1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Масло од канабис

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од Gosh, 14 јуни 2016.

  1. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Ми личи како обид за зазработување пари од очајни луѓе што би пробале се.
     
    На 1209, Dust, referentka и 8 други им се допаѓа ова.
  2. acezmija

    acezmija Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2016
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Машки
    skapo e i ne lekovito...g132 od ajkula se ko ke pocnat ceni visoki sega po 500 den gi davat ,..
     
    На Giulia му/ѝ се допаѓа ова.
  3. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    2.615
    Пол:
    Женски
    Џој, се надевам дека не си по професија медицинско лице, во спротивно навистина не е етички од твоја страна да коментираш нешто за кое не си сигурна.Сите коментари што ги прочитав почнуваат со "Според мене..", тоа е само ваше гледиште, ме интересира дали некој може од медицински аспект да објасни зошто смета дека маслото не би имало дејство? Затоа Џој, би те замолила да ни објасниш на сите зошто го заземаш тој негативен став, ама поткрепено со факти, не твои претпоставки :)
     
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.585
    Пол:
    Женски
    За да може да биде учинковит или лековит канабисот треба да биде
    со thc преку 80-90%.Ова што реплек нам ни го нуди е со смешни 5 %.
    Кога ке се пушти во употреба такво масло ке се обучат претходно и лекари кои ке можаат соодветно да им го дозираат на пациентите.
    Некаде скоро прочитав на фб:пиел по 3 лаж канабис(болен од рак).wtf?
    Со 3 лаж вистински канабис на ден знаеш што би било?

    Јас имам вистински канабис ,ти купи од реплек .Ке ти пратам од мојот .Пробај и направи споредба со само една капка на парче банана.(пример).И се ке ти стане јасно.

    Мајка ми за жал не стигна да го проба.Ова го пишувам за да не скокнете одма да ме нападнете дека препродавам јас.
    Го зедов за неа(од рак боледуваше).Пред тоа доста читав за видови канабис,начин на кој се прави,дејство итн.
     
    На *Amethyst*, Prijatelot, kravce и 10 други им се допаѓа ова.
  5. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    2.615
    Пол:
    Женски
    Во ред, го разбирам твоето гледиште, но сакам да го објаснам од медицински аспект дејството на канабисот кој е пуштен во продажба, бидејќи неосновано се зазема негативен став.
    Се работи за граничен производ, кој се продава слободно, без рецепт и e со мала (законски дозволена) количина на ТХЦ, но содржи точно позната, декларирана количина ЦБД a и многу други пропатни супстанци што ги има маслото од канабис и се исто така здрави, kako: razni витамини, омега три масни киселини, теспени, флавоноиди и слично. Маслото е добиено со ладна екстрација со гас, со co2, без загревање, со цел ништо да не биде уништено. На црниот пазар постојат многу масла кои се со висока цена и истите се загревани за да thca премине во thc. Истите, можно е да содржат нафта, бензин, катран и слично, како што досега многу пати било најдено при проверка на истите. Воедно, првата серија која е извадена е повеќе за превентива за здрави луѓе, но може и да се користи кај болни луѓе како додаток на терапија. Уште на самиот почеток најавија дека ќе има производи кои ќе бидат со многу повеќе thc i cbd, во точно дредена и позната количина, кои ќе се продаваат на рецепт и ќе бидат наменети исклучиво за болни лица и за нивна терапија.
    Исто така, многу често знае да биде споредувано со масло од семе од канабис кое се продава во продавници за здрава храна, кое се продава во странство и на интернет и за многу пониски цени, но не се работи за истиот производ и го нема истиот ефект. Тоа масло се вика hempeed oil и се добива со цедење на семки од марихуана и се користи во исхрана исто како сончогледово, ленено и соино масло. Нема никаква поврзанoст со маслото кое се добива од herba i цветови од марихуана.
    Истово беше објаснувано од стручни лица по сите телевизии деновиве. На форумов има луѓе на кои им е потребна помош и можеби ќе имаат позитивни ефекти од употреба на маслото. Токму заради нив го пишувам овој пост, нема потреба од избрзани реакции, сепак сметам дека е потребно прво да се информираме, па потоа да носиме заклучоци.
     
    На jagoda777 и Iva 94 им се допаѓа ова.
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.585
    Пол:
    Женски
    Според тебе маслото пуштено во продажба мислиш ке има некаков ефект во лекувањето?
    Јас мислам НЕ

    А тоа е целта нели?Никој од арно не би го купил?
     
    На Giulia, stetoskop и danichap им се допаѓа ова.
  7. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    2.615
    Пол:
    Женски
    Да, нормално дека ќе има. Нема поента да се дискутира на форум, искуствата на лицата кои ќе го конзумираат ќе си го каже своето. Конзумирање на испитано, прочистено масло од марихуана може да има само позитивен ефект на организмот. Која е поентата да тврдиш дека нема да има ефект, кога и самата не си сигурна во тоа, не знам. Секој со познавање на фармација ќе го разбере мојот пост и може да го потврди истото :)
    Да се надополнам, маслото можат да го пијат и оние кои имаат генетска предиспозиција да заболат од одредена болест и во тој случај не е потребен thc, туку само cbd. Поради тоа, маслото е наменето и за здрави луѓе како превенција од одредени заболувања.
     
