Здраво, Дали некој од вас имал проблем со масно ткиво, и како го решил? Мене ми се појавуваат мали бели топчиња околу очите.Еднаш ги отстранив со стерилизирана игла,не беше болно меѓутоа пак се вратија.Ги има доволно за да се познаваат и кога ќе се нашминкам.Ми рекоа дека се правеле од мајонез и слични мрсни работи.Од кога ми кажаа престанав да јадам мајонез и еве има пола година и повеќе како немам ставено мајонез во уста а се прават повторно.Извесен период се појавуваат па се губат.Многу се здодевни,а еве доаѓа лето и би сакала да ги отстранам.Ве молам ако некој нешто знае нека ми каже бидејќи неможам да ги трпам повеќе. Барав слична тема, но не можев да најдам. Се извинувам ако сум се повторила.
Една другарка исто така имаше масно ткиво околу очите... и колку што знам - мајка и само и ги стискала, исто со игла бидејќи многу е јака кожата. И така неколку пати. Е сега тие сигурно се стискаат само кога се навистина зрели, внимателно со игла.. Пробај пак со стерилизираната игла.
И мене мајка ми така ми ги стисна.Малце ми беше језиво некој со игла да ми оди накај окото Ако не најдам друго чаре ќе ги истискам сите ќе претрпам. Фала многу Брајт
Нп сонце а иначе да мн е језиво со игла кај очите, ама не мисли на тоа, смири се и нека те прави човек од доверба Ќе ти поминат
Јас имам таков проблем, но не ми се кај очите туку кај вратот. Не знам како се лечат, се распрашував многу и ќе одам на козметичар или на дерматолог за да ми кажат како да се отарасам од нив, зошто одвратни се стварно :evil:
Здравје од понеделник треба да одам на алерготест кај Д-р Ежова.ќе се консултирам и со неа што како па ќе пишам.
Миење на подочниците со assoderm sydent сапун наутро и навечер ради регулација на лојните жлезди. Капки Dexamethasone Chloramphenicol 2x дневно.
Јас имам масно ткиво кај образот и последниве денови многу ме боли ми отече цела страна бев на доктор ми даде апчиња против инфекција да се смирри па подоцна ако може операција.....