Decki imam dolga kosa vekje 5 godini, dosta dolga i neguvana .... Imav problem so osteteni vrvovi, ja sisav redovno kosata po santim ali mi se istencuvaa za pola mesec. Stavav sekakvi masla, maski, pravev samponi so apcinja demek za pobrz rast ... i veruvav vo toa, isto cesto citav po forumi za pravenje na prirodni maski i sto ti ne imam stavano na kosava, jajca, med, ocet, mleko .... Pred 3-4 meseci se odkazav ... i prestanav da ja maltretiram kosata ... Ja mijam samo so Shauma ednash i ja susam bez da ja ceslam ... Veruvale ili ne nemam niedno osteteno vlakno, sjajna mi e i mi se preliva ... Taka da svativ deka sekoja hemikalija dopolnitelno ja unistuva kosata. pozzz
Ставам во делот што е од ушите па надоле, така убаво да има, а нагоре само проаѓам со рацете еднаш-двапати со тоа што ми останало на рацете намачкано
Зависи каков тип на коса имаш,кај некој помага да користи сапум,кај некој маска,кај некој регенератор,кај некој домашна маска и сл. Јас денес си ја измив косата со јајце за првпат ставив,и првутот ми го снема,ама кај сите ефектот не реагира така што треба да испробате се и ќе сватите што прифаќа вашата коса.
Ким, можеш слободно да ставаш и на корените, ама ете, не мора да биде толку често. Еднаш на две недели мачкај ја буквално цела коса и ќе забележиш колку поубава и посјајна ќе ти биде косата. а врвовите се дефинитвно помеки и полесно се обликува косата.
Ги мешаш и ги ставаш заедно двете или па наизменично? јас го земав чичковото ама на бонес, и не ми делува како масло бе, премногу е течно и не мириса баш на масло, ставив еднаш и ете го така стои
на коренот до ушите ставам чичково и надоле бадемово на врвовите и со останатото од рацете пак цела коса си ја поминувам да си се измеша а иначе ја ставам од галафарм од бонес не сум ставала овие од галфарм се мрсни таман а немаат посебен мирис ама се топ
Јас имам користено кокосово масло ,ама само поради мирисот.Имав кратка коса тоа време и не сакав да ставам пени и гелови ,па си ставам масло и ми застануваше крената.
Мене ми е страв да не почне многу да ми се мрси косава после тоа. Ај препорачајте,кое масло да почнам да го користам и дали да ставам и на коренот?!
Можеш да пробаш со маслата на Галафарм или Гитогарм, јас користам бадемово, можеш кокосово, рицинусово... Нанеси од ушите надоле и потоа со тоа што ќе ти остане на рацете помини кај коренот
А јас пак би ти рекла обратно - почни од коренот па надоле.Ако сакаш густа и цврста коса и побрз раст ,пробај го рицинусовото масло,а добри се и чичковото и ореовото.
Јас почнав да ставам маслиново масло на врвовите еден час при миење на косата и косата ми е одма помека, мада скапо е маслиновото масло и поубаво е кога се јаде, али добро ми е и за косата
веројатно милси на она за јадејне,инаку и јас ставав пред 2 години од маслиновото за јадејне и супер ми беше мека косата.
Од тоа за јадење да, пошо убаво пишав дека е поубаво кога се јаде, фала Богу дека нема да јадам маслиново масло што е за коса