Можеш да вежбаш, само не знам колку ти е паметно само чичково да ставаш ептен е лепливо, освен ако си ставала до сега и не ти смета.
Завчера ставив прв пат.Океј ми беше.Али само 20мин го држев не можев повеќе.Само ептен да не ми стане гнасна.Дека се потам ептен кога вежбам
ризик јак мила душа стај си тогаш трака за коса и да се напраиш утоп барем нема да ти се растече насекаде според мене де
Да ми препорачате какво масло да земам? За фарбана оштетена коса која многу се плетка и се кине исто така и ми опаѓа
Јас на врвовите ставав пред бањање, а кога имав повеќе време и на врвовите и на скаплот пред бањање 30-40 минути, потоа добро ја плакнев и ми беше убава и мека косата. Имам коса што брзо се мрси, не би се осмелила такво масло после бањање да ставам. Кај мене овој метод беше океј, може да го пробаш, ако ти се свиѓа..
Јас ставам на скалпот често и ми стои 2-3 часа и ја мијам ама имам чувство дека ми ја мрси косата додатно а баш е убаво за раст на косата. И некако многу е густо, со што го нанесуваш на скалпот?
Со раце ставав и го масирав скалпот така, после добро ги миев по 2-3 пати. Исто и косата 3 пати ја премивав кога ставав од маслото. Ама не ставав постојано, на корен преку 2-3 недели, на врвовите 1 неделно. Не користам сега, пред 2-3 години, за раст на коса и јас го користев. Немам време сега многу за толку да ја чекам косата, па купечки готови маски си користам повеќе.
Јас па го нанесував само на скалпот и го оставав добри 5+ часа, на пример ќе го нанесев сабајле и ќе се измиев вечерта. Нормално се миев како и секогаш со шампон, без многу премивање, никогаш не ми ја измрсило косата. И јас мислев дека ќе ми ја мрси бидејќи е тешко густо масло, ама баш напротив. Можеш да го загрееш малце, така станува потечно.
На влажна коса го нанесваш и се остава колку време сакаш, али според мене не помалку од час, после миеш со шампон, само избегнувај да ставаш на корените, на ладно е цврсто треба да го стопиш на температура
Јас го ставам на сува коса пред миење и го оставам да стои 2-3 часа, колку повеќе толку подобро. Јас ставам еднаш неделно.
Негде читав дека не се нанесвало на сува, туку на влажна коса @Biodevojka можи да ни кажиш ти повеќе се разбираш
Јас пред секое миење ставам, на цела коса од теме до врвови и го оставам 30мин, немам проблем никаков
Од искуство кажувам. Кога ќе ставам на мокра ко да не сум стаила ништо после кога ќе ја измијам и исушам