Од Лореал маслото ми се покажало најдобро. И не ја масти косата. Ама сега му ја качија цената на 600 и нешто. Но вреди бидејќи е 100мл. Од Авон дефинитивно се предобри маслата. Помала количина 30мл за некои 200/220 ден. Но брзо се трошат. И ќе ти дојде исто во цена како тоа од Лореал. Ама многууу ми помагаат. Имам едно друго масло од Авон земено. Исто е 100мл за 250ден ама е доста помрсно и треба малку да ставаш. Ама според цена најисплатливо е. Сум користела од Афродита и ми беше многу тешко. Од Балеа не чинат за ништо. Е сега не сум купила од поскапите од Керастас/Олаплекс. За нив не би можела да зборам. Ама и дрогерискиве вршат работа ако редовно ја шишаш косата Спојлер: Масла
600+? Малку ја претерале. И онака беше доста скапо. Од тие што ги имам пробано и мене ова најдобро ми се покажало и имам искористено повеќе шишенца. Го имам пробано и она со црвената пумпа (anti-frizz) и не се ни сеќавам дали воопшто беше масло или само серум против разлетана коса ама дефинитивно не е како ова. Всушност повеќето масла што ги имам пробано ги прават по принципот на она со црвена пумпа и знам дека уште на прво нанесување се разочарав.
Женски, совет за масло за коса за хидратација на суви и испукани врвови за секојдневна употреба. Да не ја мрси косата, да има пристојна цена
Користам на Био Космос еднаш неделно масло од јојоба, а понекогаш иако не често користам кокосово масло.
Дали бадемовото масло на фитофарм/галафарм може да се користи за суви врвови за секојдневна употреба?
Може слободно ама внмавај со количната да не ја измастиш косата, Јас имам тенко влакно бадемот многу ми ја масти косата, момнтално го користам ова има многу лесна структура и не ја масти косата.
Кажете некое за шатирана коса, ама мрсен корен иам. На коренот никако. Нешо шо ќе ми ја напраи здрава, да не личи сува и да не се лепи. Иам општо влакно шо се тутка. Дајте предлог.