Да, јас го користев , го користев така што ставав поголема количина на цела коса и скалпот пред миење , пола саат ја држев косата во пешкир и потоа се миев. Одлилно беше мене многу ми се допадна. Даваше голем сјај на косата
Здраво феминки сакав да прашам нешто. Вака сега имам мрсна коса, т.е ми се мрси на 2 дена и сакам да користам кокосово масло па сакав да прашам дали треба да го избегнувам коренот за да не ми се мрси побрзо или тоа нема врска?
Масла генерално не се ставаат на коренот, обично само на врвовите и секогаш на благо навлажнета коса. Нема да можеш убаво да го измиеш ако го ставиш на коренот.
Не сум користела за коса, за трепки и веѓи само, ама тешко е, лепливо и мрсно, уште потешко ќе го измиеш. Јас не би се осмелила да ставам на коренот, и мојата коса се масти.
Ако имаш сува коса, немаш проблем Јас ставам редовно, го мешам со кокосово масло и така полесно се нанесува на коренот. Се измива нормално, со 2 пати шампон.
Кокосово масло, мислам имам и претходно пишано ама не она од 50 ден, органско кокосово масло во тегличка. Одамна не сум го користила поради немање време ама на косата и дава многу убав ефект. Се нанесува пред да се мие, најдобро подолго да си постои, потоа убаво се измива. Сега ми текна дека локните и затоа постепено ми ги снема, додека го користев редовно имав убаво оформени кадрици сега скоро на пола ми останаа.
Мене не ми се мрсеше брзо кога ставав рицинусово и на корен (иако имам коса што преку еден ден се мрси...), само што 3 пати требаше да ја измијам за да се исчисти темелно... Ама после тоа косата ептен ми беше мека и сјајна. Ако имаш слободно време некој ден вреди да ставиш и на корен, иначе ставај само на врвовите, многу време да не ти одзима.
Може цена? П.с. Јас сум задоволна на тие од Авон, немам заприметено конкретно кое го користиме, мајка ми ги порачува.