Ја тие што ги купувам, колку се 100% не знам. Ама имаш во аптека околу 100ден, имаш во ДМ зависи некои се 150/200ден имаш и доста поскапи. Ама мене најубаво ми е тоа од аптека
Јас ова го имам користено, 100% е арганово масло го имав купувано од ДМ за околу 900 ден. Сега може да е поскапено. Друго имаш и на биокосмос 100% арганово масло
Дали некој го пробал ова за коса? Дали многу се познаваат светките на косата? Јас го имам пробано сувото магично уље и супер е, но ме интересира и за ова бидејќи е намалено
Имав исто масло со светки ама на Nuxe, на коса воопшто не се познаваа светките зошто и така по малку се става
Незнам, не сум проверила. На сајтот го има. https://tesoridimare.mk/proizvod/olival-kristalno-suvo-maslo-2/
Па цело шишенце го потрошив и сега еве не ставам повеќе, а и тогаш кога го користев не ставав на секое миење може, преку 2-3 миења ставав.
Јас го користам моментално ова масло кое премногу ми се допаѓа. Фантастично е за оштетена коса. Го нанесувам на благо навлажнета коса и држам околу 30-40 минути.
Женски, имам виткана коса којашто после фарбањето почна да ми ги губи локните и никако не можам повторно да си го вратам сјајот. Кои масла ги користите за малку оштетена фарбана коса, и од кои сте задоволни да ми кажете? И од каде ги купувате секако. Тенкс
Девојки, на оливал маслото од рициниус кај го има, а да не мора да се нарача онлајн? Рузмарин, од аптека ќе земам, ама тоа од оливал го потрошив и сега во ниеден дм не можам да го најдам, таму го купував...
Јас секогаш од маслата ставам и на врвови и на корените. Ми се покажало како најдобро ова. Пробај и види дали и тебе ќе ти одговара така или не, самата коса ќе ти каже што и одговара.
На корените само. Прво малку ги натопувам влага да има за подобро упивање.после може мрсните раце да ги избришам од должината на косата.
Кокосово масло, пред миење цела коса ја помини со масло, да отстои минимум час, само од она што е органското во тегличка, го има во ДМ, Зегин и маркети.