на пример пост депилација) или во сапуни.
Најчесто и на коса го ставам. Ја прави мека после миење, Со него издржува и 4 дена чиста. Пробај, ништо не губиш.