Јас сега почнав да го користам овој серум има 1 недела,рано е за резултати,но се надевам ќе има позитовни
Здравп женски сакам да почнам да ставам масла на косата па же интересираше кои масла се добри за раст на коса ама да не ја менуваат бпјаѕа на косата?
Кокосово масло од тегла, за полесно расчешлување и сјај. За раст само рицинусово, тоа знае да затемне малку (ама не драстично).
Покрај гореспоменатите масла, исто така одлично за раст (против опаѓање) на коса е масло од рузмарин, плус има убав мирис. Ако не можеш да најдеш (а има во аптеки) можеш да свариш гранчиња од рузмарин и водата да ја нанесуваш на скалпот.
Колку долго може да стои вака водата. Баш сега имам во дворот рузмарин кај мајка ми па да искористам додека не почне да се суши. Ако стои подолго да си ставам во повеќе шишенца.
Во фрижидер не би ја оставала повеќе од недела дена. Јас најчесто правам помали количини за 2-3 миења.