Не мокра. Благо навлажнета. Кај мене поголем ефект има маслото кога го ставам на благо навлажнета коса, на сува кога го ставав, исто ко ништо да не сум ставила. Со мокар чешел ја влажнам, ставам масло, завиткувам во ќеса, па крпа и топлам со фен. Ефектот е wow.
Маслото го мачкам барем еден час пред миење. На благо навлажнета коса, од ушите надолу. Виткам со ќеса, топлам 5-10 минути, после виткам со крпа, пак топлам 10тина минути и после си бркам работа уште пола час најмалце. После тоа ја мијам класично. Мека е, не е наелектризирана (а имам таков проблем во зима) и лесно се обликува.
Здраво, Ве молам предложете од каде и какво рицинусово масло да купам за коса? И како се нанесува истото? Фалаа
И јас го имам истото на Галафарм како @Dream-Girl Многу е добро. Плус ти препорачувам да земеш и чичково
Јас ова го имам, многу е добро, и за трепки, и за веѓи и за коса. На малку навлажнета коса го ставам, ама само на врвовите. Повеќе ми е за трепките и веѓите.
Јас најчесто ставам на сува коса, ефектот кај мене е ист. Инаку често користам маслиново и кокосово, комбинирано со рицинусово, Некогаш ставам арганово на скалп и на врвови,те преку цела коса и не е многу мрсно. Некогаш само на корен ставам масло од чајно дрво, па преку цела коса ставам кокосово/маслиново/кантарионово. Исто кантарионово на скапл и преку целата коса. Лично за скалпот кантарионово и чајно најмногу ми одговараат, го чисти скалпот и потикнува раст чајно дрво а кантарионово ја прави мека и здрава. Маслиновото и кокосовото ми се тука некаде, даваат сјај, а сепак давам предност на маслиновото. Рицинусовото и аргановото и даваат волумен.Исто бадемово на галафарм сјај и волумен ама се сомневам колку е чисто. Навечер ги ставам најчесто и преспивам со нив. Косата не ми била поздрава и ми е доста долга.
А дали имате забележано промена на бојата од некои масла? Откако правам балајаж ми е страв да не ми ја сменат бојата
Дали може да се комбинираат повеќе масла? Сакам да ставам кокосово,рицинусово и чичково? Или мора по едно масло да се користи пред секое миење?
Дали знаете од каде можам да купам масло од рузмарин? Читам во последно време дека е многу добро против опаѓање на коса