Хемотерапијата ја забрзува болеста т.е го забрзува процесот. И сите кој користат масло од канабис,не примаат хемотерапија,затоа што хемотерапијата ги уништува сите здрави клетки во телото,а маслото ги обновува. Јас не кажувам од памет него ти кажувам од искуства на луѓе,секако дека немора да го практикува ова што јас го кажувам.
A зошто се дава хемотерапија? Прочитај ако треба, па врати се да објасниш. И како канабисот е замена за хемотерапија? Кај ти е студијата што докажува дека убива невидливи канцер клетки што можат да се активираат откако туморот е отстранет со операција? И прочитај убаво прашање пред да дадеш одговор што нема никаква врска со прашањето. Нешто што дефинитивно се знае: маслото е корисно за ублажување симптоми. Корисно е за пациенти што се борат со канцер, но никако не заменува хемотерапија. Кога е препорачана хемотерапија од страна на доктор и пациентот веќе ја прима, многу е погрешно да му советува еден член на форум тоа да се прекине и да се следи некоја негова препорака.
А на пример за хронична мигрена сметате дека е доволен процентот да ми ја ублажи болката? И доколку да каде можам да купам во секоја аптека има?
Хемотерапијата се дава за продолжување на животот на еден заболен,за одредено време. еве ти линк па прочитај малце повише,и да земи читај за канабисното масло,дека не смее да се меша со хемотерапија. https://www.motika.com.mk/intervju-...uva-najopasnata-bolest-na-deneshnicata-rakot/ Канабисот не е замена за хемотерапија,затоа што канабисот лекува,а хемотерапијата ги уништува сите клетки во организмот,наместо да ги лекува. Јас нит сум доктор нит сум медицинско лице,но доволно сум поминал низ мојот живот,и многу добро знам што е добро а што е лошо. Мојата мајка почина од рак,нејзината мајка почина од рак,дедоми почина од рак,и многу добро знам и добро што е и лошо за оваа болест.За жал кај сите мој што починаа од рак,беше веќе касно за секаков вид на медицина. Тетка ми фати рак пред 1 година,одеше на хемотерапија,и пропадна многу,ја прекина хемотерапијата,прима масло од канабис,и жената е како нова,нема веќе рак,да напоменам дека и операција правеше на местото,и сеуште прима масло од канабис,и е буквално како нова.Работи,чува внуци,функционира најнормално,и нема никакви проблеми повеќе. Јас дадов одоговор онаков каков што јас мислам дека е најсоодветен,секако дека немора да се прифати моето мислење,јас пробав да помогнам. А тебе ако не ти се допаѓа нешто во мојте постови и мислења,едноставно игнорирај ги и давај си твој совети. https://tocka.com.mk/vesti/169752/k...dejki-bi-ja-unistil-farmacevtskata-industrija https://sitel.com.mk/odbil-hemotera...iveal-i-doktorite-i-go-otkril-receptot-so-koj
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC4791148/ https://www.sciencedaily.com/releases/2017/06/170605085559.htm
Бидејќи се повеќе луѓе се разболуваат од нездравиот начин на исхрана, се бара природен начин на лечење, па така т.н медицина нема решение за луѓе кои оболуваат од најтешките болести, што се подразбира, бидејќи истите се бават со последиците и симптомите . а не причината. Оние кои ја ''промовираат'' медицината, односно фармациите , стојат позади овој '' совршен план'' да се инфилтрира во природна медицина што баш добро им иде, секој ден измислуваат некое ново средство кое "помага'', се со цел манипулација и поголем профит, повеќето наседнуваат пошто не се доволно информирани. Колку пари земаат промотерите на оваа билка??? Колку пари се даваат и на оние кои сведочат дека се излечиле од рак со помош на канабис, бидејќи ниеден независен институт нема потврдено дека THC го потткинува развојот на ќелиите, го јакнат имунитетот, ја подобрува функцијата на организмот воопшто, ниту пак дека го чисти организмот.
Здраво, мајка ми е болна од рак и сакаме да набавиме масло. Дали некој може да ми пренесе искуство со Моника Ристевска(на фб.Конопова), колку добро го изработува маслото?
Влези во ,,Зелена алтернатива"на фб ,таму ќе добиеш инфо за се Филип ,па тој другиот(незнам името не го помнам па Моника -ок е )
Веќе сум член на групата и навистина има доста информации, меѓутоа тешко е да дојдеш до Филип или до некој друг од ЗА, а мене ми треба побрзо маслото(може да се дојде до масло ако почнеш да истражуваш, но никој не ти гарантира квалитет а само губиме на време), и ме интересираше некој дали знае колку Моника навистина добро го изработува, со неа полесно се доаѓа во контакт. Во секој случај ти благодарам
Имам останато од мм,неколку кубика се у 2 или 3 шприца,само незнам кое беше индика кое сатива.Тоа или да носиш да испиташ или да пробаш сама. Ако си у зор -праќам
Па не ни треба баш тоа масло. Маслото во аптека содражи мн. Малце тхц, а за третирање на канцер ни треба висока концентрација на тхц. Што значи ни треба масло од црн пазар, што е за жал нелегално.
Многу ти благодарам, ние веќе набавивме ама некако се сомневам во квалитетот, ги нема тие сајд ефекти посебно никаква потреба за спиење. Го носевме да го испитаме ама уште нема резултати. Па затоа сакавме сами да направиме. А вие го користевте? и дали имаше позитивен ефект? И дали му правевте испитување за колку тхц содражи ?
Носев,испитував ,да ...чек да видам слики ако имам у моб како треба да изгледа на хартија кога ќе размачкаш Значи кога ќе размачкаш на хартија -подигни го листот кон светло-треба да има златна боја.Ова ти е само дека е чисто уљето ,а за јачина у лаб ќе носиш
Како да стапам во контакт со Филип или некој од Зелена Алтернатива? Сé уште не ме прифатиле во групата. Итно ми треба маслото. На мојот татко му открија рак на белите дробови кој метастазирал во мозокот и има зафатено многу... Сите креваат раце, му дадоа само терапија за да нема болки и креваат рамена за времето. Ги прашуваме докторите што смее и што не за исхрана, велат 'Дајте му на човекот сé што ќе си побара'... Не можам да се помирам и да седам со скрстени раце. Не можам да се помирам кога гледам дека има желба за живот, а болеста го јаде упорно. Не можам да се помирам дека нема да дочека да го види брат ми после 5 години, да види мое дипломирање и вработување, да дочека наши свадби и внучиња... Ве молам доколку имате некоја информација, препорака, предлог или што и да е пишете ми. Сé ќе пробаме. Ве молам!
dokolku seuste baraate pobarajte ja facebook stranicata - maslo od kanabis i bolni od kancer, veruvam ke vi pomognat
pobarajte ja na facebook stranicata - maslo od kanabis i bolni od kancer, obratete im se veruvam ke vi pomognat