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.585
    Пол:
    Женски
    Да ,уште да се лечеше канцер со витамини,омега 3 и флавоноиди и сите ке живееја среќно.
    И неможеш да тврдиш тогаш дека е успешно кога и самата не си пробала.
    Се читаме за 2-3 месеци на форум пак на истата тема кога ке почне вистинско масло да се продава ;)
    Поздрав
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  9. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    2.615
    Пол:
    Женски
    Тоа ли ти беше целта на разговорот :) Барем те натерав да си ја кажеш поентата. Се читаме многу побрзо кога ќе дојдат првите позитивни искуства :)
     
  10. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Може малку off, но би те замолил ако не ти е тешко да објасниш зашто баш Ге 132, и од кој производител ти би го препорачал? Фала
     
  11. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.585
    Пол:
    Женски
    Поентата ми беше да не се лажат лугето да фрлаат пари на лаги.
    Имав близок од рак(најблизок) и јас ги разбирам останатите фамилии кои се фаќаат за секој лек за кој што ке слушнат дека помага.Прочита погоре?
    Народот навалил да купува.Ете за тоа зборувам цело време.

    Ти да не си дел од преварантската компанија на Реплек?Друго објаснување немам за твојата одбрана кон нешто со кое немаш и ТИ искуство.

    Можеш до утре да убедуваш.Ке убедиш само некој лаик или очаен.Мојот очај заврши пред месец дена.
     
    На 1209, stetoskop, Normina и 3 други им се допаѓа ова.
  12. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    2.615
    Пол:
    Женски
    Извини, јас дадов медициско гледиште, така да моето објаснување е наменето за едуцирани луѓе. И не, не се очајни оние кои имаат здравствени проблеми, изразот ти е погрешен. Мојата совест е чиста, само сакав реално да ги претставам работите, да не се шират лаги и невистини, со цел луѓето кои стварно имаат потреба да го знаат својот избор. Здравјето на луѓето не е играчка, а ти се дрзнуваш однапред да тврдиш дека нема да има ефект и покрај тоа што не си сигурна во истото, а колку што можам да проценам, ниту медицински образована. Мојата цел е да го пренесам моето знаење од оваа област, па луѓето сами ќе си одлучат, не убедувам никој во ништо. Напротив, ти си таа која тврди дека нема да има ефект. Според сето ова, кој изгледа дека штити задни интереси?
     
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.998
    Допаѓања:
    279.371
    Настапуваш крајно потценувачки во дискусијата и користиш сосема погрешен пристап доколку сакаш на нас неедуцираните да ни го пренесеш сопственото знаење.
     
    На 1209, stetoskop, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.585
    Пол:
    Женски
    Те навреди дека погодив каде работиш?
    Ако болеН од рак не е очаен тогаш кој?Ти?

    И од кога оние кои не се согласуваат со тебе се необразовани?
    Ти се сметаш за достојна да го објаснуваш канабисот?
    Па ти упатството овде си го препишала.Дај образложение од лично истражувањ
     
    Последна измена: 19 јуни 2016
    На stetoskop и okcenzi им се допаѓа ова.
  15. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    2.615
    Пол:
    Женски
    Браво, ми ги испреврте зборовите како што ти одговара :) Ти одговорив така бидејќи ти си таа која прва ме навреди. Па и лично ме нападна, со надеж дека си погодила во која компанија работам. Еве да ти ја задоволам љубопитноста, не, дефинитивно не сум вработена во Реплек, но едноставно ми е преку глава да се плука и да се негира се што е произведено кај нас, посебно кога се работи за квалитетни производи. Ќе застанам во одбрана на сите масла кои ќе бидат проверени и контролирани, без разлика од која фармацевтска куќа ќе бидат произведени. Да и одговорам воедно и на @danichap , да настапував потценувачки, немаше да го пишам образложението на почетокот, со искрена намера да им помогнам на оние кои имаат потреба од тоа. Сепак, ќе се одјавам од дискусијата, целта ми беше да прочитаат оние кои имаат потреба да знаат во што е предноста на вака произведените и контролирани масла и за што можат да се користат.
     
  16. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Според мене ( поим неам од медицина) штом овој лек може да го купат здрави луѓе, значи нема некој ефект во лечење кај болните од рак и тумори. Не е исто да купиш пример бедоксин и тромадол ( нели овие вториве се препишуваат од доктор). Исто и со маслово.
     
    Последна измена: 19 јуни 2016
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Абе чекајте малку..нели ова со малку % е пуштено во слободна продажба/ употреба а за другото масло со поголема концентрација рекоа дека допрва ќе се обучуваат докторите и тек после тоа ќе можат да го препишуваат? Демек строго контролирано ќе било..
    И гарант нема да е по овие цени, смешни се за квалитетно масло ..
     
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Маслото од канабис, она право односно далеку поконцентрирано од ова сега по аптеки што ќе се продава, знам луѓе од Албанија го купуваа, на црно мислам и тоа по доста високи цени. И мене ова на залажување ми личи.
     
    На stetoskop, joy1 и Dust им се допаѓа ова.
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.585
    Пол:
    Женски
    replek se zakanuvaat so likvidacija na filip dostovski bidejki im e strasna konkurencija.Normalno koga on ima prav kanabis a oni lazno gubre.
     
    На Honolulu, *Amethyst*, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  20. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.474
    Вчера го привеле, па го пуштиле. Луда држава, болен човек да апсиш, аир да не видите апаши лажливи:punch:
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.