Se nadevam lalezzz deka se ke pomine vo red. A najstrasno od se bese toa sto negovata ordinacija bese polna so pokloni. Doktorot bil strucnjak, no poznat po drskosta. Takvite kako nego gi narekuvam luge bez dusa. Nego mu e smaceno od tolku pacienti, no toa mu e rabota. Sto citav na internet zafatot trae mnogu kratko i mozno e istiot den da si doma. Sekade kade sto procitav istiot den si odis doma. A ovde kaj nas sto gi slusav dodeka cekav tie sto go pominale toa eden den te prima, drugiot den te operira, tretiot te pusta doma. Se nadevam deka se ke bide OK. Ke pisam
Prvo treba da mi izvrsi pregled, da gi vidi rezultatite od eho i biopsijata, pa posle da mi kaze deka treba da se napravi operativen zafat. Se pravi so lokalna anestezija i mislam deka vo istiot momen se proveruva tkivoto.
Нема потреба да се секираш, не се малку тие што се соочуваат со истото :] Пред 2 години (не се ни сеќавам како) ми се појави масно ткиво на коленото. Отидов на пункција и требаше и операција да ми прават, ама масното ткиво се повлече само од себе.
Масно ткиво аха .. Никогаш не се задоволувајте од едно мислење..Бидејќи имаш работа со клетки и тоа е многу комплицирана работа..Еве јас пример од масно ткиво до кој ред дојдов .. Имав оток на левата надколеница најгоре,и нормално ајде масно ткиво дома ке седам ке мачкам така ми кажаа локална болница ..Дал да плачам или да се смеам..Одам во Скопје неможев мирно да спијам со тоа..Закажав преглед снимки кај Дамјановски во Мегамед..Компјутерска томографија и магнетна резонанца..Таму бениген тумор и толку ми требаше уше ТУМОР коа чув..Викам бениген ти не ми кажувај од снимки, дај ваму и биопсија..Од биопсијата ептен ме разбркаа,ништо не е сигурно и не ми рекоа што испадна право ме пратија на патологија..Од таму овој вика на операција ќе одиш ќе ти го извадат и од тој материјал после ќе гледаме под микроскоп.Ајде биде и тоа .Овој па Радбомиосарком микроскопски ми извади.И готово јас скренав..Отидов чаре Бугарија ,таму овој коа ме виде бела ко сирење ми вика Меланом .И видов не видов отидов на хемотерапија и зрачење.Еве веќе помина една година со редовни контроли и фала богу се е добро.Али на доктори и на попови жими к**** никогаш нема да верувам.Што и да ви речат само напред,знам дека е тешко во тој момент така да размислувате но само така се ќе се среди .Поздрав
Bev na pregled. Mi zakazaa priem za vo ponedelnik, a operacijata ke bide nekoj den od vtornik do petok. Doktorot mi napravi pregled, go napipa grutceto, zlezdite po pazuvite, koskite na vratot, me prasa za edna bemka sto ja imam na polovinata dali ja menuva goleminata, dali imam redovna minstruacija i posle bese direkten. Ova mora da se izvadi, se razbira ako i jas go sakam toa. i posle mi ja kaza postapkata deka treba da se izvadi i da se prati na ispituvanje za da se utvrdi dali e kancerogeno ili ne. Spored nego najdobro e ispituvanjeto da se napravi dodeka sum pod anestezija, samo bilo problem deka e leten period pa da se sinhronizira ednoto so drugoto. Posle toa vika deka dokolku ne e kancerogeno se zavrsuva operacijata, a dokolku e kancerogeno se otsekuva del od dojkata i se cistat zlezdite. Mi dade eden spisok sto treba da donesam vo ponedelnik koga ke dojdam na priem. Mamografija, rengen na beli drobovi, kompletna krvna slika, bolnicki upat i toa. Koga bev na mamografija mi napravija i eho, doktorkata bese optimist. Vika rezultatite pokazuvaat deka ima promeni na kletkite na tkivoto megutoa ne mi izgleda deka e kancerogeno. Bese nekako zainteresirana. obicno rezultatite gi davaat istiot den a ona mi rece da si gi zemam naredniot den zatoa sto sakala podetalno da gi razgleda za da napise svoe mislenje. Duri mi rece posle operacijata da i se javam da i kazam kako se pominalo. Ne bese zadovolna od kolegata sto prethodno mi pravese eho na dojki i koj istio mi reca za 1 godina da dojdam na kontrola i koj me preprati vo svoja ambulanta za da mi napravi biopsija. Pa zdravje ke vi pisam po operacijata.
Decki bev i zavrsiv rabota. Se pomina OK. Izvadeno e tumurceto benigno e. [mod-kirilica:8ywjpvp2][/mod-kirilica:8ywjpvp2]
На главата имам повеке масни ткива, ги имам од мала, но сега еве во последно време едно од нив кое се наога на десниот ел од главата над увото почна да расте и боли на допир. Кога се чешлам боли, мислам дека и кожата од околу ме боли. Не сум била до сега на лекар за ова масно ткиво. Многу сум исплашена, немам време во моментов да одам на лекар, затоа пишувам на форумов, ако некој повеќе знае да ми одговори.
Вака, малку ќе застранам можеби од ѕемата но ми се виде така кај најсоодветна за мојот проблем...Под едната аксила имам болка, кога ќе допрам, како да има некое мало топче, мајка ми ми вели дека немам, но мене ми се чини дека имам....Користам еден ролон од Авон, т.е. пред неколку дена почнав да го користам. Користев брич, па потоа веднаш ставив и еве два дена ме боли на оа место...Порано ми се имаат јавувано големи такви тврди и црвени исто под пазува и ми проаѓаа...е сега ова не е изразено баш, ама ме боли.... Можно ли е да е од ролонот? Премногу сум загрижена, си мислам на најлошото.... Инаку треба да добијам, најверојатно утре, ми доцни малку, но знам дека ќе добијам поради болката во градите, а и време е Па дали е можно да е поврзано и со ова?
