Здраво на сите , би сакала да ми препорачате некое масло или некои силиконски капки за коса ? Сакав да си земам арганово масло но беше многу скапо. Па би сакала нешто поефтино.
Девојки кое е поубаво. На Лореал или Пантене? Ова второто не можам да го најдам никаде,а од Лореал има и од кокос. Може и да ми препорачате некој спреј за коса,да не ми ја гори при сушење. Само да не е на Балеа.
Јас го имам првото, баш ми ја прави убава и сјајна косата, без да ја мрси. Е сега колку штити/негува не знам баш.
@buba4e, гледај да е наведено на маслото дека заштитува од топлина. Јас масло ставам по сушењето на косата со фен, а пред да ја сушам користам др. Средство за заштита во вид на крема
За сува и оштетена. Ако ти е за пред фенирање ти го препорачувам. Има и убав мирис и лесно се расчешлува!
Во ДМ е околу 900 и нешто денари, кај мене овде во Грција околу 7-8 евра сум го гледала. Сигурно и кај тебе во Малта е нешто поевтино. Само поради негативни коментари по нашиве форуми го немам купено до сега
ИТНО Дали смеам да ставам чичково масло на врвовите?И ако да, кога? Пред бањање или со кондиционерот заедно? Да не биде зејтин после
Колку е паметно да ставам чичково (пишува 30-60 мин пред бањање) ама да вежбам со нег на глава? Да не стане косава маслац.Мислев да заштедам на време ) не можам да седам испотена, или прво тело па коса да мијам, да си го ставам на глава, таман саат време вежбам, и после директ на бањање?