Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Масла за коса

Дискусија во 'Коса' започната од butterfly33, 4 јули 2012.

  1. emms

    emms Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2021
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Всушност ова е грешно, маслата се нанесуваат на коренот односно на скалпот, бидејќи косата од таму расне. Масирањето на маслото во скалпот ја зголемува циркулацијата на крвта, што може да го подобри растот на косата. По внесување се масира со врвовите на прстите. За мрсна коса не се препорачува кокосовото масло бидејки може може да се заглави во порите и да ја направи косата по мрсна. Но на пример рицинусовото масло помага за раст на косата во тој случај треба да се нанесе на коренот нема смисла да го нанесеш на краевите кога косата расне од коренот, логично.. За да го измиеш подобро маслото од косата откако ке ја навлажниш со вода стави регенератор на целата коса, исплакни ја па користи шампон.

    Пробајте навистина вреди иако е многу густо. Ставете регенератор пред да ја измиете со шампон. Јас така го вадам.

    Јас ова го користам за после миење. Неколку капки на влажна коса. Од ДМ го купив околу 100 и нешто денари. Исто така убав мирис има.
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена од модератор: 9 октомври 2021
    На Aschenputtel и Gi.ir.ll192 им се допаѓа ова.
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.534
    Допаѓања:
    106.116
    Пол:
    Женски
    Зависи кое масло , не може секое да се нанесува на скалпот.
    Јас го користев ова на Др.Конопка , пред миење , го нанесував на скалпот и по должината на косата и ја држев косата завиткана во пешкир околу еден саат , па се миев. Лесно се измива, косата ми беше многу сјајна од него. Наменето е за слаба, фарбана коса.Еднаш во неделата овој третман си го правев :)

    [​IMG]
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.505
    Допаѓања:
    201.487
    Пол:
    Женски
    Не ставам масла на скалпот, оти не можам да го измијам после, не користам агресивни шампони со голема измивачка мож, ниту пак користам регенератор, оти од него ми паѓа косата.
    Имав одличен ефект со рицинусово, кокосово и чичково масло по должината на косата, и без тоа ми расне, против опаѓање не користам масла, има други начини. А маслата ги користам за сјај и убав изглед на косата, за да ми се расчешлува полесно.
    Секое масло се нанесува на благо навлажнета коса, се витка косата со крпа и по можност се загрева, така ефектот на маслото е поголем.
     
  4. emms

    emms Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2021
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Лично не препорачувам нанесување на масло на влажна коса пред миење. Маслото ја одбива водата. Ако нанесете масло на влажна коса, водата ќе ја одбие и нема да дозволи длабока пенетрација. Ова ќе го направи неефикасно. Водата формира слој на косата што не дозволува маслото да помине низ неа. Нанесување масло на влажна коса/делумно исушена (50%) препорачувам по миење на косата.
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.505
    Допаѓања:
    201.487
    Пол:
    Женски
    Масла не ставам после миење.
    Масло пред миење се става на благо навлажнета коса, не на целосно влажна.
    Може да ти потврди некој што повеќе се разбира од мене, @Biodevojka. Кога почнав маслата да ги ставам на благо навлажнета коса пред миење, имам подобар ефект од тоа отколку да го ставам на сува коса. И обавезно ја виткам со крпа и ја загревам со фен. Преубава е после миење.
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Дали некоја користела чичково масло за коса?Дали и помага?И дали ја мрси бидјеќи мојава е склона кон мрсење да не ми се уништи уште толку
     
  7. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Давам потврда дека маслата се нанесуваат на благо навлажнета коса како третман пред миење (се става ќеса, витка пешкит и јрастко се загрева со фњн за да се стопли маслото). Доколку сакате да ги нанесете како третман за заштита од фен или за нега на влакното, може и на влажна коса (после миење мала количина (две три капки) на врвовите и по должината на косата пред сушење, или на веќе сува коса (исто така две три капки) како стајлинг за да нема електрицитет и косата да биде посјајна. Изборот на маслото зависи од типот на косата и ефектот кој сакате да го добиете (ова особено важи доколку се користат како стајлин на веќе измиеба коса). Поздрав.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.512
    Допаѓања:
    10.573
    Пол:
    Женски
    Дали арганово масло може да се користи на измиена сува коса? И дали дополнително ја мрси?
    Косата од пола надолу ми е сува, не ми е оштетена ама е сува, сакав да пробам со некои капки ама ми текна дека имам читано дека и не се така добри за косата.
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.923
    Допаѓања:
    81.208
    Пол:
    Женски
    Јас ставам масло по миење, додека косата е сè уште мокра. Најчесто кокосово, само на врвовите од косата.

