Внимавав на исхрана 2 месеци и ми се спушти лдл на 5,4 а хдл скокна на 1,44 сега сака матичен да ми даде росвера од 10 незнам се плашам мислам дека сум млада некако се ми оди накај срце
Внимавав на исхрана 2 месеци и ми се спушти лдл на 5,4 а хдл скокна на 1,44 сега сака матичен да ми даде росвера од 10 незнам се плашам мислам дека сум млада некако се ми оди накај срце
Ке ја тагнам @Alishan30 прочитав дека е доктор , вака јас имам 26Години и мака мачам со холестеролот . Претходно (пред 2 месеци): • Вкупен холестерол: 6.30 • LDL: 5.95 • HDL: 1.04 • Триглицериди: 0.60 Сега само со здрава исхрана исфлени салами кашкавали сирење бел леб , пецива • Вкупен холестерол: 7.4 ↑ • LDL: 5.4 ↓ • HDL: 1.44 ↑ • Триглицериди: 1.24 ↑ Да почнувам со росфера од 10? Се плашам за срцето и дека сум млада или нема врска тоа има многу млади што се соочуваат со овај проблем ?
лекар ако ти препише росвера, може да пиеш. плус овие на природна база силимарин може да пиеш и освен тие намирници и благо да се исфрли од исхраната
Док, ми рече дека добриот и лошиот холестерол ми се израмнати и ми даде Hartikol - Хартикол. Рече дека е суплемент. Дали имате искуства?
На природна база е тоа, не е штетен. Ама најважно е да смениш некои лоши навики, како на пример јадење глупости (чипсови, смоки, грицки, благо, процесирана храна, нездрави масти), движи се повеќе, пешачи, трчај, спортувај.
Дали од росвера (5мг инаку пијам )имате нус појави? Кај мене не помага ништо најверојатно од стрес е и одлучив да се ставам на терапија Проверив и генетика , не е
Маж ми пие росвера, јас аторис. Немаме никакви нуспојави ни од едниот ни од другиот лек. И кај мене само со статини холестеролот ми беше добар. Секако продолжив да пазам на храна и спортување, едноставно мора и стилот на живот и лековите. Парцијалните решенија мене ми немаат ефект. Како провери генетика? Мислам кај мене татко ми има исти проблеми, брат ми, па можев да ги поврзам логички. Ама освен да одиш по елиминација на други дијагнози, како поинаку се проверува наследниот фактор?
Три параметри ми дадоа да проверам Незнам кој беше точно генетика -Аполипопротеин А -Аполипопротеин В -Л п (а) Јас кога и да почнувам со росвера имам мускулни болки, три пати тестирам и после 3,4 дена ми почнуваат Ќе и јавам на матичната да ми ги смени Доживотно ти рекоа да пиеш ? Јас затоа нејќев да почнам цело време одложував