Прашање за рицинусовото масло, јас последно го земав ова https://fitofarm.com.mk/mk/product/рицинусово-масло-ricini-oleum/#prettyPhoto[gal]/0/ На декларацијата пишува масло добиено со ладно цедење на семе од рицинус. Можно е да е ладно цедено и немешано масло? Некако не ми делуваше скапо, затоа прашувам, а гледам горе и за сензилис се дискутирало во овој контекст. Некако не ми се верува, ама сепак да прашам од поискусните.
Вчера си ја намачкав косата со маслиново масло (за салати), како сега да го отстранам маслото од мене? Пет пати ја поминав со шампон и повторно е мрсна
Масло не се става на скалп. Земи бебешка пудра, истапкај ја косата со неа (внимавај да не ја вдишеш), нека се упие убаво маснотијата. После тоа повторно измиј ја убаво, би требало да се изгуби маснотијата.
Ептен ми е погодена маскава периодов, кога се пливам скоро секогаш ја мокрам и морево ми ја пресушува, маскава ми ја прави мека и нежна како свила,плус лесно се расчешлува.
Каде го чувате кокосовото масло, она во тегличка? Во продавниците го чуваат по обичните полици, а јас штом го донесам дома ми се растопува. Кога го ставам во фрижидер се прави камен, па морам пред ставање на коса да го топлам. Како е правилно да се чува?
На кој начин го користите кокосовото масло за коса? Дали ви стои на коса пред миење, се става на миена мокра коса или после фенирање? Мене врвовите ми се суви, не знам како е најдобро да се аплицира.
Пред миење на сува коса го ставаш и држиш колку што можеш. Што појше-поубаво. Јас го држам по саат одприлика и после миеш со шампон. П.С Јас ставам на цела коса од корен бидејќи помага и за растење на косата, зацврстување и на врвовите.
На благо навлажнета коса се става, пред миење. Не на сува. Поголем е ефектот од маслото кога косата е малку влажна.
Јас знам на сува дека се става. Ова од тегла за јадење што е. А тие специјалните за коса не знам, не сум користела.