А ова другото десно која намена ја има? Ова на Kerastase која му е цената, и за каква коса е? Каде можам да го најдам во мк?
Тоа од alfaparf milano е крема за заштита од топлина се нанесува на влажна коса пред сушење. А Керастас е масло како тоа на Балеа, иста им е намената. За сите типови на коса е , јас во Грција го имам купено 32 евра. Во Мк го има во Еликсир парфимеријата и онлајн, ама не знам цена
Препорачајте ми некое масло ама природно да биде, да ми ја живне косава. Зедов од ревуеле и кога читам на апликација таму некоја состојка со црвено обележана опасна по ендокриниот систем, ае си велам па што потреба такви да ставате А другото е сѐ ок горе-долу.
Природно се знае. Рицинусово, кокосово, бадемово итн. Тие останатите шо ги продаваат попознатите брендови секако дека се мешани природно со нешто шо е вештачко ко пример силикон. Еве вака за мене ќе ти кажам, најбоље до сеа ми било рицинусово за живнување и на краеви, и на должина и на теме против опаѓање. Али ти треба да пробаш неколку и да видиш кое е најдобро за твојата коса. Мои препораки ти се: јојоба, бадемово, кокосово, маслиново, рицинусово, арганово, масло од авокадо и имаш уште еден куп други. Сум ги пробала овие сите ок ми биле шо ги набројав, али ко шо кажав нишо не ми мења рицинусово. И ако ти е расцветана, само ножица на врвовите. Друго ништо не помага, па ако сакаш и злато стај.
Ако ја користиш по должина на косата, не би требало да имаш проблем. Косата ќе ја упие во најголем дел, освен тоа што мора да ја нанесеш со раце ама ако не ти се фрла можеш и со ракавици. За препораки, ЧНМ веќе има пишано добри опции. Уште ќе додадам и чичково масло.
Вакво има во ДМ и преубава ја прави косата. Малечка амбалажа, не е прескапо. Е за состојките изгуглај.
Јас го користев ова. Топ е. Но далеку е од природно. Ставаат природни масла, но и еден куп други состојки. А и соленка е цената, за толку малку. Добро е, али има и подобри
Zdravoo najdov recept za hair oiling od indika edna i vo receptot koristi palm kernel oil so ustvari e palmino maslo ama od semkata na palmata valjda. Dali znaete slucajno kaj nas dali se prodava takvo nesto??
Освен од семка од кајсија не сум видела такво кај нас. Види во ДМ ама и таму последно ги разгледував маслата не сретнав такво. Стави некоја друга замена.
Да провериш во Биокосмос во центар, јас од кај нив порано купував масло од јојоба, и како што се сеќавам имаа разноразни масла.
Мене па многу ми помогна за косата, можеби затоа што не ми е фарбана... Нанесувам капка две на дланките и после убаво ја расчешлувам косата со рацете, од под уши до врвовите, се додека има од маслото на рацете. На крај ја поминувам неколку пати со многу ситен чешел за да се разнесе на цела коса. Еден месец ставам, еден месец пауза. Ова го правам со години. И едно шишенце долго ми трае, што за мене е најважно пошто и онака е скапо. Можеш да пробаш и со маслото на Олаплекс или на Керастас.