Мислам дека веќе ти одговорив еднаш ако не се лажам, но еве уште еднаш. Се работи за инфициран лимфен јазол(најверојатно), инфициран поради тоа што после свежо бричење, ти си нанела рол-он. Прво ролоните и дезедорансите(антиперспиранти/боди спреј-како и да е) содржат еден куп хемикалии и токсини кои не се баш како да ти кажам скин-френдли. Значи ти реков, недела-две не нанесувај ништо под пазувите освен бебешки производи(бекутан пудро/сапун/шампон) и т.н. и следен пат кога ќе се бричеш ќе користиш пена за бричење што е наменета за сензитивна(осетлива) кожа и гледај да биде скин-френдли. Значи не е тумор(бениген/малиген) ниту било што такво. Тоа е една обична инфицирана аксилијарна лимфна жлезда/јазол. Ако те боли можеш да отидеш на лекар, најверојатно антибиотици ќе ти дадат или пак ќе ти го одстранат тоа хируршки но ако му дадеш време и само ќе се повлече. Пак ќе ти кажам, ако си загрижена оди на лекар, со антибиотици ќе ти помине побрзо или пак ако имаш слаб имунитет, најдобро да отидеш на лекар за да не ризикуваш понатамошна инфекција. Ние неможеме да ти препишеме терапија ниту да ти дадеме валидна дијагноза.
Здраво почитувани Како и некои од вас и јас го имам истиот или сличниот проблем, ви се молам за помош! Јас подолго веме имам масно ткиво( така вели матичната лекарка а никогаш не сум го испитувала) па ми се има појавено отприлика пред 7-8 години беше мало колку орев но во целиот тој малку подолг периот сега веќе е поголемо и почна да се приметува и преку облека , но големи болки немам единствено кога повеќе работам, и се преморам имам тапи болки на допир и кога се потпирам на нешто потврдо бидејки се наога на грбот во пределот на градите ама сосем позади значи под плешката. Докторката моја матична ми вели штом не боли може да чека но доколку се решам да одам на хирург, но тоа ме е ужасно став, неможам да замислам за операција. Ви се молам за помош каде и како се тоа одвива тој зафат. Ви се молам за совет!
Здраво Феминики Сакам да споделам нешто со вас, во врска со масно ткиво околу окото, поточно од левата страна веднаш до почетокот на носот. Масното ткиво е мало не се забележува многу, но во последниве денови при допир осеќам мала болка.... Дали некој од вас има искуство со ваков тип на масно ткиво на вакво место,очекувам да ми пишете зошто почнува да ме фаќа страв, па пред да отидам на лекар сакав да видам дали некој има вакво искуство.
здраво,имам масно ткиво(мислам дека се две,едно од друга страна и друго од другата страна) на завршетокот на р'бетот,го имам повеќе време не знам од кога ме боли кога ќе легнам на тврдо или кога ќе го претиснам,ми тече понекогаш крв чист но некогаш и гној и ми излегувало чир повеќе пати тука,а никогаш не сум била на доктор.Дали некој имал ваков проблем?
Jас имав масно ткиво на раката и откако почна да ме боли зедов упат од каj матичниот лекар за во Градска болница (во Скопје). Таму прво отидов на преглед, а потоа ми закажаа хируршки зафат коj траеше 10тина минути. После некоjа недела ги извадиjа конците и толку. За тие што сакате да го отстраните масното ткиво, не се потресуваjте многу, ништо страшно не е тоа. Подобро е краток зафат и неколку дена потоа да го пазите местото, отколку да чувствувате болка секоj пат кога ќе го допрете тоа ткиво.
А се познава потоа нешто на местото каде што бил изведен зафатот? Јас имам нешто такво ама не сум сигурна дали станува збор за масно ткиво. Кога ќе ги поставам рацете на струк, кај клучната коска ми се појавува топче, буквално се искачува на коската и самото се лизга и паѓа. Не знам како да го објаснам, ама кога ќе пробам да го притиснам со прсти ми бега. Пробав со масажа да го разбијам ( читав некаде како треба да се постават прстите ) ама ме боли кога масирам.
И јас имам масно ткиво многу мало на главата напред што прво беше тврдо, и сега пукна и од него почна да тече гној како од мозолче. Не знам дали може само по себе да исчезне го немам никогаш чепкано само вака се иритираше.
Vaka vcera vecer primetiv pozadi desnoto uvo kako malo topce (ne e tamu kafe sto Se stava obetka) Tuku e Na sredinata pomegu vratot I uvoto pred Nekolku dena nemase nisto tuku Samo Na dopir osejkav deka kozata malku me boli a sega imam kako topce.... Sto bi mozelobda e masno Tkivo?
Coconaut,moze li da mi kazaes sto napravi so masnite tkiva (citam ovde deka e odamna), i jas go imam ovoj problem nekolku godini i ne sum bila na lekar.
Не паничете, значи не е ништо страшно. На мајка ми постојано и излаваат на главата, тие што растат и ги отстрануваат хирушки, другите сами од себе ги снемува. На мене ми се имаше појавено на подлактицата и едно зад увото и сами од себе ги снема, сега имам едно на пазувот и долго време стои, па ќе пробам со природни лекови, ако не ќе го вадам хирушки, бидејќи лето е и многу грдо стои кога ќе облечам фустан или маичка. Еве ви линк, а исто така имам слушнато дека домат со сол помагало, пред спиење со газа, додека не го снема. http://www.kafepauza.mk/zivot/kako-prirodno-da-go-otstranite-masnoto-tkivo/