    Не се мрси косата дополнително ако ставиш мала количина и убаво ја втриеш во врвовите. Ептен ми се свиѓа ефектот, па одамна престанав да купувам серуми. Краевите на косата делуваат хидрирано, не се суви и разлетани и немам испукани врвови.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.512
    Допаѓања:
    10.573
    Пол:
    Женски
    Кокосово органско постојано имам дома ама ете не ми текнало вакво да пробам после миење.
    Секогаш го ставав пред да мијам коса и така ја чував некој саат.
    Баш ќе го пробам ефектот на косата вака.
     
  11. Maraya✓

    Maraya✓ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2021
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    68
    Дали е добро ова масло за коса од авокадо..и дали би можела да ги комбинирам овие три производи заедно како третман пред миење ? @Biodevojka untitled-design-15-600x600.png bioavocadooilboteycaja-1024x1024-600x600.jpg untitled-design-12-600x600.png
     
  12. Matea^_^

    Matea^_^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Дали се добри маслата за коса во стокомак?
     
  13. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга маслото е добро (едно од ретките производи на ревокс кое е добро според мене) и секако може да ги комбинираш трите заедно, само путерот треба да го стопиш со цел да го помешаш со маслата. Поздрав.
     
    На Maraya✓ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.512
    Допаѓања:
    10.573
    Пол:
    Женски
    Шеа путер многу тешко се размачкува, јас би те советувала за лице да си го користиш, ниту станува течно како кокосовото масло на повисока темп. Тешко би било за нанесување на коса. Иначе за кожата посебно ова што го имаш постирано е предобро нешто.

    Какви има во Стокомак? Ако не се органски не земај само џабе парите ќе фрлаш нема ефект.
    Знам на времето имаше масла по 50 ден во мали шишенца ако мислиш на такви масла, освен косата што пага како луда друг ефект нема.
     
    Последна измена од модератор: 14 ноември 2021
    На Maraya✓ и Matea^_^ им се допаѓа ова.
  15. Matea^_^

    Matea^_^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Да на тие малите мислев
    Фала
     
  16. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    3.265
    Девојки, имам сува коса. Што би препорачале?
    Да доловам колку сува, кокосово масло, арганово, капки за коса каде и да ги ставам и на скалп и на врвови одма ги апсорбира (и тоа можам и по неколку пати да ставам на миено). А сува е пука од што е сува. Пробав со хидрантни маски од ДМ од арган и алое ништо не помага. Не сум фарбана.
     
  17. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.372
    Допаѓања:
    11.992
    Пол:
    Женски
    Исто и мене ми е сува косата, а не користам фен, пегла многу ретко 2,3 пати во месецот. Би ти препорачала јас што користам и уште силиконски капки, се е од дм lg_602a4637a6084.jpg dry-hair-shampoo.png
     
    На simoncelicius и Ljubova им се допаѓа ова.
  18. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    3.265
    Фала ќе пробам :hug:

    Јас ја сушам со фен страдам од синуси. Тоа плус му ја суши...
     
  19. teressa

    teressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2016
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, дали знаете каде може онлајн да се нарача ова масло бидејќи во Мк го нема? Кој сајт врши достава до Мк?
     

    Прикачени фајлови:

  20. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.379
    Пол:
    Женски
    Барам низ темава некое масло што би било корисно и за мене, само што незнам кое би ни одговарало најмногу. При крај ми се тие што ги користам од Авон. Сакам друго масло да користам, да ми кажете само кое го препорачувате на коса како мојата? На фарбана, бујна коса со цврсто влакно, нормална коса без некој специфичен проблем, за секаков тип на коса, масло кое би ја обновувала и регенерирала косата и да даде свежина.